Андреј Павловиќ од Белград има 22 години и е еден од оние млади луѓе инфицирани од мега популарната игра Фудбал Менаџер. Тој за разлика од милиони негови врсници, решил да се натпреварува со Фк Бежанија, клуб од втората српска лига.
Успесите му се од епски размери. Освоил 10 првенствени титули, 6 купови, а стигнал и до полуфинале во Лига на шампиони.
Еден ден решил да им пише на Фејсбук и да им ги наброи сите успеси кои ги постигнал на играта со клубот и дека има желба да им помогне како аналитичар или скаут, ама не виртуелно.
„Не очекував дека ќе ми се јават, но по само половина час добив повик. Бев уплашен и возбуден. Не знаев во кој правец ќе оди разговорот и директорот ме праша дали може да дојдам на следниот меч. Се разбира одговорив со да“.
Бежанија поради финансиски проблеми испаднала во втора лига и затоа Андреј за почеток ќе биде само волонтер кој ќе работи како аналитичар.
„Понекогаш можам да ја замислам играта во својата глава и си велам дека е многу слично како во реалноста, но понекогаш се чувствувам како да се работи за друг свет. Но како и да е, искуството на Менаџер ми помага во одредена мера“, вели Павловиќ.
Клубот има репутација во Србија во развојот на младите играчи, па така своето виртуелно искуство доби задача да им го пренесе на оние меѓу 16 и 20 години.
Со Бежанија не му било лесно во играта и на моменти му доаѓало да го фрли компјутерот од четврти спрат.
Што се однесува до неговиот менаџерски стил и тајната на успехот, Андреј открива дека секогаш кога може се труди да напаѓа и дека ја преферира формацијата 4-2-3-1.
Завршил медицина, играл фудбал за Фк Жарково, но морал да прекине поради здравствени проблеми. Но тоа му отвори врата за други работи, а тоа е да работи за својот омилен клуб кој до вчера можел да го почувствува само како еден вид игра.