ЕП 1992 се одигра во Шведска. Југославија не учествуваше, ама ги имаше во албумот Панини. Приказната веројатно ви е добро позната, бидејќи тоа е верглана тема. Се квалификуваа, ама ги исфрлија поради војната.
Да не се случеше таа пиздарија тројца Македонци ќе имавме на тој турнир: Панчев, Најдоски и Станојковиќ, како дел од една селекција со страшен состав каде играа легенди како Савичевиќ, Пикси, Мијатовиќ, Михајловиќ, Југовиќ...
Од тој скандалозен чин профитираше Данска која беше повикана да ја замени Југославија и која потоа направи сензација и го освои Европското. Во финале падна Германија со 2:0. Само две групи со по 4 репрезентации имаше тогаш, па потоа се играше полуфинале.
Легендарниот Лаудруп не бил дел од тој епски успех на Данците, кои три децении подоцна беа на 180 минути да го повторат.
Тој одбил да учествува на тоа Европско во знак на протест поради исфрлувањето на Југославија, која била подобра во квалификациите. Југославија заврши прва во групата со 14 бода, еден повеќе од Данска.
Лаудруп рекол дека ни тој, ни неговата земја не заслужила да му одземе место на тим кој бил подобар на терен. На прашањето дали му е жал што не бил дел од екипа која стана Европски првак, само кратко одговорил:
„Безсмислено прашање. Нанесена е голема неправда врз Југославија“.
Ете до колку било големо достоинството на Михаил за разлика од неговиот брат Брајан кој го има дома златниот медал од ЕП 1992.
Инаку Михаел Лаудруп беше дел од дрим тимот на Барселона предводен од Јохан Кројф кој освои 9 трофеи, меѓу кои четири титули по ред во Ла Лига (1991-1994) и ЛШ во 1992-ра.
Данскиот напаѓач има по една првенствена титула и со Јуве и Реал, а беше член и на Лацио и Ајакс.