Минатата недела во фудбалскиот клуб Ница се случил незапаметен скандал. Новото засилување на клубот Каспер Долберг, кој летово дојде од Ајакс за 20,5 милиони евра останал без страшно драгоцен и скапоцен часовник.
И тоа боксерски патосиран, во права смисла на зборот. За време на еден дуел меѓу Севиља за која играше Аргентинецот и Барселона чиј дрес го носеше Ромарио. Бразилецот после еден центаршут му удира толку силна тупаница на Чоло после што овој не можел да стане.
Златан Ибрахимовиќ си измисли таканаречен Матрикс џелинџ и тагна четворица славни личности: тенисер, агент, фудбалер и борач. Мино Рајола врвки не може да врзе, не па вака да се свитка. Ѓоќовиќ ќе проба, пошто сака вакви егзибиции.
Треба да сме среќни што гледаме фудбал во време на Меси и Роналдо, бидејќи двајца вакви монструми во исто време кој знае кога пак ќе се родат. Крај нема на анегдоти за нив, а особено е важно што ги даваат нивни колеги кои без памет останувале кога требало да ги маркираат.
„Старата дама“ стана првиот клуб во Италија кој поседува свој сопствен хотел. Во фоајето на J Hotel може да се поздравите со Џиџи Буфон, да се сликате со Бонучи, или па да налетате на Игуаин, Рабио и Маурицио Сари како пијат кафе.
Некогаш на стариот континент дрмаа Хидетоши Наката, Шинџи Накамура, Шинџи Оно и други, па подоцна имаше период на стагнација на јапонскиот фудбал во Европа, а сега сликата е скроз поинаква.
Како што старите раскажуваа за Пеле, Гаринча, Сократес, Бекенбауер, Џајиќ, Паоло Роси и многу други, така идните поколенија ќе слушаат за Кристијано Роналдо. А богами ќе имаат и што да видат.
Кеси утна срамен зицер, судијата свирна офсајд, а не беше. Ѕаѕа излезе сам пред гол, се излизга и наводно се повреди. Пјонтек од едно метро со глава, како да ви кажеме. Со други зборови требаше да заврши 3:3, ако влезеа сите три.
Ако некој случајно подзаборавил на тогаш 16 годишниот норвешки тинејџер на Реал Мадрид, кој беше претставен како Бог, епа сега има 20 и се кали на позамијца во Реал Сосиедад. Малиот гази по првите 6 кола, а Сосиедад е втор на табела со четири победи.
Со голот на Пјонтек, Милан имаше 0:1 на гостувањето против Торино, кој направи целосен пресврт со два гола на Белоти за 4 минути. На вториот ептен среќно му се наместија коцките. Ја промаши цела топка, па некако му се намести на ножички. Ретко виден гол.
После брат му на Рајан Гигс, букмејкерската куќа Paddy Power сними рекламна кампања и со својот нов амбасадор, Жозе Мурињо. Целата реклама зборува за интересните моменти низ кариерата на Жозе, кој имаше и големи падови како тренер.
Епа не може во се да му оди, а педантните статистичари му најдоа такво нешто и навистина откако е дојден во Италија, никако, ама никако да го скрши мразот од прекин.
Руски фудбалски Куп, Зенит гостуваше 4.600 километри подалеку од дома, кај Јенисеј во Краснојарск. Во 14’ минута од мечот Констатин Савичев даде преубав гол за домаќинот. На крај претставникот во Лига на шампиони направи пресврт и победи 1-2.
Јапонецот Шоја Накаџима од Порто поседува доста бразилски манири во себе. Барем таков изгледа кога ќе го нападнат двајца, како на синоќешниот дуел против Санта Клара. Па тој првиот е да го жалиш, а добро што го нападна втор, бидејќи некако ни недостигаше роналдињовката.
Додека навивачите на „црвените ѓаволи“ во малиот Мејсон Гринвуд гледаат светло на крајот од тунелот, синоќа им дојде еден уште помал фудбалер и ги олади на „Олд Трафорд“ па спасуваа жива глава на пенали.
По ужасот на Тотенхем кој како европски вицепрвак се изрезили против четвртолигашот Колчестер, уште една екипа која ја знаеме само од билтен беше блиску до сензација. Тоа е Рочдејл од Лига 1, кој не само што му извади 1:1 на Манчестер Јунајтед и загуби дури на пенали, туку можеше да им ја закопа поштено.
Во малото словенечко дерби, Олимпија со 1-4 го прегази Домжале на гости. Вториот гол за тимот од Љубљана беше потпис на Ендри Чекичи од Поградец (Албанија).
Стратегот на Болоња летоска објави шокантна вест на прес дека боледува од леукемија. Неговиот процес на лекување почна скоро, поддршка доби од цела Италија и пошироко, ама ете се најдоа некои идиоти и со вакви работи да се заебаваат.
Во меѓунеделното коло од Ла Лига, Барселона со 2-1 го совлада Виљареал со головите на Гризман и Артур. Ама навивачите уживаа во претставата на Фати и Френки Де Јонг.
Милано. Градот на модата, елитата и гламурот. Оперскиот театар Ла Скала, на сцена маестро Андреа Пирло кој отвора коверт и го објавува името на Силвија Греко - жената која победи во номинацијата навивач на годината на церемонијата FIFA The Best.
Наполи му честиташе синоќа роденден на Елмас со видео на кое македонскиот репрезентативец изведе една нереална мајсторија. Под него има чаршав од коментари, а еден напишал: Со овој удар на Елмас, Наполи е првиот тим од Серија А со постигнат гол од зад гол.
Ако после колото во Лига на шампиони зборувавме дека нешто со Тотенхем не е во ред, тоа се потврди синоќа. Лондонците испаднаа од Лига Купот од ЧЕТВРТОЛИГАШ. Значи не чемпиопншип, не лига 1, туку лига 2.