Фудбал

Кој е Карлос Еспи - новиот адут од сенка во Реал Мадрид?

Интересно Реал Мадрид го претстави новото засилување за екипата Карлос Еспи дури на 23-ти август иако тој потпиша договор на 30-ти јули а 24 часа пред промоцијата постигна победнички гол против Еспањол на гости за 1-2.

Тиаго Силва на 42 години држи лекции по одбрана

Легендарниот бразилски стопер не се донаигра фудбал. Од 2002 е на сцена во Бразил, Португалија, Русија, Италија, Франција, Англија. На 22 септември полни 42, а летово направи кам бек во Флуминенсе, таму каде почнал да се кали како дете. Во видеово гледаме стара коска и интелигенција.

Мастеркласот на Кол Палмер на отворање на сезоната

Одморен, освежен, без повик за Светско, Кол Палмер се отвори уште на првиот меч на Челси во новата сезона, кој славеше 2:3 против Фулам. Гол, асистенција, додавања, дриблинзи. Врвен старт за 24 годишната англиска ѕвезда.

Челси даде гол во 31 секунда и постави нов рекорд

Челси и Фулам одиграа фантастичен натпревар во 1. коло од новата сезона во Премиер лигата. Гостите од „Стемфорд Бриџ“ славеа 2-3 а првиот погодок на „Крејвен Котиџ“ после само 31 секунда го даде напаѓачот Жоао Педро. 24-годишниот Бразилец кој дојде лани од Брајтон за 60 милиони евра, стана рекорден стрелец во 1. коло од Премиер лига. Никој никогаш не дал толку брзо гол на отворање на сезона.

Судија кај ти летна знаменцето?

Рома фуриозно ја отвори новата сезона во Серија А и со 4-0 ја згроми Фиорентина во 1. коло. Дониел Мален постигна хет-трик а Пауло Дибала имаше хет-трик од асистенции. Ова е првпат врвниот тренер Гасперини сам да го селектира тимот на „римската волчица“, доведе играчи по своја желба и ништо чудно Рома да биде сериозен кандидат за скудето сезонава. А натпреварот го одбележи и еден смешен момент со линискиот судија.

Супер деби за Фратези и Гатузо

И покрај жестоките протести на навивачите против Лотито, кои кулминираа со само 4.000 купени сезонски билети, а лани беа 30.000, Лацио изненади во првото коло и ја доби Болоња на гости со 0:1. Новото засилување Давиде Фратези од Интер дебитираше со гол за радост на Џенаро Гатузо.

Мајсторија за медал во МЛС

Хоакин Переира е кандидат број 1 за гол на сезоната во МЛС лигата. Сан Хозе имаше 1:0 против Минесота и потоа прими 5 комада. Серијата ја отвори Аргентинецот со рабона потег кој не треба да се тргне од најавни шпици. Убавина.

Познато ви е интрово?

Е не можеше да налетаме на појако ретро од детските златни денови. Го викаш другар ти после школо во детска соба, ги фаќате џоистиците и тоа е тоа. За распуст по цели денови.

Ја качи на кров, а Коло?

Бремер како дефанзивец му донесе 3 бода на Јуве на гостувањето против Фрозиноне на стартот од Серија А. На Коло Муани работата како напаѓач му е да дава голови, ама нишанот скроз му беше изместен.

Како Матеј Гаштаров спаси чист гол и доби висока оценка

Деветнаесет годишниот Македонец Матеј Гаштаров е главна тема на муабет кај српските спортски медиуми. Овој играч од среден ред доби огромни пофалби од тренерот на Црвена звезда Алберт Риера дека „практично држел мастерклас“ на средбата против Чукарички (4-0). Гаштаров наскоро треба да дебитира за А репрезентацијата на Македонија. Тој на почеток на мечот спаси чист гол на гостите уште во 2' минута.

