Фудбал

Хатем Бен Арфа како некогаш

Откако во ПСЖ не му дадоа ни трошка време да покаже што знае, мајсторот на фудбалската игра сега во Рен ужива на теренот.

Иле Несторовски има многу капитенски сенс

Македонскиот репрезентативец не е голем само затоа што дава голови и што достојно го брани сицилијанскиот дрес, тоа му е работа, туку и поради тоа што знае да повлече вистински капитенски потези и кога не оди на работа.

Бин Ладен наводно ги сменил нападите од Лондон во Њујорк поради Арсенал

На 11 септември 2001 година во Њујрок се случи најголемата катастрофа во XXI век: терористичката организација Ал Каида киднапираше четири патнички авиони од кои два ги пренасочи во кулите близначки кај Светскиот трговски центар.

Шмекот на фудбалот кој го игравме во маало

Немаше потреба, а скоро и да ги немаше: мобилни, таблети, компјутери. Ти треба само топка, по можност и пумпа за да не губиш време да одиш на бензиска, како и желба, а последново никогаш не беше проблем.

Ај најдете му НЗС на автоголов да ве видам

Женскиве кои се дел од оваа ултра смешна трагикомична сцена, веројатно не земаат плата за играње фудбал. Бидејќи нема логика. Во еден момент се збунивме и не знаевме кој напаѓа, а кој се брани. Не сте виделе вакво нешто.

Капитенот на Дортмунд пцуе на српски

Марко Ројс е еден од најомилените фудбалери во Германија. Тој е капитен на Борусија кој со клубот поминал и лошо и добро. Пред некое време српските фудбалери Невен Суботиќ и Милош Јојиќ го научиле нешто непристојно.

Преубав перформанс на Шалке во борбата за честа на рударите

На 21 декември во Рурскиот басен „Германија“ ќе се затвори и последниот рудник за јаглен во земјата. Најголемиот симбол на рударите - клубот Шалке и навивачите спремија голем перформанс во чест на сите рудари.

Кевин де Брујне во улогата на Меколи Калкин од „Сам дома“

Белгискиот репрезентативец постигна прекрасен гол на гостувањето кај Лестер во Лига Купот (Сити славеше на пенали по 1:1 во регуларен дел), а во меѓувреме прифатил да одглуми неколку сцени од култниот филм.

Пристојна година за македонскиот фудбал, ја задржавме позицијата

ФИФА ја објави најновата ранг листа на која македонската фудбалска репрезентација не доживеа промени и остана на 68 место во светот со 1343 поени.

Што си ти фудбалер или каратист?

Видете вака, има ножички и ножички, а овие се толку брзи и лудачки, што на прва нема да сконтате како ја изведе акробацијава. Ви го претставуваме Џејсон Џонсон од втората дивизија во САД. Стварно не е нормален.

Голманот на Лајпциг со Штербик одбрана

Фудбалерите на Баерн Минхен го пробија бедемот на Лајпциг дури во 83-та минута и славеа 1:0, а главен виновник за тоа беше Унгарецот Петер Гулачи, кој неколку минути претходно имаше ракометна интервенција од два метри. Вака така ја извади од гол.

Чудно ефе во Холандија, топката сама излезе од гол

АЗ Алкмар со 5:0 го демолираше Цволе во Купот но мечот го одбележа еден многу луд лоб удар. Фудбалерот на домашните Матс Сентјес реши да го префрли голманот и почна да се радува, ама...

Посебниот однос меѓу Мурињо и Интер, посебно со Матераци

Лучано Спалети не е кадарен тренер за успеси како оние на Специјалниот. Тоа го знаат навивачите на Интер и затоа сонуваа и уште сонуваат за негов кам бек на Меаца.

Автобусот на Мурињо остана во Влае

Жозе Мурињо си замина, односно го избркаа од Манчестер Јунајтед, а ако сакате да знаете каде му остана автобусот, ене го во населба Влае. Одма после мостот, пред маркет Зур и Златна копачка.

Како новиот тренер на Манчестер, Солскјер води тренинзи

45-годишниот Оле Гунар Солскјер го паметиме како голгетер кој најчесто влегуваше од клупата и даваше голови. Тој веќе некое време е тренер на норвешкиот Молде но од денес и официјално ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Договорот важи до јуни следната година, кога Солскјер ќе се врати одново во Молде (освен ако не направи чудо на „Трафорд“).

Просто неверојатни работи се случуваат во Фенербахче

Пучисти, шпиони, поделби, раздор. Трофејниот гигант од Истанбул никако да застане на нозе, а највиновни за тоа се неколку „кртици“ кои работеле да го вратат стариот тренер Коџаман и го „бушеле“ секој нов тренер на клупата.

На часови по фудбал кај професор Чави

Еден од најјаките фудбалски мозоци на планетава, во интервју за француски Ел Паис одржа лекција по фудбал со едноставен муабет. Концептот на Барселона, разликите со фудбалот на Симеоне, потоа за Меси, како и за тоа зошто е ризично фудбалот еден ден да стане досаден.

Каде бе дечко со таква паненка?

Торган Азар, помалиот брат на Еден од Челси имаше Франческо Тоти обид кој подобро да не се обидува да го прави пак. Среќа Борусија Менхенгладбах го совлада Нирнберг со 2:0, а тој го отвори резултатот и се изведи некако, инаку пеналот срамотилаци.

Хаотичниот финиш на ПСЖ против второлигаш

Требаше да биде лесна победа за Парижаните затоа што играа осминафинален куп меч против второлигаш по име Орлеан, но мечот влезе во тотално драматичен крај во кој можеше да биде 2:2, а уште полесно 1:3. Какви само работи се случија за 30 секунди. Хаос.

Фото на денот за Манчестер Јунајтед

Едно време во одбрана ги имаа Видиќ и Фердинанд, а сега ги имаат Смолинг и Баји. Лукаку и Погба место најважни, им станаа најкутри играчи. Во Премиер лига заостануваат -19 од лидерот Ливерпул, а во топ 16 во ЛШ го добија ПСЖ. Плус Мурињо денес им го избркаа, според некој лош потег, за друг потег на место. Како и да е, муабетот е следен:

Леле колку ќе го јадеме од Барса

Фудбалерите на Лион добија пеколно тежок противник во осминафиналето од ЛШ. Играчите заедно ја гледаа ждрепката во соблекувална и вриштеа, а по реакцијата на тој што снимаше, јасно им е што ги чека.

895 дена живеел во хотел, платил околу 537.000 фунти

Новинарот Сајмон Џонс од лондонскиот Evening Standard пишува дека Жозе Мурињо никогаш не го уживал престојот во Манчестер Јунајтед.

Жозе Мурињо седнува на клупата на Брегзит

„Ако сакате да зборуваме за мојот учинок, само ќе ви кажам дека ѝ донесов независност на Северна Македонија, целосна државност на Република Јемен, како и титула на Реал Мадрид во Ла Лига. Сè што се случи потоа, не е моја вина“, вели Специјалниот.

Снегот знае ептен да се најде во напад

Ali Sowe од ЦСКА Софија по ново го викале Ali S(n)owe. Снего по битолски. Колку само среќа и ќар има овој човек од снегот, кој му ја намести право на глава.