Беше во таков делириум што не знаеше што да прави, па откако се пошутка во место го крена микрофонот и згрми до даска за стрелецот на голот. Кристијан Ериксен не можеше да го совлада градскиот ривал на посладок начин. Со слободен удар во 97-ма минута.
Човекот чиј животен пат сигурно заслужува игран филм, на крајот од минатата година во Италија објави автобиографија во која раскажува за своите догодовштини од родното Буково кое го зафати воен виор, преку царскиот живот во Белград и успехот во Италија.
Интер и Милан синоќа играа четвртфинале во Куп натпревар, а тоа личеше како да е меч за титула. Ама градското ривалство си го прави своето и тоа не прашува од каква важност е нивното соочување. Летаа мајки, шајки, а во главна улога беше дуелот Ибра - Лукаку.
После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.
Ќе речеш вторник, тенко е со фудбал, а тоа е голчишта на сите страни. На Барди и Ериксен друштво им прави 21 годишниот Педро Поро со удар по кој оправдано е ова драње на коментаторот.
Да бидеш стартер кај Ел Локо, колку е добро, толку и не е. Ќе те исцеди од трчање од прва до последна минута, а ако не ти одговара ќе седиш на клупа. Синоќа Лидс го совлада Њукасл на гости, а по последниот свиреж ја имаш оваа глетка.
Одамна не сме гледале така жестоко миланско дерби како во вторникот вечер во Купот на Италија. Интер славеше 2-1 со гол од слободен на Ериксен во 90+7' минута, а мечот го одбележи бурната расправија на Ибрахимовиќ и Лукаку.
Чекаше чекаше Данецот шанса и на крај конечно ја дочека. Конте го омаловажуваше со по 10 секунди од клупа за резерви, а вечерва во Купот на Италија само што влезе во игра и после неколку моменти од слободен удар во 90+7' минута му донесе победа на Интер против Милан. Интересно, ова беше прв гол од слободен удар за Интер после цели 135 натпревари!
Најдобриот фудбалер на Милан со убав гол прво го отвори дербито на Милано против Интер, а пред крајот на првиот дел влезе во жесток дуел со Ромелу Лукаку. Белгиецот со конгоанско потекло збесна и тргна да се пресмета со Ибрахимовиќ за кого се испостави дека го вреѓал Ромелу.
Фантастичен кам бек на Енис Барди кој се врати на фудбалските терени по пауза од два и нешто месеци на маестрален начин. Ваљадолид поведе против Леванте во Купот на Шпанија, а македонскиот репрезентативец го израмни резултат по 10 минути ептен мангупски.
Ретки се играчите кои можат да се пофалат дека од јуниорски, најмлади денови, стигнале до прв тим па дури и ја навлекле капитенската лента во омилениот клуб. Таков е Мејсон Маунт од Челси.
Германецот добил договор до лето 2022 со можност да се продолжи на уште една плус година. Тухел има задача да ги разбуди преплатените ѕвезди на Челси, а ако грми ко на времето во Мајнц, ќе има надеж.
Иако резултатот 1:4 е убедлив, во понеделникот вечер Тотенхем одигра тежок меч на гости против Виком во ФА Купот на Англија и победникот го реши во самиот финиш.
Федерико Бернардески не бил единствен кој направи циркузантска сцена на мечот против Болоња. Погледнете го царот Хуан Куадрадо на каков начин зема да исфрла топка од шеснаесетник. Да не беше врвниов рефлекс на Шчесни, тек тогаш ќе имаше смеење.
Златан го доби дуелот со Ѕапата во свој стил, ама на зборови, видео кое веднаш се рашири. Но тешко дека ќе има сега што да му одговори на Мартен де Рон после оваа негова објава на Инстаграм.
Порто ја продолжи потерата по лидерот Спортинг кој нема пораз на 14 меча (11 победи и 3 нерешени). „Змејовите“ од Драгао со 0-1 го победија Фаренсе и сега имаат 35 бода, 1 помалку од вечниот ривал.
Капитенот на Македонија, во неделата на мечот Џенова - Каљари (1:0) влезе во игра во 62' минута наместо стрелецот на единствениот гол Матиа Дестро и постави нови рекорди.
Четиересет и пет годишниот Ернан Креспо на 25 јануари 2020-та седна на клупата на малку познатиот аргентински клуб Дефенса и Хустисија. Година дена подоцна им донесе најголем успех во историјата.
Деветто место во Премиер лига после 19 одиграни кола, -11 бода зад лидерот Манчестер Јунајтед и неколку слаби резултати со најскапо платен тим е причината зошто Челси реши да ја отпушти клупската легенда.
Уругвајскиот мајстор на фудбалот веќе покажува зошто Манчестер Јунајтед реши да го доведе на „Олд Трафорд“. Дава голови, асистира, игра во сјајна форма. А во меѓувреме и најде простор да се слика со шал на Јединство Уб, второлигаш од Србија финансиран од неговиот соиграч Немања Матиќ.
Вестон Меккени стана еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион кој скоро сигурно ќе го откупи неговиот договор од Шалке. Американецот е прав хит во Серија А, а против Болоња на интересен начин го прослави голот.