Во првото коло од новата сезона во МЛС, Колумбус Кру освои три бода откако го победи Њујорк ФЦ, ама шутов на Луис Дијаз ако се појави на избори за најлош обид за шут, ќе го гласаме.
Да ги одмориме малку Клоп и Мурињо и да видиме како изгледаат шегите на балкански терен. Во очи на големото дерби Звезда - Партизан, поранешните српски репрезентативци Милошевиќ и Станковиќ на симпачитен начин направија смешка во прес центарот.
Белградското вечно дерби се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ и заврши без голови. Пред, за време и после дуелот низ градот имало неколку инциденти меѓу навивачите на двата клуба.
Нема зборови што може да го опишат ова ремек дело од интервенција во полскиот прволигашки фудбал. Дечково се вика Мачеј Домбровски, игра за последнопласираниот Заглебле Лубин и во обид да расчисти опасност го направи најневеројатното.
Андре-Пјер Жињак е повремен француски репрезентативец. Веќе неколку сезони е главен играч во мексиканската лига. Игра за Тигрес. Синоќа на мечот против Пумас даде три гола од кои третиот му беше тотално луд.
Толку е ова глупо, што човек не може да го сконта и објасни, а се случи во втората француска лига на мечот Каен - Гренобл конечни 2:0. Па ова не проаѓа ни на тренинг.
И покрај тоа што има задача да држи среден ред, Аријан Адеми често знае да се пробие во шеснаесетник како воз. На мечот Динамо - Ријека тоа го направи за рекордно време во кариерата и го постигна веројатно еден од најбрзите голови во хрватскиот фудбал.
Арсенал и Олимпијакос одиграа луд реванш од Лига Европа. Со продолженија, со голови, со пречки, со шанси со драма. Интересен беше и слаломот на Николас Пепе кој издрибла пола екипа на Олимпијакос, ама залудно.
Од неколку прифатливи противници, Рома падна против клубот кој најмногу во историјата го има освојувано трофејот во Лига Европа и буквално „ја сврте игрицата“ во ова натпреварување. Интер против незгодниот Хетафе.
Кога на Олд Трафорд можеш веднаш да се прилагодиш и веќе во првиот месец да се истакнеш со два гола и две асистенции, а згора на тоа да те фали една од најголемите легенди на клубот, тогаш тоа е тоа. Ќе те биде, односно те бидува веќе.
Џабе ножичките на Обамејанг кога Олимпијакос ги исфрли од Лига Европа среде Лондон, а истиот тој Обамејанг во последните секунди од мечот се посрамоти за сите пари. Каков резил пред гол кој е долг 7 метри. Имаше шанса да го спаси Арсенал од срамот.
Клуб Бриж на првиот меч против Манчестер Јунајтед во Лига Европа одигра достојно (1:1). На реваншот во Англија се држеа 22 минути, ама тогаш нивниот стопер Симон Дели направи будалеста работа, помисли дека е голман и тргна со рака да брани еден шут.
Интер го победи Лудогорец прво на гости 0-2 во Бугарија, па на реваншот пред празни трибини поради коронавирусот во Италија, се намачи. Бугарите поведоа со 0-1, па Интер мораше „да ја врти“ преку Бираги и Лукаку. Овој вториот даде многу интересен гол.
Јунајтед, Интер, Шахтјор, Хетафе, Копенхаген, Олимпијакос и Севиља им се придружија на клубовите кои неколку часа претходно обезбедија пласман во осминафиналето на Лига Европа. Олимпијакос го потопи Арсенал среде Лондон.
Спортинг Лисабон за кого игра македонскиот репрезентативен бек, од првиот меч против турски Башакшехир имаше предност 3:1. Во реваншот до 91' минута губеа 2-1 па примија гол од пенал и во продолженија уште еден па испаднаа.
Порто беше декласиран од Баер Леверкузен дома со 1:3 и Германците одат во следна фаза. Најдобар поединец кај Порто беше Жезус Мануел Корона кој во неколку наврати ги измести противничките играчи.
Во бразилскиот Куп се случи луд пресврт. Парана губеше 0-2 од Баија де Феира. Гостите ги дадоа двата гола во 60’ и 60’ минута. И до 90+1 беше 0-2. На сцена тогаш стапија домаќините.
Ѕвездата на ПСЖ зборува за тоа како добил шанса да тренира во Реал Мадрид, но кога видел кој го собира со кола од аеродром, толку имал трема што мислел дека сонува и му поставил глупаво прашање.
Зборуваме за поранешниот јапонски репрезентативец кој играше за Милан, а сега е во Ботафого. Бразилски фудбалер од негов тим го прашува како се вика на јапонски „пас“, односно додавање. Овој му одговара, ама другиов додека да сфати пет серии ќе направеше со теговите.
На мечот меѓу Рајонг ФЦ и Муангтонг Јунајтед од најдобрата фудбалска лига на Тајланд, домашниот голман Утилат Намахот направи неколку баш чудни кикса после кои неговиот тим прими 3 гола и гостите победија 0:3.