Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска со својата Џенова изгуби од шампионот Јувентус 3:1. Гоче одигра 63 минути и не успеа да ја затресе мрежата на тимот кој неколку пати го матираше во минатото. Во еден момент Пандев разговараше и се посмеа со Буфон, па многумина нагаѓаат дека се шегувале за пензијата.
По цела една година и кусур празни и пусти стадиони, фудбалот наскоро колку толку ќе добие поголем драж. ЕП 2020 дефинитивно ќе се игра со навивачи. Стадионите нема да бидат фул, ама со оглед на лудово време и ова е добро.
Добро што и прави на топката? И бае? Се редат генерации на таленти, стотици јаки играчи, ама никој го немаше и ниту го има сега тоа што тој го поседуваше во нозете. Мозок и елеганција пуштени на најјако. Па уште со две асистенции ќе заврши клипов.
И покрај тоа што оваа приказна се чинеше дека е завршена со убав крај, имаме нова епизода поврзана со необичниот потег на судијата Совре, кој сепак не помина добро како што веројатно очекуваше.
Фудбалот често пати знае да ни донесе по некоја топла приказна од земји како Англија, Холандија, а убаво е што и кај нас прорабутваат емоциите на еден ваков начин. Алек за Вардар, Вардар за Алек и тоа во денови додека клубот дише на шрги.
Неверојатно но вистинито. Французинот има омилен и среќен датум во животот. Пишувавме вчера дека сите три деца ги добил на ист датум, а на овој ден му се случиле исто многу убави работи во фудбалската кариера.
Чудна е релацијата репрезентација – федерација или поточно Ангеловски – Сејдини, а уште почудно е што ова се случува во време кога првиве под капа на вториве бележат историски резултати за македонскиот фудбал. Се фрлаат непотребни и несфатливи флеки во најубавиот период од постоењето на селекцијата.
Службите за безбедност на мечот од четвртфинале во Лига Европа меѓу Гранада и Ман. Јунајтед ни на крај памет не размислувале дека спокојната вечер на празен стадион ќе ја прекине натрапник.
Ако пасот на Тони Крос до Винисиус беше од 40-50 метри, тогаш овој на Хари до Рашфорд има 60 и јаче. Како го најде, да се замисли човек дали е он. Инаку ова е за 0:1, а Бруно од пенал во 91-ва ги постигна конечните 0:2 против Гранада. Погледнете ја забавената снимка.
Рома синоќа со пресврт 1:2 го доби првото четвртфинале на гостувањето против Ајакс. Интересна ситуација се случи во судиското продолжение на кое детето што собира топки место да му ја даде го удри Рикардо Калафиори со топката.
Прво правиш хет-трик против Барселона на гости и ја елиминираш, па во четвртфинале му даваш два гола на Баерн Минхен на гости и го победуваш. Па како сакаш да ти биде денеска?
Антоан Гризман сезонава има запишано 14 голови и 11 асистенции за Барселона. Ама баталете ја сега таа статистика и внимавајте му ја онаа дома, врзана на денешен ден со Миа, Амаро и Алба, како и сопругата Ерика се разбира.
Го фативте ли времето кога голманите смееја да ја фатат топката со рака откако ќе му ја подаде соиграчот со нога? Помина долго време откако тоа беше дозволено и беше мелем за задржување време. Погледнете Шмајхел и другарите како си поигруваа со нервите германците во финале на ЕП 92, последно Европско на кое тоа беше дозволено. Коментаторот почна да се смее.
Панини треската не застанува, а сега најнов хит е нападот на Унгарија. Во ситуација кога се наоѓаат во пеколната група Ф со европскиот првак Португалија, светскиот шампион Франција, па уште и Германија, беа приморани да повикаат засилување во напад.
На никој не му влегуваше во глава необичниот потег на линискиот судија кој по мечот Манчестер Сити – Борусија, му побара автограм на Халанд. Но романскиот арбитар имал цел со кој целосно го оправдува гестот.
Режисерот на комедијава се вика Микаел Рош кој брани за селекцијата на Тахити, а денеска му честитаат 5 години од невозможниот и нестварен потег кој го изведе во ОФЦ Лига на шампиони која се игра во Океанија.
228 дена откако во финале на ЛШ во август лани во Лисабон Баерн го совлада ПСЖ, вечерва во Минхен во првиот дуел од 1/4 финале Парижаните остварија триумф пред реваншот. Порто и Челси играа во Севиља поради ригорозните мери во Португалија.
Реал Мадрид не е само Рамос, Марсело или Бензема и не беше само Кристијано Роналдо. Внимавајте добро на фактите за овие дечки вредни злато во средина. Само една исправка во твитот. Крос има три трофеи во ЛШ, бидејќи кога Реал ја почна серијата во 2013/2014, тој играше за Баерн.
Друг Реал, други времиња. Помалку трофеен во ЛШ од овој, ама спектакуларен за гледање. Не умираат снимкиве и без разлика за кого навивате, не може да не уживате во играта на овие незаборавни ликови. Зидан - Раул - Роналдо. Едноставно, ама елегантно.
Со секогаш расположениот Рики може да зборувате со саати на различни теми и секогаш да ви биде сè поинтересно. Има животна приказна во него вредна документарец. Тргна од скопскиот асфалт и стигна до фантастични фудбалски висини. До момент Жозе Мурињо да му донесе поклон специјално за него.
Се искомплицира авантурата на македонските навивачи кои планираат на лице место да ги бодрат Пандев и другарите. Бројот на карти ќе биде многу лимитиран и нема да може да се седи на двата меча кои ги играме во Романија.
Што ти е младост. Фил Фоден е роден 2000-та. Синоќа ја реши Борусија Дортмунд со гол во 90-та минута, а претходно со еден потег реши двајца. Едниот го легна на земја, а другиот остана на нозе, ама како споменик.