Фудбал

Лампард во Челзи да ти бил Гестапо со казните

Легендарниот капитен на Челси, во 2019-та беше назначен за тренер на клубот кој го водеше година и пол, без ниту еден освоен трофеј. Фрлите око на листата со казни која им ја скроил на играчите. Пази, 20.000 фунти била казна за доцнење на тренинг, а 10.000 ако задоцниш со пријавување на болест или повреда. Па ова да му го покажеш на македонски спортист, кредит ќе треба да подигне.

Четврти судија тутулебале

После ова, некои викаат, уште сабајле четвртиов судија ќе добие потпишан отказ.

Позната тенисерка губи 3 милиони долари поради екцесот со бебешки плач

За време на исклучително напорниот дуел меѓу најдобрата тенисерка на светот Арина Сабаленка и Британката со романско потекло Ема Радукану, кој Белорусинката едвај го доби после повеќе од три часа тенис, се случи еден мал гаф. Имено некоја мајка дошла со бебе на трибините а бебето во неколку наврати заплакало. Радукану се побунила а главната судијка сурово и одговорила: „Да не сакаш да го исфрлам бебето надвор“?

Трагикомичен автогол на Шкендија

Единствениот македонски претставник во европските купови го загуби реваншот со Карабах со убедливи 5:1 во 3. квалификациско коло од ЛШ. Гостите изненадија со предност уште во 10 минута, но до 35 минута примија 4. Само 6 минути после голот, си постигнаа автогол во кој учествуваат двајца играчи на Шкендија. Се селат во ЛЕ, каде ќе играат плејоф меч против Лудогорец.

Баерн има ново дете

Во генерална проба пред стартот на сезоната, Баерн Минхен гостувал кај Грасхоперс и победил 1-2. Еден од головите го дал младиот 17-годишен Ленарт Карл. Прекрасна мајсторија на младиот талент кој играл прва постава и кој е можно да добива поголема шанса во текот на сезоната.

Го паметите ли идолот на Роналдињо?

Легендарниот бразилски фудбалер Џалмиња важеше за еден од најпрефинетите техничари кои ги дала оваа земја, а дала стотици илјади. Џалмиња играше во Фламенго, Гуарани, Палмеираш, кратко и во Јапонија. Се прослави во Депортиво Ла Коруња чиј дел беше во најславните денови кога освоија шампионска титула во Ла Лига и шпански Куп. Со Бразил стигна и до пехар во Копа Америка.

На ваков слободен удар, непотребно се фрла голманот

Кардиф го совлада Свиндон со 2:1 во првата рунда од Лига Купот. Одиме веднаш со голчиштето на Рубин Колвил кој како од топ ја испука топката.

Ама ја опали братов од Ријека

Македонскиот репрезентативец Јован Манев ќе игра плејоф за ЛЕ, откако Ријека го елиминираше Шелбурн од Ирска во 3. квалификациско коло со вкупни 3:4. Хрватите во реваншот славеа 1:3. Внимавајте на голот на Португалецот Тиаго Дантас, кој има два настапи за Баерн.

Јак автогол, нема што

Колку треба да си цар за да си ја забиеш во сопствен гол со глава од 20 метри? Се работи за мечот Америка де Кали - Флуминенсе во рамките на Судамерикана.

Фантастичен гол од 60 метри

Во 6. коло од фудбалската лига на Венецуела, Пуерто Кабељо играл против Универзидад Сентрал. Воделе домашните со 2-0 со втор гол постигнат од пола терен во 81' минута. Стрелец Андрес Понсе. Ама во 90+3-та минута и во 90+9-та минута од судиско продолжение примаат два гола за конечни 2-2.

Голчиштето со кое Руи Коста се одјави од Милан

Кога Фатих Терим во 2001-ва ја напушти Фиорентина за да го тренира Милан, со себе го зема Руи Коста, за кој росонерите искешираа 85 милијарди лири (43 милиони евра), најскап трансфер во тоа време. Португалецот во 5 сезони освои 5 трофеи: Скудето, Куп, Супер Куп, ЛШ и Супер Куп на Европа. Вака му изгледа последниот гол за Милан. Против Бреша во Куп во 88 минута, за победа од 3:4.

Најјакиот жолт картон што скоро е виден

Имало и неосновани жолти картони и заслужени и незаслужени. Овој го ставаме во папката: царски жолт картон.

Дај продолжен кабел

За време на дуелот Спартани - Дачија-2 Бујучани во молдавската прва лига, четвртиот судија на мечот покажувал измени на контролна табла каква што ретко се гледа. Виталие Думбрава влегол во игра преку продолжен кабел.

Браво цареви

Алекс Дел Пјеро и Весли Снајдер им прават класично реметење на денешните пациенти, кои паѓаат на секој контакт, односно глумат театрално и кога веѓа со мал прст ќе им допреш.

Привилегија е да си камерман на клипов

Исто и за режисерот, тонците, светло мајсторите, за сите од сценска техника, заедно со публиката, бидејќи ваков собир не се повторува. Марадона му вели на Пеле дека сон му е да си поиграат со глава. Снимката е од 2005-та. Аргентинецот има 45, а Бразилецот 65 години.

Фото на денот

Докторот на Барселона појма немал дека спрема нуклеарно оружје кое ќе го уништи светот.

Ретро со Пандев на Градски кое не се заборава

Знаете ли друг македонски играч кој и дал два гола на Шпанија? Актуелен европски, а следната година и светски првак. 12 август 2009. Throwback што не се заборава.

Никогаш не заборавај од каде потекнуваш

Алехандро Балде е фантастичен лев бек кој има 21 година и игра за Барселона и репрезентацијата на Шпанија. Неговите се мигранти од Доминиканска Република (мајка му) и Гвинеја (татко му), а тој е роден во Барселона. Сега се решава за прекрасен гест од животно значење за родниот град на неговиот татко во Гвинеја. Донирал сериозна сума за изградба на ново, модерно школо и за нов водовод.

Убавина од слободен

Во 19. коло од бразилската Серија А, Хувентуде со 2-1 го совлада Коринтијанс, ама голот кој го постигна гостинскиот играч Матеузињо во 90' минута беше право ремек-дело. Во стилот на најголемите мајстори за слободни удари.

Барселона ќе игра меч од Ла Лига во Мајами

Се крчка првиот натпревар од шпанското првенство во странство. Шпанската федерација дала зелено светло. Се чека амин уште од ФИФА и УЕФА.

Арда Туран два пати на исти маки

Се вика Дариа Бондар, украинска новинарка, генерација 2001-ва. 14 години постариот Туран, кој од мај месец е тренер на Шахтјор, секаде гледа, само не во нејзе.

Велеслалом на Недвед од времето во Јуве

Видеото е кога беше дел од управата на Јувентус. Многумина му се смејат на социјалните мрежи, а еден се двои со логично прашање? Зошто Павел Недвед не може да се забавува? Прво стои на нозе, а второ не вози кола.

Тивкиот голман со 21 трофеј во Барселона кој исчезна од јавниот живот

Човекот кој некогаш стоеше на најголемите фудбалски сцени, е еден од ретките славни ликови, кој успеа еден дел од својот живот да го мине во целосна тишина.

Кој се плаши од висина нека не гледа

Утрехт ја отвори сезоната во холандската лига Ередивизија со убедлива победа од 4-0 над Хераклес. Пред натпреварот еден параглајдер од тимот на Ред Бул ја спуштил топката на самиот центар на игралиште.