Фудбал

Пред точно 10 години се одигра најдолгиот меч во историјата на тенисот

Три дена, 11 часа и 5 минути со крајни напори топчето го удираа Американецот Џон Инзер и Французинот Николас Мау. Ни самите ден-денес не знаат како издржале.

Најдобриот стрелец во Серија А има бавча, ама избрза со берба на доматот

Уште ова го немавме видено додека беа во карантин. Чиро Имобиле држи разновидна бавча во која има помош од жена му Џесика, ама со исклучок на тој големиот патлиџан печен за салата, другиве уште како зеленки ни стојат а?

Данска е тоа, се почитуваат правила и затоа има публика

Некој ќе рече има и на Балканов публика (Србија, Црна Гора и Хрватска), ама видовме по примерот на тенискиот тур Адриа Тур како тоа заврши. Зошто гледачи нема во Англија, Шпанија, Италија, а во Данска има лимитиран број?

Евроголот на Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган неколку пати покажа дека има њух за топка, а на еден ревијален натпревар организиран од клубот Башакшехир Истанбул постигна еврогол.

Херојски гол на Ристевски во 94-та за победа на неговиот тим

Македонскиот репрезентативец е должен за одбраната на Ујпешт, но кога најмногу требаше се најде во напад и го реши мечот во последните моменти од средбата. Со тоа им донесе многу важен триумф во битката за опстанок.

За Меси ВАР како да не важи

При резултат 0-0 на мечот против Атлетик Билбао, во 69' минута Лионел Меси многу опасно стартуваше над Јерај Алварез, штоперот на гостите, ама ниту судијата реагираше ниту од ВАР собата му сугерираа да погледне видео снимка. За ваков старт неизбежно се дава црвен картон.

Ти убаво што влезе во гол, а топката?

По освојувањето на Купот на Италија, Наполитанците останаа трезни и со триумф од 0:2 стартуваа и во Серија А на гостувањето против Верона. Елмас остана на клупа, а срамот го изеде фудбалер на Верона.

Што мангуп е Дејан со левицата

“Македонското дерби“ во Серија А го доби Дејан Кулушевски кој ја запечати високата победа на Парма против Џенова на гости од 1:4. Еден час игра за Пандев, гол за младиот Кулушевски кој многу умешно го измами и чуварот и голманот.

Прв контакт со топка и му направи социјална дистанца на голманот

Мигел Марин од фудбалскиот клуб Спортинг од Костарика, на дуел против Ескаѕукења само што влезе во игра постигна маестрално голиште од слободен удар. Прво па машко од клупа за резерви.

И во Турција се игра без навивачи, ама пак има тепачки

Епа како кога е празно на трибини? Епа така, на мечот Трабзонспор - Аланиаспорт 2:2, претседателот на домаќините Ахмет Агаоглу се симна на терен и им се сипа на гостите. Турција е тоа, не е Шведска.

Марадона ли е Аца Лукас ли е?

Денес и вчера на големо се пишува за Диего затоа што на 22 јуни се одбележаа 34 години од најконтроверзниот гол на сите времиња, голот против Англија во четвртфинале на Светско првенство 1986-та познат како „Божја рака“. Англичаните никогаш не му го простија некоректниот потег кој ги боли на секое потсетување.

30 години од култниот гол на Роже Мила против Игита

Камерун стана најголемо изненадување на легендарното Светско првенство Италија 1990, откако во продолженијата ја победија Колумбија со 2-1 (сите три гола паднаа во продолженија). Камерунците станаа и првата африканска селекција која стигнала до 1/4 финале на Мундијал. И тоа благодарение на најдобриот стрелец на првенството во тој момент Роже Мила.

Фото на денот

А бадеми, ф`стаци и индиски ореви, камо? Во соблекувалната на Манчестер Јунајтед изгледа одамна нема влезено Ферги.

Арминија Билефелд влезе во Бундеслига иако Германците тврдат дека таков град не постои

Навивачите на Арминија заедно со оние на Баерн Минхен се оние кои најмногу слават во Германија. Арминија Билефелд минатата недела се пласираше во Бундеслига, а во четвртокот и официјално стана шампион во втората германска лига.

Јуначиште на сезоната кое со 36 години се врати на терен по пауза од 1.128 дена

Ја пропушти сезоната 2017/2018, 2018/2019 и скоро цела 2019/2020 поради една од најнепосакуваните повреди, а тоа е на коленото. На негови години секој би рекол стоп, толку е, но тука се работи за невидена упорност и неизмерна љубов кон клубот.

Среќен роденден докторе

Каков е бре овој фудбал што го играше човеков? Ѕамброта ја изведува од аут, Зидан игра дупли пас со Дел Пјеро на прва. Му одат тројца, ама ги решава со еден потег, а потоа со другата нога ја кова во гол. Коментаторот: Индивидуална акција како за крај на светот.

Голман, сонцето да не ти сметаше па прими гол од паркинг?

На дуелот Сириус - Хакен од шведска втора лига кој заврши 2:2, гостите го отворија резултатот со луд гол на Ирандуст од своја половина.

Топовскиот гол на Дибала

Јувентус се опорави по тешкиот пораз од Наполи на пенали во финалето на Купот и синоќа рутински со 0:2 ја доби Болоња со што направи нов чекор кон скудетото. Роналдо од пенал и Дибала со мајсторски шут завршија работа.

Па зарем смее вака да се шутира пенал?

Па уствари и зошто да не смее, кога тука сè е регулар, само што вакво мајтапење со голман не сме виделе до сега.

Кај тргна бе Мане?

Фудбалерите во Премиер лига пред стартот на натпреварите клекнуваат на колена во знак на поддршка за борба против расизмот, ама на Садио Мане му беше во памет како побрзо да го нападне градскиот ривал Евертон, па се заборави.

Хамбург - најголем малер по рестартот на фудбалот

Пред продолжението на фудбалот во Германија, некогашниот европски шампион Хамбург беше на место во втората лига кое води во Бундеслига. По рестартот изгубија дури 6 бода само во судиско продолжение и се простија од директен пласман во Бундес.

Компанијата на сопственикот на Хофенхајм близу до вакцина, Германија вложи 300 милиони евра

Германската јавност е спремна да му подигне споменик на Дитмар Хоп, милијардерот којшто го одби Доналд Трамп да му го продаде „рецептот“ за вакцина против КОВИД-19. А државата Германија одвои 300 милиони евра за научниците од неговата фирма кои деноноќно работат над вакцина.

Турска серија на мечот Галатасарај - Газиантеп

Ваков башибозук може да има само во турската Суперлига. Натпреварот на стадионот „Турк Телеком“ трае 115 минути, паѓаат 6 гола од кои еден на крај со ножички па го поништуваат, па индиректен удар па пенал, па гужва и црвен картон, па инциденти. Малечката Невеста води да носи.

Ништо страшно де, не беше намерно

Фудбалер во летонското првенство до толку се фрли во очај што легна на земја да плаче, а го тешеа и противниците. А не е дека направи голема беља, туку само си ја закова од пола терен и им донесе 3 бода на домаќините.