Добар, Мика Ричардс, добар, го испердаши Анри

Мајкл Олисе (за Англичаните) или Мишел (за Французите) е интересен лик. Тој е роден во Лондон а игра за Франција. Својата кариера ја почнал во Арсенал, па бил во школите на Челси, Манчестер Сити и Рединг. Токму со Рединг заигра сениорски фудбал а после Кристал Палас, од 2024-та е во Баерн Минхен. Стана еден од лидерите на тимот на само 23 години. Беше најзаслужен што Баерн едвај го пројде Селтик и се пласираше во осминафинале на ЛШ. После реваншот со Шкотите синоќа се јавил во фамозното студио на Си-Би-Ес.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Мика Ричардс го прашува како се навикнал на средината, Олисе вели дека се слушал често со Тити (прекарот на Анри). „Аааа, значи сега е Тити, а? Не е веќе тренер“, го буцна Ричардс легендарниот Тиери кој немаше баш успешна тренерска како играчка кариера: 

19 февруари 2025 - 12:55