Фудбал

Емотивна приказна за изгубен шал стар 53 години

Еден возрасен навивач на клубот од Бирмингем, објавил дека по мечот со Ливерпул (2:2) на „Вила Парк“ го изгубил, некаде му паднал шалот. И ништо не би било чудно тој шал да не е стар цели 53 години и има страшно голема сентиментална вредност. Шал кој ја следел Астон Вила секаде каде и да играла.

Романска фешта по елиминацијата на ПАОК

Стеауа Букурешт го исфрли ПАОК во плејофот од Лига Европа и влезе во топ 16. Третото полувреме го одиграа во соблекувална заедно со тренерот. И пица имаат на менито.

Наредни 200 години ќе нема ваков пенал во свет

Налетавме на неверно видео од 2016-та од хрватската втора лига. Кој го видел или памети, радо ќе се присети. Тој што го гледа прв пат, го пропуштил пеналот кој најпрецизно ја отсликува најпопуларната Фејсбук страна со години на Балканов, Селски фудбал. Дугопоље против Сесвете. Разврска од пеналот е надреална.

Михајловиќ за трите недопирливи рекорди во Серија А

На денешен ден 1969-та година во Вуковар се роди големиот Синиша Михајловиќ. Најмоќното лево стапало од кое се тресеа голманите кога се местеше да изведува слободен удар. Замина прерано, на само 53 години, а денеска требаше да наполни 56. Слушнете го ова дечки.

Нова одвала на Мика Ричардс, па прснаа од смеење

Нема вторник и среда пред и после одигрување на натпреварите од Лига на шампиони, Анри, водителката Кејт Абдо, Мика Ричардс и Џејми Карахер да не направат некое шоу. Ричардс е во топ форма во последно време. Синоќа имаше реплика на констатацијата на Кејт дека „веќе ќе нема Брест (францускиот клуб кој испадна од ПСЖ во Лига на шампиони) годинава. Брест значи и нешто друго на англиски.

Ултра интересна ждрепка за Лига на шампиони: Мадридско дерби Реал - Атлетико, Ливерпул во Париз

УЕФА денес точно напладне во своето седиште во Нион ги извлече паровите за осминафинале во Лига на шампиони. Според новиот формат односно новата ждрепка, денес се влечеа паровите за осминафинале, четвртфинале и полуфинале.

Гасперини е во право? Лукман промашил 6 пенали по ред

Тренерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини од овој тим направи редовен учесник во Лига на шампиони и стандарден ривал во борбата за шампионско скудето. А цената на тоа е неговата грубост, суровост со играчите. На своја кожа тоа најдобро го осети Адемола Лукман, фудбалерот кој со хет-трик во историско финале на Лига Европа лани на Аталанта и донесе прва европска титула.

Озил раскажува како Мурињо реагирал во соблекувална после пораз од Барса од 5:0

„Во 2010-та, Реал Мадрид загуби 5:0 од Барселона и тоа дома. Во соблекувална мислевме дека Мурињо ќе експлодира. Но тој дојде, не чукна сите по грб и ни рече: Главата горе момци, јас сум Жозе Мурињо. Ќе ги растуриме следна сезона. Тоа и е случи“, вели Месут Озил.

Убавиот гол на Перишиќ кој стигна до историски подвиг на 36 години

ПСВ го елиминираше Јувентус во плјеофот од ЛШ во продолженијата со победа од 3:1, а Иван Перишиќ пак им даде гол. Ветеранот го отвори резултатот во 53-та минута после убиствена контра во два потези и стана најстар играч во историјата од ЛШ со два гола по ред во нокаут фаза.

Нов луциден дриблинг на Нејмар

Сантос со 3-0 го совлада Нороесте. Нејмар играше од почеток до 69-та минута кога го извадија од игра. Во 18-та минута доби жолт картон, не постигна гол ама имаше неколку луцидни потези.

Дарвин, 9-ка ова со заврзани очи треба да го даде

Паралелно со Лига на шампиони, Ливерпул одигра меч од 26. коло во Премиер лигата против Астон Вила на гости кој заврши 2:2. Дарвин Нуњез скроз заеба работа на нешто повеќе од 20 минути до крај.

