Фудбал

Десет фудбалери кои завршиле во затвор

Случајот со руските фудбалери Кокорин и Мамаев не е прв случај фудбалери да завршат зад решетки. Во минатото имало играчи кои морале да одлежат затворска казна.

И голманот на Коморски острови се истакна јако

Трагикомичните, смешни и недозволиви интервенции за еден голман продолжуваат со чуварот на голот на островската земја од индинскиот океан, Коморски острови кои одигра 2:2 против Мароко.

Локо Софија до Хирошима

Од толку места на белиов свет, двајца неодговорни навивачи на бугарски Локо Софија решиле да го испишат името на клубот на еден од највредните меморијали во Јапонија, и светот воопшто. Избркани се од работа и ги чека судење.

„Клубот го бодрев за време на бомбардирање, сега ми го земаат“

„Јас не сум богат човек и одамна сум во пензија. Но работата е што никој од нас не сака пари. Сакаме да ги сочуваме нашите акции. Кронке го купи телото на клубот, но срцето засекогаш ќе им припаѓа на навивачите.“

Анри три пати се заборави на прес

Тјери Анри го презеде Монако со што и официјално ќе ја стартува тренерската кариера, онаму каде ја започна играчката во 1994-та. Новинарите изгледа ќе имаат забавни прес конференции, бидејќи Французинот важи за духовит. Погледнете му ја реакцијата кога се сети дека му ја отежнува работата на преведувачот кои долгите одговори на англиски треба да ги преведе на француски. И тоа три пати истото. 

Еврогол на Руни од 30 метри

Не е подивен само Ибра од ветераниве кои одат да се донаиграат и да дособерат пари во САД. Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед има постигнато 6 гола на последните 5 меча и вкупно 10 за ДС Јунајтед кој има серија од 5 победи по ред. Со Торонто ја реши на маестрален начин во Бекам стил.

Уживај Столе сè ти е простено

Секогаш кога ќе помислите на пацерските голови кои ги примивме од Ерменија, сетете се на дечково.

Капитенски потег на место

Точно е дека головите кои вчера Македонија ги прими од Ерменија беа трагикомични и дека поразот е висок и срамен, но погрешно е при една ваква историска шанса да се јадат бабури за некакви сомнежи и да се уништува атмосферата во тимот. Кога победуваа, аматери биле противниците, кога губат, тогаш местена е. Сите треба да се отрезниме, не само фудбалерите.

Саудискиот принц сериозно сака да го купи Манчестер Јунајтед

Мухамед ибн Салман Ал Сауд, принцот чие богатство е проценето на повеќе од трилион долари, сака да инвестира во Манчестер Јунајтед а готов е и во целост да го купи клубот од семејството Глејзер.

Германците се во агонија - 6 порази во една година

Но и покрај тоа односот на релација федерација - селектор и натаму е мирољубив, со спуштен тон и надеж во подобра иднина.

Гибралтар има повеќе бодови од Германија, Англија и Хрватска

Селекцијата која се радува на победа како да ја освоила Светско, успеа да стигне и до втората победа во својата историја на официјални натпревари и тоа втора по ред, а Светскиот првак од пред 4 години не може да победи. Што ти е фудбал.

Кариус може да одмори, во Европа се збори за Столе

По „историскиот“ настап на германскиот голман во финалето на ЛШ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, немаше ден а некој да не го закачнеше Лорис Кариус. Сега големите европски медиуми имаат нов миленик - нашиот голман Димитриевски.

Му ја најдовме казната на Столе

За пацерските голови кои синоќа ги прими чуварот на голот на македонската репрезентација од Ерменија, Пандев, Трајковски, Алиоски, Барди и компанија треба да го казнат со „шут у дупе“. Така се вика познатата стара маалска игра, која ја практикуваат фудбалерите на Ајакс.

Волеј удар со кој Мертенс можеше да онесвести човек

Белгија и Холандија одиграа 1:1 на синоќешните пријателски средби, а напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс постигна гол на кој подобро е човек да не интервенира. Па од топ да ја испукаше немаше волку брзо да лета.

Катастрофални грешки ја одведоа Македонија во пораз во Ерменија

Од играчка-плачка на кратко би можело да се опише разочарувачкото гостување на Македонија во Ереван каде Пандев и соиграчите доживеаа дебакл 4:0 (1:0). Мизерни грешки на голманот Димитриевски нè одведоа во пораз.

Денот кога Симан месечареше, а Шаќири го замолчуваше Саутемптон

На денешен ден пред точно 16 години се случи едно од најголемите фудбалски изненадувања кои Македонија ги има направено во својата историја. Тие ти вадат среден ред со Бекам, Сколс и Џерард, а ти ги утепуваш со гол од корнер.

Методите на работа на најдобриот младински тренер во Германија

Норберт Елгерт е тренер на младинците на Шалке и човек од кого за фудбалот и општо за животот научиле многу фудбалски ѕвезди меѓу кои Месут Озил, Мануел Ноер, Лирој Сане, Сеад Колашинац, Јулијан Дракслер.

Луксембург ќе се откажува од Лига на нации, многу им дошле победиве

Во денови кога некои читатели ни ја расипуваат забавата со македонска репрезентација, која инаку се забавува со противниците за кои таа не е крива што со нив ја сместиле во група, решивме малку да се пошегуваме со насловот.

Стоперот на Холандија уште не се родил кога последен пат ја добиле Белгија

Вечерва во Брисел репрезентациите на соседните земји Белгија и Холандија ќе се сретнат по 127. пат во својата долгогодишна историја а дуелот го следат неколку занимливости.

Како Мамиќ ја издржува затворската казна

Хрватите лани му стегнаа затворска казна на Здравко Мамиќ од шест и пол години за финансиски малверзации со трансфери во Динамо Загреб. Арно ама ден пред да ја соопштат пресудата будалата фати штрафта за БиХ, бидејќи има и босански пасош. Исто така таму има и пријатели кои го канат на свадба, па Хрватот се наоѓа во Босна и лумпува на српски песни со откопчана кошула.

Ерменија му е редовен пациент на Пандев

Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18 часот го игра четвротото коло од Лига на нации во кое ако оствари триумф ќе го потврди лидерското место во групата по што ќе следува плејоф за пласман на ЕП 2020. На капитенот ептен му лежи оваа селекција.

Норвешкиот селектор: „На Бугарите им е во ДНК да лажат“

По подолго време фудбалската репрезентација на Бугарија сериозно конкурира за пласман на едно големо натпреварување. Но сметките им ги замрсува Норвешка против која играат вечерва на гости.

Усеин Болт го бараат Катарци на Малта, да се бори за влез во Лига на шампиони

Откако конечно заигра професионален фудбал, најбрзиот спринтер на светот почна да дава и голови, па го привлече вниманието на некои малку од малку посериозни клубови.

Анегдотата кога Гаскоњ го дотерал Гатузо од глава до петици

Кога Џенаро Гатузо треба да раскаже случка од минатото, ако зборува треба да се претвориме во уши, ако ја пишува тогаш во очи. Нема шанси да не е интересна.