Се работи за капитенот на Виљареал Бруно Соријано кој конечно и стави крај на три годишната голгота и со голема радост му се врати на фудбалот.
Не можеше глава да крене од тешки повреди на коленото, но со огромно трпение, упорност и работа, запна и ги надмина проблемите.
Првата шанса после неговата долга пауза ја доби синоќа на дербито против Севиља кое заврши 2:2. Влезе во 88-ма минута и ја доби назад капитенската лента.
„Имав кошмари, ми беше многу тешко, но никогаш не се предадов. Секако, имаше и моменти кога помислив дека е најдобро да се предадам, минаа цели три години. Но, сега го надминав тоа благодарение на моите најблиски, семејството и клубот. Сакам да му помогнам на тимот и му стојам на тренерот на располагање, дури и за пет минути во завршницата“ изјави Бруно.
36 годишниот играч од средниот ред цела кариера му ја посвети на Виљареал, а во прв тим дебитираше на 15 јули 2006-та против Марибор во Интертото Купот. Од тогаш има одиграно 418 средби кои ќе беа сигурно околу 500 да не го снајдеа проблемите.
Соријано е упорен дечко кој не се откажува, а за дебито во селекцијата на Шпанија на едно големо натпреварување чекаше дури до ЕП 2016. Заигра на 32 години на мечот против Турција во групната фаза.
Sí, ganar es muy importante, pero que tu gente te reciba así... 😍
— Villarreal CF (@VillarrealCF) June 22, 2020
¡Te lo mereces, capitán 💛!
Así ha sido la ovación que se ha llevado Bruno Soriano en el vestuario tras su esperado regreso. #VuelveBruno
👏👏👏👏👏👏👏👏👏👏👏👏👏👏 pic.twitter.com/Lr78w5EY9P
📅 Last game – 21st May 2017
— LaLiga English (@LaLigaEN) June 22, 2020
🔙 Comeback – 22nd June 2020
After three years out with injuries, Bruno Soriano is BACK! 🤗#VillarrealSevillaFC pic.twitter.com/5qXTZxrG5L