Фудбал

Како играч на Шкендија Арачиново се поздравуваше со кумановци?

Чуден штоф од држава сме, а за фудбал па да не правиме муабет. Една недела мина од тензичното третолигашко гостување на Куманово против Шкендија од Арачиново на кое посочија дека се соочиле со закани и ќотек и никој ништо не презема. Кумановци објавија видео од поздравувањето пред мечот. „Луѓе каде живееме во Македонија или во Колумбија?“, велат во нивното соопштение.

Едно минутен носталгичен празник за сите пари

Слушајте го ехото, почувствувајте ја атмосферата и гледајте ги фаците на терен. Свен Горан Ериксон vs Алберто Ѕакерони. Неста, Михајловиќ, Верон, Бокшиќ, Салас од едната, Малдини, Костакурта, Албертини, Шевченко, Веа од другата страна. 25 години поминало од оваа легендарна средба која заврши со спектакуларни 4:4. Како вчера да беше. Хет-трик на Шева. 65.000 на Олимпико.

Само Чиро легендата има дадено ваква изјава на Светско

Се работи за Мундијалот 1998 во Франција каде Хрватите го остварија она легендарно трето место. Еден од противниците во групна фаза им беше Аргентина која го имаше легендарниот Габриел Батистута со 5 погодоци на тоа Светско. Хрватите пак се гордееа со легендарниот Давор Шукер кој заврши како прв стрелец тогаш со 6 комада, пред напаѓачи како Роналдо, Салас, Анри, Бергкамп, Бироф, Клинсман, Виери, Ширер....

Страшниот спринт на Анри кога со топка го претрча Роберто Карлос

Не се сеќаваме кој играч се дрзнал и му успеало да го претрча Карлос со топка. Ама ете, Тиери нè потсети. Роберто Карлос возеше во трета, ама потоа го снема од кадар бидејќи Анри убаци во четврта. Снимката е стара 20 години.

Навивач кој и е страшно наапан на Рома

„14 пати завршувате втори, последен пат сте биле први пред 23 години. Губите 7:1 од Манчестер Јунајтед, па 6:2. Се правите дека сте голем клуб, а освојувате трето по ранг европско натпреварување. Аталанта е поголем клуб од вас, се надевам ќе завршите во трета лига“. Абе ко навиен е.

Само што се врати во Бразил, Ендрик продолжи да стрела

По сјајните настапи во Европа каде гостуваше со репрезентацијата на Бразил, младиот 17-годишен центарфор Ендрик кој постигна победнички гол против Англија и стана најмлад стрелец во историјата на „Вембли“ па даде гол и на „Сантијаго Бернабеу“ во ремито 3:3 со Шпанија, сега им се врати на обврските во Палмеирас.

Затоа е тренер на сезоната

Чаби Алонсо во кариерата играше за гигантите Реал Мадрид, Баерн Минхен и Ливерпул. Учеше од најдобрите тренери и стекна занает кој во мешавина со неговото фудбалско знаење го направи најдобар тренер сезонава. Неговиот Баер Леверкузен игра како во еуфорија, нема пораз на повеќе од 30 натпревари и е главен фаворит за титула во Бундеслига и меѓу фаворитите за круна во Лига Европа.

Никогаш да не се предаваш

Стандард Лиеж - Севиља. Лига Европа групна фаза. Гостинскиот голман Томаш Вацлик решава да оди до крај.

Ма каков црвен, на топка одеше

Гремио vs Кашиас. Фудбалeр е овoј или од ринг го донеле?

Како фудбалери никогаш не треба да прославуваат гол

Арјен Робен, ведетата на Баерн Минхен и легендарен холандски фудбалер еднаш тешко се повреди откако тргна да слави гол со лизгање на коленици. Оштетил и лигаменти и што уште не попатно. Од тогаш апелираше до сите фудбалери да избегнуваат да ги слават головите на тој начин.

Мамињо: „ЕУ треба да плаќа со злато да влеземе кај нив“

„Европа треба со злато да ѝ плаќа на БиХ да влезе во ЕУ, БиХ да им биде терапија за мозок, за душа, таква природа има овде... Како луѓето живеат во Европа, малку го чувствуваат стварниот живот. Овде се помали гужви, храната, природа, вода уште можеш да пиеш од чешма“.

Судиско технолошко изненадување во македонска четврта лига

Не е сè така црно во нисколигашкиот фудбал во Македонија. После оние третолигашки лакрдии во Коњаре и Арачиново, сме требале само да се спуштиме еден ранг подолу за да видиме што има ново.

