Фудбал

А вака збореше Жозе

На клупата на Манчестер Јунајтед Мурињо седеше на 144 натпревари и забележа: 84 победи, 32 нерешени и 28 порази. Гол разлика 243:117. Утрово доби прилично очекувана шут-карта.

Мурињо отпуштен од Манчестер Јунајтед

Преку официјално соопштение, трофејниот англиски клуб соопшти дека Жозе Мурињо веќе не е тренер на Манчестер Јунајтед.

Загубената спортска традиција на Победа

Го носи епитетот „најфудбалски град во Македонија“, има двократен шампион кој има нагостено екипа и од Серија А, ама со македонскиот синдром на самоуништување тешко се добиваат битки. 

Една седмица според изразот на лицето на Клоп

Зошто понеделник е глуп ден ќе сфатите уште на почеток на видеово. Потоа како тече неделата, живнува и Клоп. Во недела знае и да му зоврие ако го изнервира судијата.

Кога Мурињо сфатил дека неговите ќе треба да ги чуваат Нејмар и Мбапе

Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лига на шампиони за противник ќе го има Пари Сен Жермен. На моментот од ждрепката Жозе сфатил дека Смолинг и другите дрвца ќе треба да се бркаат со ѕверките на ПСЖ.

Најсрамна прес конференција откако е светот и векот

Тренер на Раднички од Ниш. Поранешен фудбалер на Црвена звезда и поранешен селектор на Србија У-21. Се вика Ненад Лалатовиќ. После мечот кој неговиот тим го добил против Напредак од Крушевац, Лалатовиќ побеснува на прес конференција.

Кристијано Роналдо за малку ќе станел врвен пингпонгар

Надалеку е позната анегдотата кога Рио Фердинанд „го искинал“ на пинг-понг пред соиграчите од Манчестер Јунајтед кои урлале и се смееле, па Роналдо кивен што изгубил, го натерал брат му да му купи маса за пинг-понг и се усовршил.

Жорди Алба где је лопта?

Барселона синоќа беше немилосрдна против Леванте на гости и го прегази со 0:5, ама и Енис Барди беше немилосрден со еден од најдобрите бекови во светот. Како само фино го измрда.

Тргна возот за Баку: Во Лига Европа паднаа Лацио - Севиља, Интер во Виена

Откако беше извлечена ждрепката за елитната Лига на шампиони, попладнево во Нион ги дознавме и паровите од 1/16 финалето на Лига Европа. Од нашите интернационалци, Стефан Ристовски ќе игра во пиринејскиот дуел со Виљареал, Елиф Елмас против Зенит, а Аријан Адеми против чешки претставник.

Луд момент од една стара средба меѓу Барса и Лион

За пласман во четвртфиналето од Лига на шампиони, на денешната ждрепка во Нион се паднаа Лион и Барселона. На една од претходните нивни средби во овој турнир, на 10 октомври 2001-ва, францускиот голман Грегори Купе направи чудесна одбрана на самиот почеток од мечот.

Кај Клоп нема рогање топка напамет

Додека Манчестер Јунајтед го игра најлошиот фудбал во последните неколку години (со Мојс бар нешто тарачкаа), Ливерпул напаѓа и се брани така интелегентно, што на противникот не му останува ништо друго освен да ја вади топката од мрежа.

Мега дерби во Лига на шампиони: Јувентус во Мадрид, Јунајтед на ПСЖ

Шеснаесет екипи останаа во борбата за трофејот од Лигата на шампионите. Сите сонуваат на 1 јуни 2019 да се најдат на преубавиот „Естадио Метрополитано“ во Мадрид каде ќе се игра финалето за ’ушестиот’ трофеј.

32 хет трик на Меси во кариерата

Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.

Пике напаѓачот

Знаете ли кој фудбалер на Барселона има дадено 3 гола на последните 4 средби? Жерар Пике. Можеби ви изгледа смешно и невозможно бидејќи е како пивска флаша, ама цепа напред човекот. Гледајте колку е пробибен, гајле нема, плус јако го мрдна тој во шеснаесет.

Твит на колото - нормално од Леверкузен

Админите на Рома важат за едни од поинтересните твитерџии во светот на фудбалот. А ништо послаби не се ниту оние на Баер Леверкузен кои често ортачки настапуваат со Италијанциве. Синоќа Баер изгуби 2-1 од Ајнтрахт Франкфурт па админите на Лајпциг од нигде-никаде решија да ги пецнат „Аспиринџиите“ кои имаа спремен одговор.

Како Меси преку Ракитиќ им пратил на Хрватите 30 дреса

Воодушевен од тоа како Хрватите се бореа и играа на Светското првенство 2018, Лионел Меси преку соиграчот на Барса потпишал автограм на 30 дреса и им ги пратил на „коцкестите“.

Пандев оправдано лут, ниту ВАР ниту чист пенал

Најдобриот македонски фудбалер синоќа влезе во игра во 68’ минута на мечот против Рома и во 93’ минута беше дел од спорна ситуација во која не доби пенал.

Кога не сака - не сака

Игра Вингејт&Финчли против Далвич Хамлет во англиското фудбалско подземје и од една акција не успева да им даде гол.

Јаховиќ го прати голманот и по бурек и по цигари

Фудбалерите на Коњаспор славеа 3:2 против Кашимпаша во турскиот шампионат, а херој на мечот беше македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ кој беше двоен стрелец. Едниот со глава, другиот како Роналдо стариот. Коњаспор е осми на табела со 10 бода зад лидерот на табела.

Наочајниот центар шут на сезоната во Премиер лига

Ова што го направи Дени Роуз од Тотенхем на мечот против Барнли, нема зборови кои можат да го опишат колку е лошо. Може да е ова и најлошиот центар шут во историјата на Премиер лигата. 

Пази бомба Лотито

Кај не му оди на Лацио кој нема победа од 8 ноември на сите натпреварувања, уште шокови му правите на човекот. Па немојте така.

Алексис ги учи децата да не пијат и пушат, па го прашаа за Видал

29-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез е повреден и паузата ја користи за добронамерни совети и дарувања на најмладите. Ама секогаш има незгодни прашања од нив.

Томас Милер стана борец на Мортал Комбат

Додека неговите колеги ги има обично само на игри од типот на ФИФА, напаѓачот на Баерн Минхен ќе биде попривилегиран за разлика од нив. Каква чест за Милер.

Шпанска доминација

Интер се посрамоти со ПСВ, Милан со Олимпијакос, а Наполи не ја издржа групата на смртта. Кај Шпанците не постои тоа „се посрамоти“ и тие не сакаат да чујат за елиминација уште во групна фаза. Последен пат киксирал Реал Сосиедад во 2014/2015.