Бреша имаше комотни 3:1 на полувреме против Болоња, но што се случило потоа? Михајловиќ му се јавил на стручниот штаб на полувреме за да ги искара и мотивира да тргнат со поинаков пристап.
Момците потоа изгинале на терен и во 80-та минута стигнаа до фантастичен пресврт од 3:4.
„Во прво полувреме не игравме како што треба, но во второ успеавме да ја поставиме нашата игра како што сакавме. Михајловиќ се јави кај неговите помошници за да го пренесе својот беs и да ја крене атмосферата и тоа не вознемири, но и не подигна“.
„Михајловиќ за нас е важен, ни пренесува друг менталитет. Многу ни недостигна што не е со нас на клупа. Одлично ни оди за сега. Посакувавме 9 бода по првите три кола, но стигнавме до 7. Сега ќе се соочиме и со Рома“, изјави Родриго Паласио, кој беше еден од стрелците.
И сега погледнете ги овие фантастични сцени. Се испаркираа на улица со клупскиот автобус и му дојдоа под прозор во болница за да му пејат. Михајловиќ им вели: Не ве очекував. Потоа ги прашува како сте, дали е се во ред? Браво, браво, навистина сум задоволен.
Мораше да падне и некоја шега.
„Од среда ќе се видиме да разговараме, бидејќи не е дека одигравте голем натпревар“.
На што момците се разбира се изнасмеаа
Il #Bologna dopo la vittoria a Brescia è andato a trovare il suo allenatore, Sinisa #Mihajlovic, al Sant'Orsola.
— Alessio De Giuseppe (@alessiodegiu) September 15, 2019
La squadra ha fatto una sorpresa al tecnico serbo cantando il coro "dai Sinisa alè" e mettendo la sigla di "Scherzi a Parte" #ForzaSinisa pic.twitter.com/3XX1u1QO5C