Дерби го загуби дома првиот полуфинален меч во плејофот од Лидс 0:1, губеше и на реваншот 1:0, но направи фантастичен пресврт, победи 2:4 и прослави како да освои титула.
Сигурно ве интересира како изгледа сметка на фудбалери кога ќе се начукаат во град, па еве ја таа можност со англискиот второлигаш кој се бори да влезе во прва лига.
Овие момци синоќа испиле: 209 пива, 75 јегери, 65 вотки, 54 чаши Самбус, 38 текили, 29 чаши виски и ред други алкохоли, а најјакото е што на сметката има и една диетална кока кола.
Цехот изнесувал 2.800 фунти или по нашки 200.000 денари, а го платил се знае кој, Френк Лампард кој на тие милиони кои ги заработи како играч на Челси, ова е ситница.
Плејоф финалето за влез во Премиер лига, Дерби го игра против Астон Вила на 27 мај.