Бобан лом го направи Тео Ернандез

Некогашниот фудбалер на славниот Милан во најубавите години по овој клуб, Хрватот Звонимир Бобан синоќа од улога на стручен коментатор распали по капитенот на Милан, Тео Ернандез кој при водство на неговиот тим доби втор жолт картон и автоматски црвен поради глума за пенал.

„Тео Ернандес ова го прави со години и заслужи ваква казна. Шокиран сум што никој во клубот не му кажува што треба да прави, но и што никој не го поправи неговото однесување на теренот. Вториот жолт картон кој го доби за симулација е апсурден. Тоа е непристоен и неспортски потег. Едноставно не правите такви работи на теренот.

Од стартот на сезоната гледаме Тео кој нема ништо блиско со играчот кој сите го знаеме. Тој едноставно е некативен, изгледа како да не сака ниту да се обиде да направи нешто, вели Бобан.

 

Милан се прости од ЛШ, осминафинале за Феенорд по пауза од 25 години

19 февруари 2025 - 08:05