Фудбалерите на Болоња едногласно се изјаснија дека сезонава не се борат за опстанок, ниту за Европа, туку за Синиша Михајловиќ кој од болница со мислите е кај играчите кои дури и ги водеше во првото коло од клупа.
По феноменалниот пресврт против Бреша од 3:1 на 3:4, тие застанаа со автобусот на сред улица само за да му дојдат под прозор и да го изненадат. Огромна поддршка доби и од градот каде беше одржана молитва, но на Фејсбук се најдоа и луѓе без памет кои пишуваа тешки глупоштини.
„Ќе дојде ли Михајловиќ за мечот против Рома или повторно е на зрачење? Зошто Болоња – Спал се играше во петок, да не се плашеа Синиша да не умре до недела или можеби морал да оди на хемотерапија за викенд“?
„Михајловиќ е во групата на тренери кои нема да го издржат првенството до крај“.
На барање на Болоња, случајот е пријавен во полиција од која се очекува да ги пронајдат луѓето кои ја отворија Фејсбук страната со моронски коментари.