Фудбал

Која ти е оваа петица бе неарен?

Ти ги мислиш се собрале рекреативно на фудбалче, а тоа 9-ката да ти криел лудачки Рикардињо и Фалкао амбиции во себе. Едно 10 пати на рипит, инаку исто како да не сте го гледале.

Највредниот тефтер во животот на Јирген Клинсман

Помладите генерации го знаат како селектор на САД и Германија, како и тренер на Баерн Минхен, а ние што сме над 30 го паметиме како белег на Германија со која стана светски и европски првак.

Корејците му се клањале на Роналдо, а не го ругале

Откако се појави снимка од пријателски меч меѓу ѕвездите од Јужна Кореја и Јувентус, објавивме видео на кое мислевме дека овие се радуваат како Роналдо за да го реметат, ама вистината била друга, а тоа го докажува камера од друг агол.

Кога дечко влета на терен и трчаше контра со еден центарфор

На подготовки во германскиот град Улм се сретнаа Парма и Трабзонспор. Во 90’ минута од мечот додека фудбалерот на италијанскиот тим Јан Карамох трчаше контра, еден натрапник тргна со него во напад ама не можеше да го стигне.

Патрис Евра прави што му душа сака

Одигра пет натпревари за Вест Хем и во јуни стана слободен играч, а вчера соопшти дека се повлекува од фудбалот. Во последно време Евра повеќе го има на Инстаграм, отколку на терен. 20 години кариера, 15 трофеи со Манчестер, 5 со Јуве. Евра има еден куп евра, а и слобода да го живее животот како што сака на тие “мачни“ денови за 38 годишен пензионер.

Новото правило во фудбал ќе отвори нови можности

Од 1 јуни во фудбалот дејствуваат нови правила, а едно од најинтересните е правилото според кое играч смее да има контакт со топката при изведување на гол-аут од голманот, внатре во голманскиот простор, додека противничкиот мора да биде надвор од шеснаесетникот.

Стоперот на Австрија кој си даде автогол во Скопје, снимен мортус пијан

На 10 јуни во Скопје овој висок стопер на Ајнтрахт Франкфурт, си даде комичен автогол и го отвори резултатот на мечот Македонија - Австрија (1:4). А сега пак во комична ситуација, овојпат ќор пијан на некој фестивал во Германија. Клубот спрема казна по објавеното видео на кое се гледа како Мартин Хиртенегер не знае кај тера.

Опасен старт за Пандев, Нестор и Елмас во Серија А

Излезе календарот за италијанскиот фудбалски шампионат кој го чекавме со душа, бидејќи ќе ги следиме настапите на тројца македонски репрезентативци. Мора уште на старт да бидат тип топ спремни бидејќи ги чекаат заебани битки.

Частете го пиво голманов, ама гајба

Прво со грб, па со нога, па со раце. Најнормално е да праша човек дали е ова реално.

Има работи што се случуваат само во Бразил

Бразилскиот дефанзивец Фелипе Луис направи трансфер од Атлетико Мадрид во Фламенго. Првата прес конференција ќе ја раскажува по интервјуа доживотно бидејќи од телефонот на некој новинар се слушаат порно звуци, барем така пишуваат сите, иако нас па звуци од коза ни се слушаат.

Пасов на Марсело е нереален

Ова ти се вика брзо размислување, брза реакција, прецизност, одлучност, ама и чудесно додавање. Каква е оваа левица на бразилскиот бек за вака да лета топката?

Можеше да заработува милиони, но се реши за својот вкус

Одлуката на Рома да не му го продолжи договорот и покрај верните и легендарни 18 години стаж, му се најде за да го почувствува она на што се воодушевувал од мал. Друга прилика веројатно и немаше да има.

1 минута на Марадона против Лацио кога прашувале кој спорт го игра

До таа мера играл добро што многумина сметаат дека овој меч му бил најдобар во целиот долгогодишен престој во Италија. Постои анегдота дека некои присутни гледачи на стадионот се прашувале кој спорт е ова со што се занимава Марадона?

Го бараат Барселона, Арсенал и Јувентус, а он би да вози такси

Дани Алвеш има 36 години. На почетокот на летово му заврши договорот со ПСЖ, ама мајсторот на Копа Америка одигра како да има 19. Асистираше, дриблаше, шутираше и го избраа за најдобар играч на турнирот.

Мексиканка на денот

Голот на годината во мексиканскиот фудбал оваа сезона, не ќе треба, туку ќе мора да го изберат од женска конкуренција, бидејќи нема да се најде Мексиканец кој ќе го изведе ова ремек дело.

Со далечински управувач да не е топкава?

Додека светот и по 20 години се занимава и се потсеќа на мундијалскиот проектил со чудесно ефе на Роберто Карлос, некоја слична верзија на таков слободен удар падна и во Бразил. Магијата е дело на Диего Соуза од Ботафого, во натпревар против Фламенго кој Фламенго го доби со 3:2.

Кутрите пробуваат да скокнат колку Роналдо

Џабе кога не можете. Тој низ годиниве има киснето со саати на фитнес за таа работа и има помалку телесни масти од супермоделите. Со неговиот висок скок се одразува 2.88 метри од земја, а обрачот на кошот е висок 3.05, што значи ја куца без проблем.

Меси нападнат во диско на Ибица каде бил со Суарез, Алба и Фабрегас

После преку 100 меча во претходните сезона и кусур, по напорната Копа Америка, Меси и Суарез заслужија да одморат душа пред почетокот на новата сезона. На Ибица во парови со жените, а со нив и Сеск и Алба со поубавите половини.

Несторовски долго ќе го памети дебито против Борусија Дортмунд

Ама не баш по добро. Илија влезе во игра на пријателската Удинезе - Дортмунд во 71’ минута, а само десетина минути подоцна судијата го прекина мечот поради катастрофални услови за игра во австрискиот град Алтах. Истураше како од црево, а Дортмунд на крај победи со 4-1.

Маалски штос на мечот Милан - Бенфика

Милан изгуби 0-1 од Бенфика на Интернационалниот Куп во САД, а Португалците на Италијанците им открија една нова финта која досега сме ја гледале само на Сони Плејстејшн. Голманот Влаходимос и едно бекче си ја подаваа ко во маало.

Вакво мешање во кинеска лига немало скоро

Паулињо кој од Барса отиде во Кина, прави дар-мар во Гвангжу Евергранде, лидерот во тамошната лига кој е главен фаворит за титулата. На последниот меч против Пекинг Ренхе ај што даде два гола во триумфот од 3:0, него и го попари со бразилски дриблинзи.

Жоао Феликс против Реал покажа зошто вреди толку многу

Атлетико Мадрид искешира 120 милиони евра за најголемиот европски талент во моментов, а малиот Жоао Феликс веќе почна да ги исплаќа парите. Синоќа Атлетико со 7-3 го згроми Реал Мадрид а Жоао му беше главен асистент на Диего Коста кој даде 4 гола. Феликс и самиот постигна погодок.

Како да не е нервозен, Златан го држи за рака

Една сцена зад камерите во која сепак се наоѓа камерман што ја лови во прав момент. Една од маскотите има трема бидејќи ќе треба да се појави пред многу публика на стадион, ама кога е тука Златан одма е подруго. За две секунди го смири.