Фудбал

Со ваков ѕвер навивачите на Реал треба да се мирни

Мечот меѓу Шпанија и Германија за Кралевите донесе непријатни вести, а тоа е дека нивниот главен играч го повредил коленото поради што ќе отсуствува три недели. Но Серхио Рамос е машина и три дена по ред објавува видеа од тоа како се спрема за кам бек, кој очигледно според ова што го прави ќе биде многу порано.

Еден чуден пенал за Галатасарај во Турција

Галатасарај играше дома против Кајзериспор и наместо да освои 3 чисти бода, на крај мораше да се задоволи со бод. Пенал буквално им подари нивниот поранешен играч Мугдат Челик кој во свој шеснаесетник „мртов-ладен“ си ја зема топката со рака. Доби црвен картон, примија гол, ама неговите соиграчи израмнија само пар минути подоцна.

Де Ѕерби - италијанскиот Гвардиола со кој Сасуоло игра фантазија од фудбал

После 8 кола во Серија А, втор е Сасуоло и тоа е најпријатно изненадување во Топ5 лигите во Европа. Најзаслужен за тоа е некогашниот талентиран бисер на Милан кој со романски клуб играл во Лига на шампиони а сега е  „Пеп за сиромашни“.

Ние во трета лига го имаме Дрогба, а Хрватите Михајловиќ

Ептен се распукаа со голчишта деновиве стрелците од нисколигашките лиги. Вчера се дивевме на евроголот на Николче Кимов од Локомотива Градско, а денеска на левицата на извесен Луетиќ од Загора, кој мислиш одел на часови кај Михајловиќ и Жунињо.

Надзорна камера случајно сними еврогол во бугарско село

Ретко виден гол паднал на мечот во бугарската „А“ Областна Група - Стара Загора меѓу еипите на Тунџа и Мини Марица Исток. Димитар Димитров со страшен шут од 25-26 метри ги поставил конечните 3-1 за Тунџа. Голот го снимила надзорна камера за безбедност на стадионот „ПРО“ во Павел бања.

Легендарниот кабинер на Арсенал кој после 30 години добил отказ, па ги продал сите дресови и медали

Пол Џонсон работел во Арсенал цели 30 години. Дошол во клубот уште пред Арсен Венгер и имал позиција на гардеробер/администратор на екипата.

Бајката за шампионот од крајниот север - норвешкиот Лестер кој направи чудо

За првпат во историјата на Норвешка, шампион стана Буде Глимт, најсеверниот првак на светот, основан во далечната 1916-та а кој пред 2 години беше второлигаш.

Херојот на Македонија: Сложни сме како семејство, а голот против Грузија ми е најдраг

Горан Пандев не може глава да крене од честитки, интервјуа и насловни страници, а и зошто би било поинаку кога ова што го направи е круна на неговата кариера која е за почит и каква што немал друг македонски фудбалер во историјата.

Лидс му приреди незаборавно доживување на дете болно од рак

Знаеме дека на Англичаните им нема рамни кога се во прашање организации со кои им прават големи изненадувања на многу деца. Дури и кога не смеат да ги прекршат протоколите на стадион, тие знаат да смислат брилијантен начин како да “внесат“ дете на терен.

Збунувачка (не)фудбалска сцена на сезоната

Мислевме дека ова е момент од аматерски натпревар, што се разбира и таму не е за оправдување, ама тоа да ти било мечот Престон - Шефилд од Чемпионшип лигата, која е доста ценета и каде се бијат епски битки за пласман во Премиер.

Ѕидар на колото

Евертон славеше со 2-3 на гостувањето кај Фулам и после 3 порази по ред им се врати на победите. Најдобриот играч на „карамелите“, Бразилецот Ришарлисон после мечот му го подари дресот на еден мајстор кој работи на реконструкција на трибините на „Кревин Котиџ“.

Македонската трета лига го виде Дидие Дрогба

Исушена трева, дрвја, куќи и ограда на која висат луѓе, а позади гол пченки. Типичен амбиент за третолигашки меч на кој се среќаваат Локомотива Градско и Црнилиште. И кога наеднаш еден габаритен шпиц ја полни левицата за која ќе зборува цело село.

