Фудбал

Секој голман приказна за себе

Во 17. коло од англискиот Чемпионшип, Стоук Сити и Престон одиграа 0-0. Во 90' минута од мечот гостинскиот голман Фреди Вудман направил голем кикс и добил црвен картон за лоша проценка.

Легенди на Барса и Реал зборуваат за омиленото Ел Класико

Роналдињо, Пике и Анри vs Фиго, Касиљас и Роберто Карлос во лабав муабет на тема Ел Класико. Двајца го спомнаа она 6:2 за Барса, Касиљал зборуваше за нивно соочување во Копа дел Реј, а мртов ладен на крај поентираше Карлос со шега дека Лига на шампиони освоил седум пати.

Поранешен вардарец му даде убав гол на Милан со трк од 70-80 метри

Во дождот од вкупно 40 голови на 9 меча, што е рекорд во едно коло од ЛШ, стрелаше и познато поранешно име од македонското првенство, кој со Вардар беше првак во 2017-та и играше во Лига Европа. Се работи за Тигран Барсегјан, кој синоќа на мечот Слован Братислава - Милан 2:3, стана втор ерменски фудбалер со гол во елитното натпреварување.

На Ноер многу му се игра со топка

Ќе остане запаметен како еден од најјаките голмани со многу признанија, награди и срушени рекорди. Пет пати е прогласуван за најдобар европски голман и пет пати најдобар светски, заедно со Буфон и Касиљас. Во 2014-та заврши трет во изборот за Златната топка зад Роналдо и Меси. Има 28 трофеи со Баерн и е единствен голман со две тројни круни. Има уште многу за редење, но има една карактеристика по која се двои од сите.

Мика Ричардс доби челинџ „Една минута молчење“

Водителката му најави дека со Анри и Карагер ќе зборуваат за Брест, а тој доби задача да не зуцне една минута. Тоа подразбира и да не се смее, што е уште потешко за него.

Најблиското до Чави

Барселона рутински со 3-0 го совлада француски Брест во 5. коло од Лига на шампиони и ја запоседна втората позиција на табелата со 12 бода колку што има и Ливерпул. Левандовски даде два гола еден Дани Олмо, а на теренот царуваше младиот Педри.

Лазар ли е, Меси ли е?

Аталанта игра страшен фудбал. Во синоќешната луда голеада во Лига на шампиони каде имаше две петки, три шестки и една седмица, екипата од Бергамо го згроми швајцарски Јанг Бојс со 1-6. Играч на вечерта во ЛШ беше Белгиецот Шарл Де Кетеларе кој постигна 2 гола а имаше и 3 асистенции. Најубав гол на мечот даде Лазар Самарџиќ кој влезе од клупата за резерви.

Пеп дојде на прес како гребан од мачки

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола никогаш во тренерската кариера не се соочил со ваква резултатска криза како периодов. Англискиот шампион влезе во длабока криза со дури 5 порази и 1 нерешен резултат на последните 6 меча по ред. Сити имаше лагодно водство од 3-0 против Феенорд во Лига на шампиони но по катастрофални грешки на играчите прими 3 гола за 14 минути во финишот и испушти 2 златни бода кои може да го чинат понатамошен пласман.

Баерн го доби ПСЖ, Сити е во голема криза

Во првата вечер од 5. коло во Лига на шампиони, Баерн Минхен минимално го совлада ПСЖ во дербито на вечерта, а Атлетико Мадрид, Арсенал и Аталанта ги распарчија Спарта Прага, Спортинг и Јанг Бојс. Манчестер Сити после пет порази во низа, вечерва прими 3 гола од Феенорд на свој терен.

Невеста на денот

Ако некој реши да се жени во погрешен термин, односно кога тимот му игра дерби, има решение, барем за времето додека се сече тортата.

Фабрицио Миколи: „Еден ден во затвор трае цела вечност“

Култниот италијански шпиц-разбивач Фабрицио Миколи во кариерата играше за дури 9 разни клуба, даваше голови за Јувентус и Бенфика во Лига на шампиони, блескаше во Серија А а на крајот заврши на Малта во клубот Биркиркара. Најпознат беше како капитен на Палермо. Беше и зад решетки.

