Фудбал

Автоголот на Венди Ренар - францускиот Ван Дајк

Венди Ренар е една од најдобрите француски фудбалерки на Светското првенство за жени кое се игра во оваа земја. Игра на позицијата стопер и ја викаат француски Ван Дајк поради тоа што личи на Холанѓанецот и игра на негова позиција. Но на мечот со Норвешка во 54’ минута направи нешто како да е француски Дејан Ловрен.

Учете странски јазик, да не бидете дрво ко мене

Еден од подобрите фудбалери на лондонски Арсенал, Лукас Тореира признава дека секојдневието му било многу подобро во Италија каде играше за Самдпорија, отколку сега во Англија каде не зборува речиси со никој.

Како ќе изгледаат Меси и обновените гаучоси на Копа Америка

Цели 26 години Аргентина чека на трофејот од Копа Америка. Нацијата сонува како Меси го крева толку посакуваниот пехар. Со подновен состав ќе го напаѓаат тронот.

Луд гол после волеј на Лоренцо Инсиње

Босна не само што ѝ пружи голем отпор на Италија, туку и водеше на полувреме со 0-1 сред Торино после голот на Един Џеко. Италијанците се спасија во вториот дел кога прво Инсиње израмни а Верати во 85’ им донесе победа. Голот на Лоренцо за 1-1 беше ремек-дело.

После ваков фаул, само марица да дојде и да го спроведат зад решетки

Без можност за помилување, без можност за намалување на казната затвор и да се остави во самица. Украинска втора фудбалска лига. Играат Прикарпатја и Суми.

Водич во најголемиот фудбалски турнир летово - Копа Америка 2019

Ако планиравте да одморите од фудбал после финалето на Лига на шампиони, сте се зафркнале. Во петок према сабота почнува Копа Америка - турнирот за најдобрите селекции од Јужна Америка каде се живее за фудбал.

Турските репрезентативци срамно пречекани во Исланд

Во 4. коло од квалификациите за Европско 2020, Турција вечерва му гостува на Исланд кој досега не им се покажал како прав домаќин.

Гестот на Рамос дефиниција за капитен

Шпанија до 64’ минута го кршеше отпорот на Шведска и конечно го скрши. Најпрвин Серхио Рамос погоди од пенал, а вториот удар од белата точка кој Шпанците го добија во 85’ минута реши да му го даде на Алваро Мората, за да му билда самодоверба.

Со ваква игра, Европско е многу далеку - Македонија потопена од Австрија

Македонската фудбалска репрезентација изгуби убедливо со 1:4 (1:1) од Австрија и загуби чекор со водечките селекции во квалификациската група Г за пласман на Европско првенство 2020.

Бидна и тоа, Меси го освои првиот трофеј со Аргентина - „Купот Сан Хуан“

Доволна причина мајтапџиите по Твитер и Фејсбук да тераат марифетлуци со проџваканата тема зошто Меси никогаш нема ништо освоено со репрезентација.

Дали го видовте дриблингот на Нојер?

Со головите на Лерој Сане и Марко Ројс, Германија славеше 0-2 во Минск и го преброди гостувањето кај Белорусија ама момент на мечот беше лудо храбриот дриблинг на голманот Мануел Нојер кој веќе ги навикна сите со коцкањето пред свој гол.

Ова не е аут, ова е аутиште

Хрватска со 2:1 го победи Велс во квалификациите за Евро 2020, а најпознатиот гостински фудбалер Герет Бејл во еден момент фрли аут како да фрла тениско топче а не фудбалска топка.

Турција станува европска фудбалска Боливија

Фудбалската репрезентација на Турција ја изненади Европа откако после Холандија, убедливо го совлада и светскиот првак Франција и тоа на исто место - во градот Коња каде во минатото не играле речиси никогаш.

Кристијано и новиот пехар со Португалија

После болниот пораз од Грција во финалето на Европско 2004 на домашен терен, Кристијано Роналдо остана единствениот од таа генерација кој и ден денес игра за репрезентацијата. Со Португалците синоќа го освои пехарот во Лига на нации откако во финале ја совладаа Холандија 1:0.

Корнерот на Џани Инфантино

Ние сме спремни да се обложиме на ситно дека девојкава што стои покрај него подобро ќе изведе корнер.

Украинскиот бек кој се заборави со новинарката на интервју

Фудбалерот на Манчестер Сити, Украинецот Александр Зинченко после убедливиот триумф над Србија, во едно интервју се занесе и ја бакна новинарката Влада Шеглова во директен пренос.

Меси, луѓево фамилии имаат

Во генералката пред стартот на Копа Америка 2019 која што се игра во Бразил, репрезентацијата на Аргентина имаше полесен тренинг против селекцијата на Никарагва и победи со 5:1. Меси и Лаутаро дадоа по два гола а еден Переира. Она што им го правеше Лионел не е хумано.

Полска ги однесе бодовите од Скопје

Во 3. коло од групата Г во квалификациите за Евро 2020, Македонија изгуби 0:1 (0:0) од Полска и остана на третото место со 4 освоени бода. Пјонтек само што влезе даде гол.

Копачките на Елмас со посебен натпис

Додека останатите фудбалери се решаваат воглавном за стандарден изглед на копачките, фудбалерот на Фенербахче и македонската репрезентација носи необични на кои е испишана неговата најголема желба.

Пјонтек и Милик веројатно на клупа, Левандовски сам во нападот

На нашето прашање на прес-конференцијата на Полска, селекторот Јиржи Бржечек објасни зошто не размислува мечот да го почне со тројцата врвни центарфори, туку ќе стартува само оној најдобриот.

Лудилото на Марадона во соблекувална кога освоил титула со Наполи

Постои анегдота дека клубот Наполи немал доволно пари да го донесе Марадона од Барселона, па така жителите на Неапол собирале пари да го помогнат трансферот. На крај, на 30 јуни 1984-та година, Аргентинецот доаѓа во Наполи и на градот му носи две скудета, први во историјата на клубот.

Роналдо vs еден за греота

Кристијано Роналдо има 34 години, а неговиот чувар Кевин Мбабу 24 или да не е обратно? Кај ја потепа Швајцарија со хет-трик, па уште и душа му зема на малиов.

Бобо е труден шести месец

Иако пролетта нема абер, а не па летото Бобо Виери веќе е гол и спремен за бањање, сончање, швалерисување и сè она што му е во репертоарот секое лето откако стана млад и среќен пензионер. Италијанскиот комичар Андреа Пучи го ремети дека е шести месец труден и дека чека машко дете кое славниот напаѓач вели дека ќе се вика Луиџи.

Излезе видео со Нејмар и старлетата

Големата ѕвезда на ПСЖ периодов воопшто не е раат. Бразилката Нажила Мендеш прво го обвини дека ја силувал, а потоа тој во самоодбрана објави разговор со неа во кој покажа како му испраќа голи фотографии. И сега најново се појави видео од нивна средба во хотел на која се гледа како типкава прво му легнува, а потоа го напаѓа.