Фудбал

Тренеру, што точно значи ова?

Синоќа на првиот меч од нокаут фазата во Лига Европа меѓу Краснодар и Баер Леверкузен (0:0), во 80’ минута во игра влезе гостинскиот фудбалер Луис Аларио, а тренерот од Холандија Петер Бош имаше што да му каже.

Најновиот хотел на Кристијано Роналдо

Мега ѕвездата со нето годишна плата од 30 милиони евра за кој се претпоставува дека со се маркетинг прави 100 милиони годишно, отвори хотел во градот Маракеш во Мароко. Глупаво е да набројуваме што сè има во оваа чудесија, само ќе кажеме дека капацитетот му е 174 соби, а ноќевање е 200 евра.

Човекот кој му донесе Лига на шампиони на Интер, сега прави револуција во Аргентина

Легендарниот напаѓач кој со Пандев и соиграчите на Интер му донесоа тројна круна, сега за првпат во Аргентина имплементира систем кој го научил во Европа. Веќе нема непланско трошење и дива лига.

Колку пари лапаат италијанските судии

Да кажеш дека е исплатливо да си судија во Серија А е благ збор. Прво затоа што судиите обично имаат друга редовна работа и второ затоа што ова им е тезга од која огромни се шансите да заработат повеќе за 90 минути, отколку секој ден на работа од 8 до 16.

10 најголеми скандали на Марадона во последните година дена

Избувлив каков го дале, Диего не пропушта прилика да прави циркуси и во фаца да им плеска сè на костумосаните раководители кои според него недоволно ги почитуваат старите легенди.

Фудбалер на Црвена Ѕвезда во ист ден добил две деца од две различни жени

Не дека вчера беше Валентајн па сега копаме љубовни приказни, туку случајно налетавме на една шпанска серија. Односно тука нема ништо шпанско, во игра се Холанѓанец кој игра во Србија и две Русинки. Мајкиве сè раскажаа на тв, а татково се прави на Тошо.

Рускиот репрезентативец кој одигра партија фудбал во затвор

Павел Мамаев (30) долго време важеше за еден од најнадежните руски фудбалери, но колку имаше голем талент толку имаше и проблем со главата.

Бројки за БАТЕ од кои Арсенал треба многу да се срами

БАТЕ Борисов го гледавме на Градски за 100-ка во 2012-та кога го елиминираше Вардар во квалификации за ЛШ. Имаат тим кој не вреди ни пола од неделната плата на Озил, а ги победија. Бруки брукосани. Ако не ги тепаат дома минимум 2:0 нека се убијат.

Добро искористени корнери, нема што

Колку треба да си очаен за да изгубиш од БАТЕ Борисов, а се викаш Арсенал најдобар показател се овие два корнери кој од кој полош. Прво Џака лошо нафрли, а потоа Колашинац бетер. Па набаци во шеснаесетник бе, кај ја даваш таму? Очај.

No pyro no party

И покрај ригорозниот правилник на УЕФА на стадион да не смее да се пали пиротехника, навивачите на Малме синоќа пред стартот на мечот со Челси направија фешта.

Да се потсетиме на најочајниот фудбалер за Валентајн

Јаник Боласие од Евертон не пиша ништо дали синоќа го славел денот на вљубените, ама кога пиша пред седум години беше малер на колото. А се имаше потрудено човекот.

Ќе ти остине омлетот додека се поздравиш со сите

Мамаду Сако од Кристал Палас се симнува последен на појадок и додека да седне ручек ќе фати. Мора со сите да се поздрави, ама цел ритуал кој мора и тие да го знаат.

Лоша вечер за Македонците во Лига Европа

Стефан Ристовски и Аријан Адеми со порази ги завршија првите нокаут средби од ЛЕ. Динамо Загреб и покрај водството загуби 2:1 на гости од Викторија Плзен, а Спортинг беше поразен дома од Виљареал со гол во 3 минута. Адеми играше 90 минути, а Рики влезе во 27-ма минута откако се повреди Бруно Гаспар.

Од каде ја извади таа левица?

Покрај мајсторијата на Жиру со петица, доста фино голче, односно голчиште за издвојување од ЛЕ е и оваа бомба на Жил Диас од Олимпијакос на средбата со Динамо Киев.

Мангупски гол на Жиру

Еден од најатрактивните голови на вечерашните нокаут средби од Лига Европа, дефинитивно е оној на Оливие Жиру кој во 58-ма минута зголеми на 0:2 за Челси на гостувањето против Малме.

Плејмејкерот на Лацио кој за да се докаже поминувал 230км дневно од дома до тренинг

Мечот од Лига Европа меѓу Лацио и Севиља ќе предизвика многу емоции кај Луис Алберто. Ќе се судрат неговата сегашност против минатото во кое правел големи жртви како дете само за да успее како фудбалер.

ПСЖ потпиша со 11-годишниот Килијан Мбапе, баш така се вика малиот

Додека најдобриот млад напаѓач на светот Килијан Мбапе ја отвори вратата на ПСЖ за четвртфиналето во ЛШ, клубот во исто време во академијата донесе уште еден Килијан Мбапе.

Спектакуларна атмосфера пред мечот Ајакс - Реал

Иако и самата химна кога ќе згрми во пакет со знамето кое го тресат децата е стандарден чин за уживање пред секој меч во ЛШ, Ајакс реши да организира нешто плус, како да играат финале. На Јохан Кројф арената гостуваше славниот виолинист Андре Руи кој е инаку Холанѓанец. Го свиреше „Хорот на Евреите“ најпознатиот дел од операта Набуко. Грмеше стадионот, преубаво.

А сте виделе ли Лукаку како дрибла?

Ако не сте виделе, мора да видите. Ова е уметност и не го може секој. Работава идол ми беше Роналдо да Лима, ама немам ни Р од Роналдо.

Уште два многу спорни поништени голови на Ајакс

Ако синоќешниот поништен гол на Ајакс е контроверзен и денес излегоа различни ставови, пазете го вие ова во 2011-та. Две многу тешки ситуации на мечот Ајакс - Реал, печени за ВАР. На вториот се гледа дека раката малце му штрчи, а според правилата таа не влегува во офсајд бидејќи не смееш со неа да дадеш гол. Ништо чудно и двата гола да се регуларни.

Тренерот на Борусија не се ракувал со Почетино поради грип

Синоќа по првото полувреме без голови на „Вембли“, во вториот дел Тотенхем со 3:0 ја испраши Борусија Дортмунд и веројатно обезбеди пласман во четвртфиналето.

Твит на денот на германското МНР

Во осминафиналето од Лигата на шампионите дури три дуели се меѓу англиски и германски екипи: Тотенхем - Борусија, Ливерпул - Баерн Минхен и Шалке - Манчестер Сити. По тој повод германското министерство за надворешни работи твитна: „Драги Британци, ние ве сакаме... Ама во осминафиналето од Лига на шампиони сме за снажен Брегзит, без задршка“.

Што би рекле Битолчани, ја љуфна

Голманот на Ајакс има 22 години. Ја поминал школата на Барселона како мал, а во Ајакс е веќе трета сезона. Брани за репрезентацијата на Камерун. Синоќа против Реал имаше неколку добри интервенции, ама и една утка по вина на фрлено шише Хајнекен на теренот.