На мечот од Бундеслигата меѓу Фортуна Дизелдорф и Нирнберг уште во 4' минута на самиот почеток од мечот, црвен картон доби гостинскиот фудбалер Матеус Переира.
Иако судијата не виде затоа што беше подалеку од него, Переира го удира намерно по незгодно место противничкиот фудбалер. На барање од ВАР собата, судијата Саша Стегеман му покажа директен црвен картон на Бразилецот.
Фортуна избега од опасната зона за испаѓање од која е оддалечена 12 бода.
„Црвениот картон за Переира е апсолутно исправна одлука. Во тој период од мечот емоциите уште не се зовриени, а ударот беше намерен“, изјавил експертот на Sky и поранешен судија Питер Гагелман.
Со играч помалку, Нирнберг на крај изгуби 2-1 остана последен на табелата со 13 бода на 23 натпревари. Нирнберг постигна негативен рекорд затоа што серијата без победа сега му се искачи на 17 натпревари (5 нерешени и 12 порази) со што со една нога веќе е во втората бундеслига.