Конфликтот на Арсенал со Алиоски, Евра вика дека Џани глумел за Оскар

Левиот бек на македонската фудбалска репрезентација е тема на разговор меѓу следбениците на Премиер лига. Синоќа на мечот Лидс - Арсенал, Џани беше во главна улога на теренот а за него зборуваа и во студиото на Скај Спортс.

Мики, што беше со ракетава?

Како од сенка, без многу помпа, Португалецот Пауло Фонсека прави мали-чуда со скромниот состав на Рома. Имаат 10 натпревари по ред без пораз, трети се на табела пред шампионот Јувентус и играат супер убав фудбал. Предводник на клинците е Ерменецот Хенрик Михтарјан кој синоќа постигна 2 гола во победата над Парма од 3:0.

Тема на денот е 39-годишниот Ибрахимовиќ

Фудбалерите на Милан како да не се зафркаваат кога спомнуваат борба за самиот врв до крајот од сезоната. Синоќа глатко го нокаутираа Наполи во Неапол 1-3 со 2 убави гола на Ибрахимовиќ и 1 на младиот норвешки бисер Јенс Хауге. Златан и нашиот Пандев што се постари, толку подобро играат.

Чудна асистенција во Хрватска - ветер му ја намести на тацна

Во најдобрата хрватска лига, Горица водеше со 1-2 кај Шибеник. Во 93' минута Кристијан Ловриќ ја потврди победата со гол на асистенција на ветрот.

Ретко се гледаат вакви автоголови во Бундеслига

Баер Леверкузен водеше на гости кај Арминија Билефелд од 27 минута, ама во 47-ма минута нивниот голман Лукаш Храдецки го даде најсмешниот автогол на сезоната во Бундеслига. За негова среќа Александар Драговиќ во 88' минута донесе победа за Баер.

Има такви слободни удари кои двајца голмани не ги фаќаат

Вкупно 4 гола паднаа во дуелот меѓу Заглебје Љубин и Стал Мјелец во Полска. Од тие 4, еден беше баш онака мераклиски. Го постигна Петери Форсел за гостите и ги постави конечните 2-2.

Мануел Ноер пуштен на најјако

По вечната репрезентативна пауза, се врати клупскиот фудбал. Баерн Минхен се сопна со Вердер Бремен (1:1), а можеше и да изгуби да не беше човекот кој освои 23 пехари во кариерата и кој денес го одигра 400. јубилеен меч во кариерата. GOAT.

Голманот на Стандард поснаодлив од 3 напаѓачи

Арно Бодар, голманот на Стандард Лиеж му донесе голем бод на својот тим против Еупен во 90+7' минута. Џабе домашниот тренер играше со 3 шпица во еден момент, кога голманот му донесе бод по една гужва.

Е не како Баџо ќе ја рогам во облаци

И непрецизниот пенал знае да биде многу прецизен. Она што е најважно во случајов е што нема жртви.

Кога беше првиот испад со гризење на Луис Суарез

На 20 ноември 2011-та на дербито Ајакс - ПСВ уругвајскиот центарфор на сред терен пред сите присутни го загриза противничкиот фудбалер Бакал. После ова имаше уште многу слични епизоди а најмногу се памети онаа со Кјелини.

Лудило во соблекувалната на Монако и кусо обраќање на Ковач

Фудбалерите на Монако се изборија за сензационален пресврт против актуелниот првак на Франција кој го добија со 3:2 откако губеа 0:2 на полувреме. На двата гола на Мбапе со иста мера врати Воланд, а точка на мечот стави Фабрегас од пенал во 84-та минута. Збудалеа од радост.

Ни недостига Иниеста во ЛШ

Дечки толку е со репрезентации за годинава. Следува викендашки клупски фудбал, па Лига на шампиони и тоа три недели со ред. УЕФА почна да провоцира на Твитер и тоа со видео на професор доктор Андрес кога пред 8 години му се сипаа тројца од Спартак Москва.