Нови 2 гола на Кристијано Роналдо во азиската Лига на шампиони

Фудбалерите на Ал Насср славеа убедливо со 1-3 на гости во Катар кај Ал Гарафа во натпревар од 4. коло на Западната регија од азиската Лига на шампиони. Кристијано Роналдо беше играч на мечот со два комада во 46-та и 64-та минута а гол за неговиот тим даде и Анжело во 58-ма минута.

Нико Паз понижи двајца во стилот на Зидан, детето што собира топки занеме

Комо загуби дома од Фиорентина 0:2, а најјакиот дриблинг на мечот и општо ова коло во Серија А е оној на Нико Паз, кој со еден потег исфрли двајца играчи од игра. Аргентинецот има 20 години, а инаку го донесоа од Реал Мадрид. Фабрегас очигледно има голм адут во тимот. 

Перез: Џуд на 21 година има 251 меч, Бекам имаше 54

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез уште еднаш крена глас против сè понатрупаниот календар во фудбалот. Тој изнесе и интересен податок дека на 21 година Џуд Белингем, актуелната ѕвезда на Реал веќе одиграл 254 натпревари додека на времето славниот Дејвид Бекам на 21 година имал 54 натпревари во сезона и далеку многу повеќе време за одмор и релаксација. „После се повредувале, па ќе се повредуваат“, вели Перез.

Кореографија на две трибини за миленикот на „Сент Џејмс парк“

Њукасл загуби дома од Вест Хем 0:2. Натпревар кој ќе се памети по скектакуларната и моќна кореографија на домашните навивачи во чест на Александер Исак.

Да се фатиме за лопата, инаку ќе ја одложат

Навивачите на Цирих не оставаат ништо на случајот. Им се гледа фудбал по секоја цена.

Нереална фудбалска сцена од Узбекистан

Клипов го гледавме повеќе пати, затоа што на прва збунува, иако и понатаму може ќе останете со по некој прашалник. Овие 10 секунди се случуваат сега и повеќе никогаш во ниту еден спорт. Тој што паѓа се вика Мухамедкарим Тоиров, а клубот е ФК Андијан. И тоа се работи за прва лига.

Бојан Миовски во тимот на колото со славно друштво од Реал

Македонскиот центарфор ја одигра најдобрата партија откако стапна во елитната шпанска лига и тоа му донесе многу висока оценка и место во топ 11.

Тотален фудбал, чешка верзија

Бохемианс - Дукла Прага, прва чешка лига. Среќа што снимката трае 25 секунди, инаку да е 2 минути, глава ќе ве фркне. Јохан Кројф во гроб се превртува.

Тројна одбрана на Де Хеа, неприкосновен е во Фиорентина

Давид Де Хеа ја ужива во Италија својата втора младост. Не дека е престарен за голман, 34 има, но Манчестер Јунајтед го отпиша, очигледно превдреме. Во Серија А брани како луд. Комо - Фиорентина 0:2. Нова, по кој знае јака негова одбрана сезонава, овој пат тројна.

Зошто за фудбалери викаат дека не ги краси интелегенција?

Томазо Побега е фудбалер на Болоња позајмен од Милан. Болоња играше во неделата вечер против Лацио на гости на „Олимпико“. Во 23-та минута при резултат 0-0, Побега добива глуп жолт картон, непотребен. Во 35-та минута не на своја половина, не на средина од терен, не во свој шеснаесетник, туку далеку во полето на Лацио го прави најглупиот фаул во историјата на фаулите со две нозе и добива втор жолт и црвен картон. Лацио со играч повеќе ја декласираше Болоња со 3-0.

Машала дриблање Арда Ѓулер, попара ги направи

На 19 години, ретко кој вака си поигрувал со противниците во дрес на Реал Мадрид. Арда Ѓулер ја игра втората сезона на Бернабеу. Лани беше одличен со 12 настапи и 6 гола, а оваа сезона веќе има 13 натпревари. Се чека првиот негов гол. Детево е иднината на Турција и Реал.

Мангупиште

Дечкото се вика Давид Исмаил и игра за Универзитетот Вермонт во САД. Привилегија е барем еднаш во кариера да ти успее вакво нешто во сред игра.

Нова циркуска глума од Винисиус

Реал Мадрид славеше убедлива победа 0:3 на гости кај Леганес. Стрелци на головите беа Килијан Мбапе во 43' минута, Федерико Валверде во 66-та минута и Џуд Белингем во 85-та минута. Дваесет и четири годишниот Винисиус Жуниор не постигна гол ама затоа пак се изглупира со непотребна глума.