Дејвид е долгогодишен верен навивач на Ливерпул со малку поинаков развој и со годишна карта од Црвените.
Преку недела работи во супер маркет каде се грижи за количките, за да може за викенди да оди на сите натпревари на Ливерпул и дома и на гости.
Клубот во договор со братот на Дејвид му спреми изненадување кое ќе го памети засекогаш, а во главна улога е Ван Дајк. Му приоѓа пред супер маркет и му вика ајде со мене до базата на европскиот првак.
Поентата не е само да види како изгледаат клупските простории на Ливерпул и да запознае дел од играчите, туку добиваат со брат му ВИП карти за божиќниот меч, па уште и покривање на сите трошоци на гостување на крај на сезоната. Убавини.
.@VirgilvDijk surprises a lifelong Red, who has had some challenges in his life. A day David will never, ever forget ❤️
— Liverpool FC (@LFC) November 26, 2019
Dear Liverpool FC, presented by @NIVEAMENUK... pic.twitter.com/lqtgK39kek