Секогаш е забавно кога играч ќе мора да брани место голманот

Кога играч го сака клубот, спремен е да прифати секаква улога на теренот. Од голман до напаѓач. Така 22-годишниот стопер Боби Фокнер морал да ги облече ракавиците и да застане на голот откако голманот Харисон Мејл се повредил и морал да излезе а веќе немале право на нова измена.

Му ја направи годината, готово

Антоан Семењо од Манчестер Сити со еден мал гест израдува дете како никој. Во транс падна малиот. Дресот за него е како трофеј.

Нова урнебесна епизода со робот

Викендов еден лик, тоест робот го сруши легендарниот светски рекорд на Болт на 100 метри. Овој ќе шутира слободен удар, ама ќе направи и уште нешто. Да се смееме или? Не знам.

Топка од епски меч на Марадона продадена за 3,3 милиони долари

Очекувањата биле да достигне цена од 10 милиони, колку беше продаден дресот.

Ибрахимовиќ за новата фризура на Халанд: „Избриши ми го бројот“

Најдобриот центарфор на денешницата, снажниот Норвежанец Ерлинг Халанд со нов стил влегува во новата сезона- ја ишишал препознатливата долга коса. Сега има кратка коса. Се ишишал па им се јавил на Пеп Гвардиола, на Грилиш, Ноел Галахер и Ибрахимовиќ.

Во Италија веќе има кандидат за наградата „Ференц Пушкаш“

Дом Балард во саботата во англиски Чемпионшип постигна страшен гол за Бристол Сити против Бирмингем, а сега Шкотланѓанецот Че Адамс од Торино даде неверојатен еврогол против Милан за ублажување на поразот 1-2. Ова сигурно ќе биде сериозен кандидат за наградата на ФИФА „Ференц Пушкаш“ за најубав гол на сезоната.

Преубав гол на месецот во Данска

Со прекрасниот гол на младиот Чилеанец Дарио Осорио Мидтјиланд го совладал Рандерс 1-0 во 4. коло од данската Суперлига и останал непоразен (3-1-0). 22-годишниот Осорио веќе пар сезони е главен играч на данскиот клуб а за него се сериозно заинтересирани најголемите европски клубови. Игра како крилен напаѓач или полушпиц.

Зошто постои ВАР ако ова поминува само со жолт?

Хорсенс против Лингби, данска прва лига. Кои се овие критериуми за ваков безобразен старт? Сè под црвен и суспензија е брука за сите судии на мечот.

Југославија се собра во Аталанта

Славниот Маурицио Сари кој беше тренер на Наполи, Челси, Јуве и Лацио, ќе има можност, веројатно како прв во Серија А да работи со играчи од сите поранешни југословенски земји. Елиф Елмас ја комплетираше оваа интересна листа во тимот од Бергамо.

Салах го даде првиот гол за Трабзонспор

Во 2. коло од турската Суперлига Трабзонспор го пречекува Истанбул Башакшехир. Мохамед Салах најголемата ѕвезда која летово дојде во турскиот фудбал го постигна својот прв гол за Трабзонспор. Гостите набрзо израмнија на 1-1 во 19' минута преку Елдор Шомуродов.

Валенсија не прими гол, Столе почна со парадите

Валенсија и Селта одиграа без голови во 1. коло од Ла Лига. Гостите имаа три удари во рамки на гол, ама се соочија со Димитриевски. Ла Лига ја издвои најјаката интервенција на наш Столе во 38 минута. Биеше Хави Родригез.

Луѓе, дали веќе го имаме голот на сезоната?

Септември уште не е дојден, уште не се ни загреани фудбалерите за новата сезона, а веќе имаме БУМ. Г о л ч и ш т е за почит и долго сеќавање. Дом Балард од Бристол се надмина себе си на мечот против Бирмингем во Чемпионшип. Многу јака завршница е ова. Врвна.

Пристигнувањето на Елмас во Аталанта

Трето важно поглавје во Италија за македонскиот дијамант. За жал нема да фати ЛШ, но ќе игра на меѓународна сцена.