Фудбал

Пандев индиректно кажа што мисли за новиот дрес за Европско

Јавноста никако не може да се помири со новата гарнитура дресови меѓу кои во прв план е првата варијанта со бордо боја. Индиректна порака прати и капитенот на репрезентацијата.

Промовирани дресовите кои Македонија ќе ги носи на Европско првенство

Фудбалската федерација на Македонија попладнево ги промовираше дресовите кои нашите најдобри фудбалери ќе ги облечат на претстојниот континентален шампионат.

Документарецот „Победници“ за селекторот и хероите

Емотивен видео расказ на Види Вака кој ги опфаќа почетоците на селекторот Ангеловски па сè до врвот кој го искачи заедно со фудбалерите. Фина приказна за Мрме и момците.

Папата Франциск прв го доби дресот со кој Македонија ќе игра на Евро 2021

Македонскиот претседател Стево Пендаровски при посетата на Рим и Ватикан, на папата Франциск кој е голем љубител на фудбалот и осведочен навивач на аргентински Сан Лоренцо, му го подари дресот со кој Македонија ќе игра на Европско првенство за 15-ина дена.

Што е работата со Интер и зошто тренерот си оди 25 дена по освоено скудето?

Во сезоната 2020/2021 која штотуку заврши, Интер ги имаше најдобрите резултати во последните 11 години. Првпат после 2010-та го освоија скудетото и навивачите беа пресреќни.

Давид Де Хеа последен пат одбранил пенал во 2016-та

Манчестер Јунајтед и Виљареал одиграа сјаен меч кој го круниса пенал серија со дури 22 изведени пенали откако после 120 минути фудбал резултатот беше 1:1.

Легендарно финале, Виљареал испиша бајка после 22 изведени пенали

Фудбалерите на Виљареал го освоија вредниот трофеј на Лига Европа, откако вечерва на пенали го совладаа Манчестер Јунајтед. Пенал серијата траеше бескрајно, се изведоа дури 22 пенали. Унаи Емери по четврти пат го крева овој пехар и влезе во вечноста.

Како Вердер испадна од Бундес после 41 година

Во нашиот регион јавноста со неверица ја прифати веста дека од првата македонска лига испаѓа фудбалскиот клуб Вардар, доскорешен учесник во елитната Лига Европа кој сега ќе мора да игра по македонските села за да си ја врати честа. Нешто слично го задеси и Вердер Бремен кој беше шампион на Германија.

Трауми од детството со топка во двор со куче

Се случувало топката да отиде кај комшија кој пред неколку дена ви свикал дека следен пат со нож ќе ја распара ако му стигне во негов посед пошто му сметала галама. Ама позезнато е ова низ што проаѓаат овие дечки на видеово. Оди па биди храбар да те видам ко ќе се залета Рекс од таму лут ко стрела.

Шампионската сага на Атлетико Мадрид од почеток до крај

„Ние не сме Атлетико ако не страдаме“ е една од познатите фрази меѓу навивачите на „јорганџиите“ од Мадрид. И така беше сезонава која што на крај ја крунисаа со 11-та титула, можеби најдрага за навивачите затоа што многу се намачија до неа.

Па добро бе Агуеро, два збора да научеше за 10 години

Фудбалерите не ги бие баш глас дека се ултра талентирани да совладаат странски јазик на курс и часови предвидени за тоа. Ама па 10 години да си дел од еден клуб, да му донесеш децениски чекана титула, да станеш најдобар стрелец во историјата и навивачите да те сакаат како најроден, па 2 збора да не научиш.

Менди, држи се ти на лев бек и мани вицови

Англискиот шампион, освојувач на Лига Куп сезонава и финалист на Лига на шампиони, Манчестер Сити има супер комуникација со навивачите преку разни клупски канали. И ете го викнале забавниот Менди да прави штосеви на најмладите, ама...

