Прво имавме бугарско фудбалско насилие, па прилепска фудбалска расправија, па на ред дојде српска фудбалска лакрдија. Сето тоа од нисколигашкиот фудбал, каде премија е да се вратиш дома читав ако си судија.
Доживях и аз да снимам прекратен мач, напиша снимателот на ова видео, кое е доказ дека нема бегање од селската фудбалска традиција на Балканов позната како „Ќе јадеш ќотек ако свириш против домаќинот“. Ако ви значи нешто дуелот е ОФК Костинброд - Торнадо Безден.
Зошто? Затоа што нејќеш. Ќе досудиш техничка грешка и некоја битанга ќе ти рипне до толку агресивно што на крај кошаркарската кариера ја плати со доживотна суспензија и приведување во полиција. Каков идиот.
Германија минатиот месец беше згрозена и се чудеше на насилничкиот потег на еден играч кој направи потег, типичен како за селски фудбал каде судиите се најнезаштитени. И така и беше, бидејќи немаше ни лекар во близина.
На аматерски меч во Германија, случајно се најде еден на ограда да сними нешто што може само да помине во ринг. 28 годишен играч му влегува на 22 годишниот судијата со бокс, крајно сељачки и насилно по што овој паѓа на земја.
На големото бразилско дерби меѓу Фламенго и Васко да Гама (2:2), некогашниот фудбалер на Севиља и Милан Луис Фабиано (36) го доби најглупиот црвен картон сезонава. Во тој момент Васко водеше 0:1.
„Дојдов дома, ја гушнав сопругата и почнав да и се жалам. Сегде ме боли", изјави судијата кој доби четири конци на јаболчницата. Па сега видете зошто напишавме таков наслов за човеков на кој сигурно не му е до судење повеќе.
Викендов на мечот од втората хрватска лига меѓу Дугопоље и Сесвете се случи чуден момент. Главниот судија Тино Кречак не призна гол на гостите од пенал при резултат 2-1 за домаќините. Анте Аралица го шутираше пеналот и топката излезе од голот. Судијата не го призна голот а играчите на Сесвете веднаш му скокнаа. Мечот на крај заврши 2-2, гостите израмнија во 95. минута од мечот. Веќе во 96-та минута имале шанса за 2-3 ама погодиле пречка.
Очајни времиња за спортот на Кипар каде проценките одат и до 67% сомнителни, наместени исходи на натпреварите. Претставени се нови правила, но дали ќе се решат проблемите?
Во првенството за мал фудбал во Западен Сибир, на мечот Курган - Вираж, гостинскиот фудбалер Сархан Микаилов ја замени улогата на најголемиот ривал на Попај морнарот.