Неодамна објавивме видео снимено со мобилен зад ограда на кое се гледа како фудбалер му удира бокс во глава на судија кој како покосен падна на земја.
Се работи за натпревар од 11-ра германска лига, но тоа не е Македонија да мине со она „абе никој не виде“, туку стигна казната.
Фудбалерот е казнет со максимална суспензија од 3 години, а настрада и неговиот клуб кој нема да може да се натпреварува шест месеци и ќе мора да плати казна од 500 евра.
The match between the two 11th-tier sides FSV Münster and TV Semd was abandoned in the 85th minute.
— DW Sports (@dw_sports) October 28, 2019
The 22-year-old referee was airlifted via helicopter to a nearby hospital, according to local reports.
„Такво нешто не припаѓа на спортските терени и трите години се целосно оправдани. Тоа беше највисока можна казна“, изјавија од фудбалската асоцијација под чија капа е тој аматерски ранг.
22 годишниот судија падна во несвест од ударот и беше пренесен во болница со хеликоптер, а на почетокот од овој месец судии од Берлин и Келн протестираа против насилството на натпреварите на локално ниво.
Тука го имате боксот.