Ги прави најјаките трансфери, а се шета како во Љубаниште

Му го донесе на Јуве Матијас де Лихт за 75 милиони евра, трансфер од кој се пишува дека ќе лапне 11 милиончиња во џеб. Да е само овој јак трансфер. Веќе не се памети на кои сè јаки играчи им е менаџер. Место на таа моќ и пара да се скоцка убаво, тој пристигна во Торино како клошар и ич не му чуе.

Го прашаа и за Погба што ќе биде, ама не одговори. Инаку навивачите на Јуве збеснаа по него.

17 јули 2019 - 16:22