Шпанија првпат во историја оди на големо првенство без играчи од Реал

Селекторите на репрезентациите учесници на Евро2020 веќе ги објавуваат конечните списоци на фудбалери. Во понеделникот Луис Енрике ги прочита имињата на шпанските фудбалери кои ќе играат на Европско ама нема ниеден од Реал Мадрид.

Милан се враќа во Лига на шампиони после цели осум години - што ќе биде понатаму?

Иако звучи неверојатно, вистинито е - росонерите после пауза од долги 8 години се враќаат во елитниот крем каде се на самиот врв на најтрофејни клубови во историјата. Ама има едно ама...

Лукаку не треба да шутне за да даде гол

Со 28 победи, 7 нерешени и 3 порази, како и 91 освоен бод, Интер на шампионски начин ја заврши сезоната и по пауза од 11 години го слави Скудетото. Во последно коло го почастија Удинезе со 5:1, а Лукаку ја завршува сезоната како втор стрелец во Серија А со 23 гола.

Сезоната на Пандев во извoнредно видео во филмски стил

Стигна до голем јубилеј од 100 гола во Серија А и стана единствен Македонец со таков подвиг во топ 5 лигите во Европа. Повторно ја спаси Џенова од испаѓање придонесувајќи сo 7 гола и 3 асистенции. За репрезентативните успеси па да не зборуваме. Видеово е повеќе од залужено.

Солзите на Суарез кажуваат сè

Да го продадеш Луис Суарез, па уште и за смешни пари, значи дека се откажуваш од преку 20 гола по сезона. Тоа го направи Барселона, која впрочем си пукаше во колено. 34 годишниот Суарез ја заврши сезоната со 21 гол како прв стрелец за Атлетико.

Последната минута и шампионското славје на Атлетико Мадрид

Драмата во Шпанија за титулата заврши со трилер во вторите 45 минути, откако и двете екипи од Мадрид губеа на полувреме и на крај триумфираа со пресврт. Победата на Реал беше пирова, а на Атлетико вредна титула број 11.

Кој наш фудбалер го направи најскапиот милионски трансфер од Македонија во странство?

Кариерата ја почна во локален клуб во Крива Паланка, каде што е роден. И даде гол на Рома на Градски во дресот на Вардар, а Штутгарт го купи од Силекс за дебела пара во тоа време.

Врвот на ВАР технологијата се случи во Србија

Ќе ви треба повеќе од еднаш да го изгледате видеово за да поверувате дека е вистина. И второ, пуштете погласно да го чуете антологискиот муабет меѓу судијата и камерманот. Му бара да ја премота лентата, а овој му одговара дека е чист пенал како солза. Па нема појако на свет.

Снимки со Буфон и Киеза за внуци и правнуци

Уникатна е сторијата за Џиџи Буфон и таткото и синот Киеза и инспирација за текстови, видеа, документарци...Со Енрико, сега 50 годишен го славеше Купот на Италија во 1999-та, а со 23 годишниот Федерико во 2021. И тоа и двајцата беа стрелци во финалињата. Јако видео од Џиџи кој на 21 и 43 години исто им се радува на трофеите.

Кога мислиш голманот е луд, а судијата да ти бил полуд

Во една пониска лига во Бразил, на меч меѓу Комерсиал и Коста Рика, гостинскиот фудбалер Жоаозињо изведува пенал а домашниот голман Мартинс прави нешто што стварно одамна не се видело. А најлуд е судијата кој го признава ударот.

Иницијатива од фановите за легендата

Четири години откако плови во пензионерските денови, се бара назад во студио брутално добриот глас на Златко Калински, да биде специјален гостин за Европското на кое ќе игра Македонија.

Каталонска тики-така во женски стил

Доминацијата на женскиот клуб на Барселона е нереална. Го освоија првенството со максимален скор од 27 победи на 27 кола. Постигнаа 136 гола, а примија само 5. Плус Челси го совладаа 4:0 во финалето на ЛШ. Погледнете ги што работат со топката.