Меси мајсториша сам против сите и на -17

Интер Мајами и Спортинг Канзас Сити одиграа натпревар од ЛШ во КОНКАКАФ зоната на камен ладно време со капи, ракавици, ролки, хулакопки, фалеше уште бунди да облечат. Ја реши Лео Меси, кој веројатно го одигра натпреварот со најниска температура во кариерата.

Неверојатното додавање на Асенсио за првиот гол на Реал

Дваесет и две годишниот стопер и бек на Реал Мадрид полека но сигурно станува стандарден првотимец на „кралскиот клуб“. Младиот Асенсио синоќа против ѕвездите на Манчестер Сити одигра одличен натпревар а имаше и асистенција за првиот од трите гола на Мбапе.

Мбапе - Сити 3:1, ПСЖ броеше до 7

Реал Мадрид го разби Манчестер Сити со 3-1 и на убедлив начин оди во осминафиналето со вкупен резултат 6:3. ПСЖ се поигра со малиот Брест и по триумфот на првиот натпревар на гости, сега го демолираше со 7:0. ПСВ Ајндховен и Јувентус решаваа после регуларните 90 минути и понатаму оди холандскиот шампион.

Снајдер станал играч на Интер благодарение на шанкер кој разговарал со Морати

15 години после тројната круна на Интер и 30 години откако Масимо Морати стана прв човек на клубот, приказната за трансферот на холандската ѕвезда звучи неверојатно.

Навивач на Бенфика се обиде да влијае кај судијата со 10 евра

Му фалат две нули. Минимум. Инаку да бидеме реални, оваа сума ни во четврта македонска лига не му поминува. Бенфика - Монако заврши 3:3. Во осминафинале отидоа Португалците. 

Добар, Мика Ричардс, добар, го испердаши Анри

Мајкл Олисе (за Англичаните) или Мишел (за Французите) е интересен лик. Тој е роден во Лондон а игра за Франција. Својата кариера ја почнал во Арсенал, па бил во школите на Челси, Манчестер Сити и Рединг. Токму со Рединг заигра сениорски фудбал а после Кристал Палас, од 2024-та е во Баерн Минхен. Стана еден од лидерите на тимот на само 23 години. Беше најзаслужен што Баерн едвај го пројде Селтик и се пласираше во осминафинале на ЛШ. После реваншот со Шкотите синоќа се јавил во фамозното студио на Си-Би-Ес.

Дојди ми еден на еден да ме има на Офф.нет

Не дека Милан има некаков ќар од дриблингов, испадна од ЛШ од Феенорд, ама Рафаел ни пушти водичка да го објавиме. Жири комисијата вели чиста 10-ка за потегов.

Халанд во дрес на Борусија против ПСЖ, чујте го звукот кога ја заби

Снимката е од пред 5 години, што значи Ерлинг тука има 19 години. Пуштете посилно пред да го погледнете. Не мрежата, мислиш оградата ќе ја дупне.

Најмал клуб е најголемо чудо во Лига на шампиони - кој игра за Клуб Бриж?

Иако Аталанта сигурно не важи за екипа од самиот врв на европскиот фудбал, сепак Клуб Бриж направи големо изненадување што воопшто стигна прво до баражот за осминафинале а потоа и ја обезбеди оваа рунда во Лига на шампиони. И тоа откако прописно ја истепа Аталанта дома и на гости.

Бобан лом го направи Тео Ернандез

Некогашниот фудбалер на славниот Милан во најубавите години по овој клуб, Хрватот Звонимир Бобан синоќа од улога на стручен коментатор распали по капитенот на Милан, Тео Ернандез кој при водство на неговиот тим доби втор жолт картон и автоматски црвен поради глума за пенал.

Такво презиме носи, па слободните удари му се најсилна точка

Ѓорѓе Михајловиќ има 26 години, роден е во САД од српски родители. Важи за еден од подобрите фудбалери во американската МЛС лига. Само сезонава на 30 натпревари има 11 гола и 10 асистенции. Синоќа во КОНКАКАФ Купот постигнал два гола, еден од слободен еден од пенал за победа на неговиот Колорадо Рапидс над Лос Анџелес ФЦ.

Баерн до толку виде зорт, што и Компани почна да влага со клизачи

Ако некој меч беше локум единица за кладилница и кој патем имаше и беден коефициент за победа, тоа сигурно беше Баерн Минхен, апсолутен фаворит против Селтик. Но на крај 1:1 одиграа и тоа се спасуваа во 94-та минута. И Винсент Компани фати да помага.