Елиф Елмас ја доби првата шанса како стартер на Наполи и тоа на ни малку наивно гостување против Олимпик Марсеј. Славеа 0:1, а победничката акција на триото Инсиње-Калехон-Мертенс, почна со извонреден пас на македонскиот репрезентативец. Карло знае што бира.
Имаме уште еден голман што заслужува гајба пиво од соиграчите. Тоа е чуварот на голот на Макаби Хаифа кој една шанса, односно три во една акција, вака им ја скроти на фудбалерите на Стразбур во квалификациите од ЛЕ.
Македонскиот репрезентативец е играч на колото во квалификациското коло за Лига Европа, откако вечерва сензационално постигна 4 гола на гостувањето на неговиот АЕК Ларнака кај Левски Софија. Првиот меч Кипраните го добија 3-0, па со вкупни 7-0 одат во следна фаза.
Тезата дека кога нема светско или европско, нема фудбал цело лето е погрешна. Како нема, кога не овој, следниот викенд ќе се најдеме во кладилница. Стартуваат англиско и француско. Прво коло: Манчестер Јунајтед - Челси. Па па па.
Секогаш духовитиот Питер Крауч, кој летово на 38 години ја заврши кариерата и се повлече од фудбалот, и во минатото и денес има многу интересни приказни од теренот.
Бразилецот пред и по овој меч имаше страшни настапи во дресот на Барселона. Ама ова што го одигра на „Сан Сиро“ таа априлска вечер пред 13 години беше нешто необјасниво.
Кога пред две години Мауро Икарди две илјади пати го прашаа за Реал Мадрид, тој одговори дека ќе остане во Интер додека не го избркаат на сила. Тогаш делуваше смешно, но денес е јасно дека попрво Занети ќе отиде во Јувентус отколку Икарди да добие нов договор.
На осминафиналниот меч од Копа Либертадорес играч на Емелец направи неспортски потег на гостувањето против Фламенго. Судијава па со две леви нозе е роден.
Челси и Салцбург приредија голеада од 5:3 на пријателска, а шпанскиот репрезентативец го постигна можеби најатрактивниот гол на сите досегашни пријателски летово. Капа доле за потегов.
Николас Пепе е фудбалер кој доаѓа од Брегот на Слоновата Коска. Има 24 години и летниов трансфер преоден рок е најдолго зборуваното име. Игра за француски Лил, растура од голови и асистенции, а скоро треба да биде промовиран во Арсенал за брдо милиони. Да се вратиме на насловот.
Со душа го чекаме Ел Класико да видиме како ќе функционираат Гризман и Де Јонг кај Барса и Азар во Реал, на страна целата плејдата на асови и во двата клуба. Првите двајца веќе почнаа да делуваат опасно, а уште не почнало првенството.
Набил Дирар е Мароканец. Имаше сериозна кариера во Монако и Клуб Бриж, а од 2017 е во турскиот гигант каде е капитен. Ама синоќа ја оплеска работата. Додека Фенербахче губеше 6:1 од Баерн Минхен, навивачите на Фенер присутни на стадионот го исвиркуваа па овој реши да напушти игра.
Не е ова прва бламажа на македонскиот првак кој е антимакедонски настроен со своето однесување. Пред седум години беа елиминирани од едни ботови по име Портадаун кои играат во полупрофесионална лига во Северна Ирска. Интервенцијата на месечарот беше брилијантна.
Ибра го здогледува Германецот со кого играа во Манчестер Јунајтед и со кого ќе игра од иста екипа на мечот меѓу Ол-Стар МЛС и Атлетико Мадрид во Орландо на полноќ во 2 часот. Им се придружи и Вејн Руни.
Еден од најдобрите француски леви бекови на сите времиња, Патрис Евра во вторник објави дека ја завршува својата богата фудбалска кариера, а неговото име е поврзано со многу дешавки.
Најголемото трансфер изненадување летово го направи капитенот на Рома, Даниеле Де Роси кој на изненадување на сите потпиша со Бока Јуниорс каде ќе го оствари сонот да игра пред најлудите навивачи на светот.
Во ова бедно лето на резултати на македонските екипи во Европа, особено на тутуруткине Шкендија кои се посрамотија со аматери од Естонија, а потоа во Луксембург му одеа главечки на судијата, време е за фини нешта.
30 јули 2019 година ќе се памети засекогаш во семејството Солскјер. На тој ден Манчестер Јунајтед предводен од Оле Гунар дојде во родната земја на својот тренер Норвешка и одигра пријателска против Кристиансунд (1:0).
Ова нека биде првиот и последен обид за ножички на дефанзивецот на Манчетер Јунајтед. 600 атрактивни ножички се свртеа низ фудбалскава мапа последниве години и никој до сега не сме виделе да се удри во рака со топка. Грев.
Очајниот излет на македонскиот клупски фудбал во Европа заврши во сезона на капење. Шкендија по шокантниот пораз од 1-2 од аматерите од Луксембург, денеска во реваншот одигра само 1-1 и испадна од Дуделанж. Тетовци добија три црвени картони од кои два во самиот финиш. Агим Ибраими го чека сериозна казна од УЕФА откако со глава го удри главниот судија од Велс.