Интер синоќа ја совлада Бреша 1:2, ама не било сè така розево за Нероаѕурите, затоа што ова што го утна Марио е потешко да се промаши. Погледнете ја шансата од аголот што го снима камерата зад гол. Хандановиќ практично му ја намести со рака, а овој на кров ја дувна. Срамотилаци.
Масимилијано Мангравити е тотален анонимус за кој има буквално едвај два реда инфо на Википедија. За дечково 2019-та ќе биде неверојатна за раскажување. Година во која по некогаш немал кај да спие, а синоќа дебитираше рамо до рамо до еден Лукаку.
Диего Марадона е тренер на Химнасија Ла Плата, тим кој синоќа му гостуваше на Њуелз во аргентинската Супер лига. Диего на времето одиграл само 5 меча за Њуелз, ама го пречекаа како Тутанкамон уште кога влезе во градот.
Рајан Черки има 16 години и во моментов важи за најголем талент на новата генерација фудбалери во Франција. Игра за Лион, од скоро е приклучен во првиот тим, ама таму мора да пројде тестови кај најдобриот играч на екипата, Мемфис Депај.
Ветераните од репрезентациите на Израел и Бразил, меѓу кои беа Роналдињо, Карлос, Кака и многу други светски познати ѕвезди, одиграа пријателски натпревар во чест на празникот Шалом на стадионот „Сами Офер“ во Хаифа.
Во рамки на меѓунеделното коло од Серија А, Интер со головите на Лаутаро Мартинез во 23’ и Ромелу Лукаку во 63’ ја совлада Бреша на гости, а тренерот Конте се радуваше како блесав.
Се работи за симболот на Клуб Бриж, Раул Ламберт кој целиот свој живот го има посветено на овој клуб. Од 1956-та до 1962-ра во академијата и од 1962-ра до 1980-та во првиот тим. 18 сезони, 270 голови, 5 првенствени титули, 3 купови.
Барселона сезонава нема перфектен старт бидејќи има 7 победи по 10 изминати кола, ама затоа кога ќе им тргне како вчера, да му е мерак да човек да ја гледа со овие лепота од акции и голови.
Сведоци тврделе дека е вистина, а други кажуваат дека е мит. Како и да е, ова што ќе го видите на видеово, не го направил ни Марадона, ни Меси, ни Роналдо, ни никој друг.
На својот Инстаграм профил на кој го следат 38 милиони луѓе од цел свет, Златан најави нешто интересно. Веројатно ќе следува наскоро во јануарскиот преоден рок.
МОЛ Фехервар каде играат репрезентативците Николов и Муслиу, викендов дома загубија 1:2 од Ференцварош. А и како да победат противник со ваков голман. Се вика Денеш Дибус, седма сезона е член на Ференцварош и слободно може да го викаат пајак. Ги исфрустрира Бобан и другарите со чудесниве интервенции.
За време на квалификациите за Светскиот Куп во футсал, Грузија со 2-3 ја победи Полска. Еден од головите кој за Грузија го даде натурализираниот Бразилец Родриго Андреи не може да се опише и треба да се погледне. Според прославата на голот изгледа дека немал ваква намера.
Во ситуација кога Барселона и Реал Мадрид потрошија по 200 до 300 милиони евра на трансфери, кога ќе се погледне првопласираната екипа на табелата во Шпанија, ретко кој не прашува да не е некоја грешка.
Политехника Јаши синоќа дома го пречека лидерот во романската лига и учесник во Лига Европа, Клуж. Итрите домаќини решиле да им дадат дресови од Селтик на сите деца задолжени за фаќање на топките крај теренот, со цел да ги нервираат играчите на Клуж кои неодамна изгубија од шкотскиот шампион во групна фаза од Лига Европа (иако чудесно го елиминираа Селтик во квалификациите за ЛШ летово, па пак се најдоа во ЛЕ).
Амад Траоре е првиот фудбалер роден 2002-ра година кој стана стрелец во италијанската прва лига. Даде гол за Аталанта против Удинезе. Епа следниот ден малиот не беше ниту во школо, ниту на рехабилитација по дебито во Серија А, туку имаше поважна работа.
На аматерски меч во Германија, случајно се најде еден на ограда да сними нешто што може само да помине во ринг. 28 годишен играч му влегува на 22 годишниот судијата со бокс, крајно сељачки и насилно по што овој паѓа на земја.
Навивач на Милан направил компилација на како што вели само сериозни грешки од синоќешното гостување на Олимпико каде загубија 2:1. Се фатија за Сусо дека ништо не играл, а навивачов кој размислува порационално вели вака:
Амад Траоре во јули годинава наполнил 17 години, а викендов стана првиот фудбалер роден во 2002 година кој дал гол во Серија А. Дебитираше во историската победа на Аталанта од 7-1 над Удинезе и 6 минути откако влезе во игра даде гол. А брат му Хамед Џуниор Траоре игра за Сасуоло како позајмен играч од Емполи. За него сериозно е заинтересиран Јувентус.
Манчестер Јунајтед го совлада Норич со 1:3, но на овој натпревар промаши два пенали: Холандскиот голман Тим Крул (сетете се на пенал серијата Холандија - Костарика на Светското 2014) им ги одбрани ударите на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал.
После мечот Фиорентина - Лацио (1-2), Франк Рибери кој беше заменет од тренерот Монтела со Боатенг во 74’ минута, им се пушти на судиите. Два пати силно го турна помошникот линиски судија Матео Пасери поради тоа што не сигнализирал фаул од Лукаку над Сотил во акцијата после која Чиро Имобиле го постигна победничкиот гол.
Арсенал после 9 минути водеше 2-0 против Кристал Палас и наместо да го затвори мечот, им дозволи на гостите да израмнат. Откако го примија вториот гол, Унаи Емери реши да го извади Гранит Џака од игра, а овој дополнително ги изиритира навивачите кои го исвиркуваа поради слабата форма цела сезона. Во еден момент им вика: Fuck off, поради што би можел да остане без капитенска лента.