Фудбал

Аууу Џиџо што одбрани

Да не беше вчера Донарума на голот на Милан, плачки ќе беа на Сан Сиро. Ова се двете интервенции за кои треба сите колеги и навивачи да му се клањаат, инаку можеа да останат без шанси за борба во ЛШ во последно коло.

Ептен заебана разврска за ЛШ и опстанок во Серија А

На една недела до крајот на сезоната во италијанско, нема мир за едно 8-9 екипи. Пола од нив ќе гризат за влез во елитата, а другите ќе стрепат да не испаднат. Кој ќе чека до недела у пм.

Крај на уште една фина приказна - Робен и Рибери со титула си одат од Баерн

Познати под прекарот Робери (Робен и Рибери), холандскиот и францускиот фудбалер одбележаа една трофејна ера во германскиот гигант. Навивачите се навикнаа на овие двајца мајстори на фудбалот, па тешко ќе им биде да го гледаат Баерн без нив.

Француски судија - шампион на колото

Јоан Руинсар викендов го судел мечот од втората француска Лига 2 Мец - Брест. Се испоставило дека тоа е негов последен натпревар во кариерата а судијата реши на уникатен начин да се прости од свирчето.

Јувентус ја прослави титулата, поздравени Де Роси, Барѕаљи и Алегри

Јувентус го прослави 35 скудето во историјата, 37-мо според толкување на клубот и навивачите (оние титули од Калчополи). Прославата мина интересно. На трибини беа Арон Рамзи и Џиџи Буфон, Барѕаљи (38 години) се прости од Јуве, Алегри го поздравија навивачите, а Роналдо го опна син му по глава со трофејот.

Не бе овие не ја рогаат за жива глава

И покрај тоа што последното коло им беше само проформа, Каталонците не прават исклучоци кога е во прашање нивната филозофија на игра. 2 посто не го есапеа пресингот на Еибар и со само три додавања излегоа од калта. Четвртото веќе беше асистенција за гол.

Еден многу интересен гол падна во Франција

Лил го победи Бордо со 1-0 а мечот го реши некогашниот шпиц на Челси Лоик Реми после трик-акција со соиграч.

Лажго на колото

Голман од Виетнам имаше најобична тренинг интервенција, а потоа лежеше на земја мислиш колено изместил. Глумата ја плати најскапо што можеше. Судијата досуди индиректен удар поради држење на топката повеќе од 6 секунди и потоа падна гол за кој голманот манипулатор треба да јаде заушки.

Споредба на славјето на Манчестер Сити со она на Ајакс

Овие имаат буџет од милијарди фунти, најплатени фудбалери, најдобар тренер на светот, станаа прв клуб во историјата кој освоил тројна круна во Англија (Премиер, ФА Куп, Лига Куп). Ама некако навивачите „пластично“ го бодрат клубот. Пази ова:

Надвор од контекст

Полски фудбал, разонода, семки, кикирики. И рогање фудбал од еден на друг крај.

Пајдушкото на Окоча немаше крај

Нигериецот Џеј Џеј Окоча најдобро може да се опише како роден танчер со топка. Танцуваше во Ајнтрахт Франкфурт, Феенрбахче, ПСЖ, Болтон, Катар и Хал. Штом еден Оливер Кан не можеше да излезе на крај со него, зарем вреди понатаму да дискутираме. Погледнете како го изремети и него и одбраната.

Кога Фергусон го терал Бекам во соблекувална да ја избричи четката

Анегдотата кога му штунал копачка во глава ја знаат речиси сите. А Бекс сега раскажа случка со фризурата „четка“ кога ја криел со капа, ама немал кај да бега од стариот лисец.

Ќе победите и оро ќе играте, не ми е гајле што сме веќе шампиони

Строг, авторитетен и темпераментен, таков беше претходникот на Алегри во Јувентус. И еден Џиџи кога се обидел нешто да му каже како капитен, овој му згрмил, а целта била една. Испишување на нова историја. Ги напнал и му успеало.

Јапонско толкување на правила, невидена сцена

Шестопласираниот тим во јапонската лига, Урава попладнево го пречекува Шонан Белмаре. На полувреме домаќинот води 2-0 после головите на Нагасава и Набут. За да го разберете едниот гол, неколку пати ќе треба да гледате реприза од видеото.

Глуп и поглуп во холандска лига

Во последното коло од холандската Ередивизија, Хераклес изгуби дома, пазете, 4-5 од Ексцелзиор кој мораше да освои 3 бода за да игра доигрување за опстанок во лигата. За вториот гол на гостите се криви голманот и еден одбранбен фудбалер.

Јувентус се раздели со Макс Алегри

Како и што се најавуваше во претходните неколку месеци, а по неколку последователни состаноци деновиве, управата на Јувентус на чело со претседателот Андреа Ањели не продолжи соработка со тренерот Алегри.

Како Гвардиола психолошки ги спремал играчите: „Ќе гледате голф, не Ливерпул“

Додека биле во базата и на натпреварите биле максимално фокусирани. А излегле од тренинг центарот, не сакал збор да слушне за тоа што направил Ливерпул, не сакал да гледаат пренос, ни да зборуваат за фудбал.

Лампард и другарите ја испија цела кафана

Уште невлезени во Премиер лига, фудбалерите на Дерби на чело со нивниот стратег синоќа се направија стативи, а кој знае што ќе бидат ако влезат во елитата.

Вилијан кај ти е компасот?

Обично вакви нелогични потези ни доаѓаат од некои чкљ лиги, ама никако од клуб како Челси и играч од рангот на Вилијан. Ајде да претпоставиме дека можеби имал некоја необична идеја во глава која не му успеа.

Како изгледа тренингот на Барса од очите на Меси

Со модерната GoPro камера на глава, Лионел овозможи јавноста да види како изгледа еден вообичаен тренинг во Барселона. Од муабет со Суарез, до прослава со Дембеле и шутеви на гол.

Детето на мафијата Камора што стана еден од најдобрите стопери во Италија

Армандо Ицо, лидерот на Торино имал тешко детство во озлогласената населба Скампиа во Неапол каде царува(ла) Камора преку криминал, проституција, дилери и убиства. На крајот од калта го извадил менаџерот кој е најзаслужен што Ицо заигра и за Италија.

Судија ај дојди од наша и на следната

Сè е тоа супер што имате модерен голман од рангот на Мануел Ноер, ама ние имаме судија кои дава топки на тацна. Најсреќната асистенција на еден судија се случи во четвртата германска лига и оди вака.

Светски познат фудбалер кој станал келнер за да преживее

Еден од подобрите напаѓачи на Уругвај, Дарио Силва се прослави во шпанската лига, посебно во Малага и Севиља каде постигна преку 40 гола на 115 меча. Во 2006 доживеа тешка сообраќајна несреќа после што му ја ампутираа ногата.

Лампард им направи кој последен се смее најслатко се смее

Лидс Јунајтед имаше предност од 0-1 од првиот меч на гости со Дерби. Синоќа на реваншот на домашен терен имаше преполн стадион, огромна поддршка и дури поведе со 1-0 . Ама на крај Дерби Каунти се издигна и на крај славеше со 2-4 за пласман во големото финале од плејофот за пласман во Премиер лига.