Фудбал

Дриблинг по кој ти треба кафетин

Ал Хасан Туре е роден во Гвинеја, а игра во Австралија и за Австралија У-23. Ако има паметни скаути кои роварат таму ќе го гледаме наскоро во Европа. Детево е родено 2000-та и нема милост кога го чуваат тројца. Кариера им заврши.

Сити со пресврт ја скроти Борусија, Ливерпул не успеа да даде ни гол

Фудбалерите на Ливерпул нека си пуштат снимка и нека ги бројат многуте шански кои ги испуштија на свој терен против Реал и фантастичниот Куртоа. Борусија Дортмунд во прво полувреме имаше резултат за полуфинале, но таму оди Манчестер Сити.

Страшно јака одбрана на Куртоа

Фудбалерите на Ливерпул бркаат победа од 2:0 за да го елиминираат Реал и да влезат во полуфинале. Епа веќе можеа да ја стекнат предноста уште во прво ако не промашеа толку многу шанси и ако Тибо Куртоа не се фрлеше како мачка.

Во Ливерпул со ракета погоден автобусот на Реал Мадрид

Во пресрет на реваншот од Лига на шампиони меѓу Ливерпул и Реал Мадрид (1:3), автобусот на шпанскиот клуб бил нападнат со ракета при што е оштетено стакло и за среќа нема повредени. Прашање е каков чекор ќе преземе УЕФА по овој повод.

Сте виделе автогол од 40 метри?

Јасна е намерата дека сакаше да му клизне и да ја расчисти, ама како ли му успеа ова? Коментаторот вели дека ова е најдобриот автогол кој го има видено. Инаку несреќава се случува во Ирска.

Да се немало к'смет да се даде гол

Четврфиналниот двобој кој дефинитивно направи најголем ќеиф до сега е мега битката меѓу ПСЖ и Баерн. Две средби со многу трчање, дуели и жар, ама и многу шанси на двете средби. Само Нејмар синоќа имаше четири.

Женскиот Пепе од Украина

Во најголемата вечер за женскиот фудбал на Северна Ирска во која селекцијата на оваа земја обезбеди прв историски пласман на Европско првенство 2022, Украинката Натја Пантусулаја потсети на касапинот Пепе

Ја видовте ли прославата на Нејмар пред Кимих?

Од десетина неверојатни шанси на двете страни, пречки и одбранети зицери, најинтригантен момент беше бурната прослава на Нејмар и Леандро Паредес во лице пред Јошуа Кимих.

Како се снима навивачката химна на Македонија

Се вика „Одиме на Европско“, ќе се снима во шест градови низ државава и секој може да се пријави како статист. Вчера ги начекавме со автобусот низ град.

Невозможен гол од мртов агол

Марко Леонардо од Сантос го фрли во транс коментаторот кој почна да завива после овој чудесен погодок од речиси невозможна позиција. Сите други од ваков загубен агол би пробале да нафрлат, а овој го збуни голманот и му ја смести зад грб.

Пирови победи на Баерн и Порто, Челси и ПСЖ се полуфиналисти

Во спектакуларен реванш кој донесе еден куп шанси, стативи, пречки, прилики пред двата гола, Баерн Минхен оствари пирова победа од 0-1 во Париз и само поради повеќе примени голови дома испаѓа во 1/4 финале. Чудесни ножички на Тареми од Порто.

Пандев за грчка Газета: Насмевките на моите сонародници за пласманот на ЕП е најубавото нешто во мојата кариера

„Никогаш не верував дека ќе ја видам мојата репрезентација на голем настан. Но, како човек верувам во судбина и судбината сакаше тоа да се случи. Имам освоено сè од титули, но да победуваш со твојата репрезентација не се споредува со ништо. Ги давав сите освоени трофеи за да одам на ЕП“.

Квиз на денот со Беневенто балкан фанс

Скоро еден месец по мечот Јувентус - Беневенто 0:1, админот на Беневенто балкан фанс пак се отвори, но овој пат со безобразен трол на кој сметаше дека нема потреба да стави прашалник.

Борбата се исплатеше: Толку од досадниот понеделник во Германија

28. коло во германската Бундеслига во понеделникот вечер го затворија Хофенхајм и Баер Леверкузен и тоа со 0:0, досаден резултат со кој се завршува ерата на понеделнички фудбал во Германија против кој протестираа илјадници луѓе.

Драматична трка за титула во Шпанија, кој со кого до крајот?

Како стојат работите, во најдобрите топ 5 лиги во Европа, најинтересно во финишот ќе биде на Пиринеите. Таму трите најголеми титани до крај ќе се борат за најдрагоцениот пехар - шампионска титула во Ла Лига. Кој е во најдобра положба?

Напредок од Кичево е на стаклени нозе

Нови неубави вести за мак фудбалот. По сите долготрајни и мачни моменти околу судбината на 11 кратниот шампион на Македонија, уште еден познат клуб моли за помош бидејќи се наоѓа пред колапс.

Дојдете со 7 играчи ќе ви играме, другите се позитивни

Најнеизрамнетата игра за време на пандемијава се одигра во Колумбија и тоа во прва лига каде Агилас Дорадас одигра натпревар на мускули кој траеше 79 минути. Прв тим не можеа да состават, а не па резерви.

Мексикански гол на месецот од 80 метри

На дуелот меѓу Пачука и Пуебла во лигата на Мексико, гостите славеа 1-3. Последниот гол на мечот го постигна Салвадор Рејес кој ја запечати победата со гол сличен на маалските од гол на гол после три корни.

Волејот е најсладок кога е во 97-ма минута

Едно е тоа што му легна и што ја зафучари многу јако и мајсторски, а друго што со овој еврогол го спаси својот тим од пораз во последните мигови од средбата. Јунакот кој неделава гордо ќе оди на тренинг се вика Јуто Никида.

Јуначките слободни фрлања на Коби со скината тетива

На 12 април НБА лигата памети едно ретко видена храброст и пожртвуваност која не ја прави друг спортист. Се случи пред 8 години на мечот меѓу Лејкерси и Голден Стејт.

Од кога си отиде Роналдо, Меси нема дадено гол против Реал Мадрид

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Аргентинецот Лионел Меси во својата кариера постигна 26 гола во „Ел Класико“, ама последниот го дал пред речиси три години!

Македонија е суштината на репрезентативен фудбал

Денови, недели после огромниот успех на Македонија во Дуизбург против Германија, сè уште се анализира тоа чудо. Му се пристапува од сите страни за да се најде логиката и најверојатно формулата ја открија Дарко Плавшиќ, Иван Лончаревиќ и Владимир Новаковиќ, коментаторите од белградското студио на Спортклуб.

Лажњак и за играчот и за камерманот

Интересна ситуација се случи во преносот од мечот меѓу Барнли и Њукасл. Фудбалерот на гостите Алан Сен Максимен во еден момент го сецна чуварот за да тргне на лево, ама на потегот се излажаа и дефанзивецот и камерманот кој го утна кадарот и си го сними колегата.

Не ви давам друг пат изјава

Не е проблем да ви дадам, ама немојте друг пат вакви стресови да ми правите, треба и на следната да играм. Инаку оваа немарност се случи во Мароко каде прошло коло го видовме најголемиот циркуз на планетава.