Сториите кои ги раскажуваат за нив се најрелевантни кога ќе ги чуеме од нивни соиграчи, каков што е примерот со Дани Алвеш. Најтрофејниот фудбалер во светот играше осум сезони со Меси, што значи тоа што го гледал тој на тренинг, не може да го знае секој.
Плус го почувствувал на своја кожа бидејќи стотици пати требал да го чува, но еднаш тоа било посебно тешко. Тој тренинг го издвојува од сите други, бидејќи Меси без пардон ги уништил сите по ред.
„Се сеќавам на еден тренинг кога Меси правеше работи со топката со кои и пркосеше на логиката. Се разбира, тој секој ден беше опасен, но овој пат тоа изгледаше поинаку. Се работеше за екстремно интензивна тренинг сесија на која не се плеткавме, туку сите игравме сериозно.
Меси се пробиваше низ одбраната и ги завршуваше нападите како убиец. Кога мина покрај мене му ги погледнав копачките и си помислив, ова да не е некоја шега? Повторно ме помина и си реков, ова е невозможно.
И дадов и трета шанса на глетката за да се осигурам дека гледам добро. Копачките му беа одврзани и тоа и двете, ама целосно одврзани. Овој човек игра против најдобрите дефанзивци во светот и лебди на теренот.
Тоа беше моментот кога сфатив дека никогаш повеќе во животот нема да имам можност да играм со некој како него“.
Тоа се тие сведочења на 36 годишниот бек за првиот фудбалер во историјата кој стигна до шест признанија за најдобар играч на годината според ФИФА.
Па добро бе а ако ги заврзел?