Додека Ајакс го освојуваше просторот на Јувентус стадиум како никој сезонава, а потоа и резултатот, Барселона си поигруваше со англискиот гигант како со Леганес. Погледне го овој соло продор на Меси и играта еден на еден со Фил Џонс. Дечково не знае кај тера.
Матјас де Лихт е најбараниот млад фудбалер во моментов. За него најзагреана е Барселона, а и тој за неа според изјавите. Меѓусебниот „флерт“ кулминираше синоќа кога холандскиот репрезентативен стопер постигна гол вреден пласман во полуфинале на ЛШ, а Камп Ноу го прослави.
Фудбалерите на Ајакс сезонава го играат можеби најубавиот фудбал во Европа. Освен што се без пораз на гостувањата во Лига на шампиони цела сезона, туку и тоа го прават во голем стил.
Неверојатната генерација фудбалери на Ајакс откако си поигра со Реал Мадрид во 1/8 финале, вечерва во Торино нокаутираше уште еден голем фаворит за титулата во ЛШ. Барселона тренираше со Манчестер Јунајтед.
Барселона си поигра со Манчестер Јунајтед во реваншот од 1/4 финалето на Лига на шампиони, а Меси и Кутињо правеа чуда. Бразилецот даде гол за најавни шпици.
Мохамед Салах во неделата го торпедираше Челси со голчиште за конечни 2:0 во англиското дерби. Стивен Мекманаман и Јан Рајт имаа адекватна реакција за јакиот гол и останаа со отворени усти. Легендарниот ирски голман Шеј Гивен мува не го лазеше за голот. Уште некое домашно винце му фалеше.
Најдобриот играч на сите времиња според многумина, има астрономски договор со американскиот гигант за спортска опрема. Португалецот, како амбасадор на Најк треба да го чува своето тело и да не отсуствува од фудбалските терени повеќе од договорениот период.
Да ве праша некој од кој град е овој клуб со чудно име од четири големи букви појма нема да имате, само ќе знаете да одговорите дека го тепаа Јуве. Еј, Јуве го тепаа на кој му дадоа нелогичен коефициент 2. Не бе мамата си ја плакале ова жабариве.
Екстра талентот на Бенфика, Жоао Феликс кој збрца три комада во ЛЕ има само 19 години, возраст на која некои уште собираат топки зад гол. Но во таа улога се наоѓа неговиот помал брат Хуго со кој Жоао заедно викендов прослави гол и му го исполни срцето. Плус уште пола тим влета кај малиот. Многу убава сцена.
Во пресрет на вечерашниот реванш од четвртфиналето на ЛШ меѓу Јувентус и Ајакс (првиот меч заврши 1:1), ќе се потсетиме на еден момент од нивниот двомеч пред 12 години.
Емполи грчевито се бори за опстанок во Серија А, а во понеделникот вечер голманот Бартломеј Дронговски им донесе драгоцен бод против Аталанта (0:0) на гости. Тимот од Бергамо имаше 32 шута од кои дури 18 во рамки на голот на Емполи!
Секоја чест на сите карате потези на Златан, ама на ова ремек дело сигурно и тој би бил горд. Овде и самиот играч можеби по малку не е свесен каква чудесија од потег направи, а тој па што го чува е комедии. Појма нема каде е топката.
Арсенал синоќа освои многу важни 3 бода во битката за ЛШ и сега е четврт со ист број бодови, но подобра гол разлика од Челси. Победата ја остварија благодарение на несмасниот голман на Ватфорд. Ај бе бегај ја ќе бранам, знаеше да му рече шпицот на голманот за вакви грешки на игралиште во маало.
36 годишната гол машина на Сампдорија освен што се вклучува на терен и гази во италијанско на стари години (за напаѓач), освојува срца и на навивачи оддалечени илјадници километри од него.
Додека Елмас блескаше во големото турско дерби, Адеми стрелаше по паузата, а Нестогол го стигна Кавани, низата успешни настапи на македонски интернационални овој викенд ја продолжи и Тричко, но за него голот беше посебен.
Дечково се вика Хирам Боатенг. Игра во Ексетер (2 англиска дивизија или 4-та во хиерархијата). Во саботата неговиот тим со 2-0 го совлада Порт Вејл, а голот што го даде Хирам беше можеби најубав во сите европски лиги сезонава.
Уште од 2012-та година и епскиот гол на Серхио Агуеро против КПР во 95’ минута за титула на Манчестер Сити, сезоната во Премиер лигата не била вака енигматична. Како стојат работите, Ливерпул и Сити ќе се борат со последна секунда за вредниот трофеј.
На големото дерби во Бугарија, Левски изгуби дома од Лудогорец со 0-2, а стрелецот на вториот гол, Романецот Моци откако погоди од пенал застана да слави пред домашните навивачи и толку требаше. Влегоа во терен, прекин на мечот, а еден скокаше и врз тунелот кон соблекувалните.
Виетнамска фудбалска лига. Играат Хаи Пхонг - СХБ Да Нанг. Мечот завршил 1-1, а чудо е и како воопшто завршил ако се погледне какви погубни стартови имало.
Кога дојде од Хрватска, кога успеа да стане капитен, па уште и да влезе во историјата на сицилијанскиот клуб. На македонскиот голгетер му беа потребни само три сезони да влезе во друштво на најдобрите 10 стрелци на Палермо. Респект.
Норвешката прва лига ни го носи најчудесното и најсреќното расчистување од гол линија. Како успеа ова да го изведе фудбалеров веројатно ни сам не знае. Ова во некое финале да се случи, неколку инфаркти може да има во публика.
Марко Верати е метро и желба за растење, 165 см има, ама за ова не треба да имаш висина, туку мозок и умешност. Погледнете каков курназ излезе, двајца не можеа да му ја земат. Плус тука имаш и тегнење, држење за рака, ама џабе.
Во период кога веќе тешко е да се следат сите медиумски написи за тој колку пари нуди за македонскиот бисер и каде ќе ја продолжи кариерата, тој постигна гол во големото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши 1:1. Одлично се снајде во шеснаесетник 19 годишниот репрезентативец на Македонија.