Чудесниот пас после кој сите на Џузепе Меаца се држеа за глава

Синоќа во Лига на шампиони паднаа неколку преубави голови, а имаше и такви асистенции за кои нема логично објаснување. Флоријан Нојхаус, играчот на мечот Интер - Борусија Менхенгладбах (2:2) со хируршка асистенција во која испаднаа дури 6 играчи на Интер, го пронајде Јонас Хофман кој им донесе 1:2 во 84' минута.