Дуел на денот како најдобар приказ колкава е желбата човек да заигра на Европско

Грузија ја испиша историјата, истата која ја испишавме ние против нив на нивен терен пред 4 одини. Во бараж финалето од Лига на нации, после тешка 120 минутна битка без голови, ја совладаа Грција на пенали. Ова е таа борба која ја отсликува желбата да се израдува нацијата и да се биде на иста сцена со најголемите.

Акција на Хрватска, пример за тимски фудбал и воиграност

Не е битно дали одиш на пријателска во Анталија или на турнир во Египет. Битно е да ги искористиш тие средби за воигрување, за после во важни натпревари да не бидеш дудук. Во репрезентативните термини, Хрватска играше Куп натпреварување кое го освои откако во финале го победи домаќинот Египет со 4:2. Погледнете ги колку се добро поврзани. Везат и не бадијала на последните две светски се втори и трети.

Брилијантот Ендрик за кого Флорентино Перез се симнал во соблекувални

Шпанија и Бразил прикажаа врвни мајстории а главни ведети на терен беа најмладите: Ламин Јамал и Ендрик. Бразилецот кој има 17 години ја реши Англија среде „Вембли“ во саботата вечер, а во четвртокот вечер само три минути откако влезе во игра ја матираше и Шпанија на „Сантијаго Бернабеу“.

Пази леѓа Нико

Аргентина со пресврт од 3:1 ја доби Костарика на пријателска. Меси не настапи, мечот го одбележа Ди Марија со прекрасен погодок од слободен удар. Во финишот од средбата напаѓачот на Фиорентина Николас Гонзалес доби одлична топка, го лобуваше голманот еден на еден и постигна гол за 4:1. Односно само тој мислеше дека го дал.

Цел „Сантијаго Бернабеу“ со стоечки овации за чудото од дете на Барселона

Шпанија и Бразил одиграа спектакуларен натпревар со 6 гола. Најголеми ѕвезди испаднаа најмладите од двете селекции. Бразилецот Ендрик кој пред неколку дена стана најмладиот стрелец на „Вембли“ каде Бразил победи 0-1, сега даде гол и на „Сантијаго Бернабеу“ каде го чекаат за некој месец како нов играч на Реал. А блескаше и бисерот на Барселона.

Во живот не сме виделе вакви ножички како овие на африканското дерби

Секоја чест на Ибра, Руни, Роналдо и сите други играчи, а ги има многу, кои демонстрирале велемајсторски ножички. Ама овие се нешто посебно и поразлично од сè што сме виделе до сега. Врвна мангупарија која веднаш треба да влезе во бележникот на ФИФА. Сам си ги намести батето. Не е нормален. Па дури и се повреди од што му беше нестварна акробацијава.

Туку Ди Марија како ја стави добро во мрежа

Во преку 50 пријателски средби ширум светот синоќа, играа и Аргентина и Костарика. Во Лос Анџелес пред бројна латино дијаспора, Костариканците воделе 0-1 на полувреме но светскиот шампион во вториот дел направил целосен пресврт и славел со головите на Ди Марија, МекАлистер и Лаутаро Мартинез. Посебно јак е израмнувачкиот погодок.

Нему само му се играло фудбал

Шпанија и Бразил одиграа атомски меч на пријателската во Мадрид која заврши 3:3. Многу акции, шанси, прекрасни дриблинзи и голови, ама и беспотребни провокации од Винисиус кој го удри шпанскиот стопер Ајмерик Лапорте зад грб. А само пред два дена на прес-конференција плачеше додека зборуваше како само му се играло фудбал.

Мега славјето во Тбилиси

После осум квалификациски обиди и уште два преку Лига на нации, Грузија успеа за прв пат по осамостојувањето да влезе во најелитното европско фудбалско друштво откако во бараж финалето од Лига на нации на пенали ја совлада Грција.

Португалија изгуби од Словенија, Роналдо збесна во Љубљана

Словенија направи големо изненадување откако со сјајна, борбена игра го победи големиот фаворит Португалија 2:0 и им го нанесе првиот пораз после неверојатна серија од 11 победи по ред. Кристијано Роналдо по крајот од својот 205-ти настап за Португалија се оправал со босанскиот судија Ирфан Пељто на кого му викал дека ги оштетил за два пенали, по еден во двата дела.