Фудбал

Журката на Трабзонспор за титулата е прослава број 1 на сезоната

Имаме ново видео од незаборавната прослава на Трабзонспор кои по 38 години се радуваат на шампионската титула во Турција. Велат дека во Истанбул на славјето биле меѓу 250.000 и 300.000 навивачи. Врвно.

То бе мајсторе, покажи му на светот како се игра сам пред гол

Селски босански фудбал со фантазија од завршница. Е ова е 9-ка со убиствен инстинкт за гол. Ја искина мрежата.

Даваш изјава пред Бернабеу и Реал ја врти

Едно од најсимпатичните видеа после лудачкиот кам бек на Реал Мадрид против Сити. Зошто си отидовте порано од стадион? Со ќерка ми сум и не сакав да биде тажна. Ама сигурен дека ќе ја свртат.

Лудилото во Франкфурт кои слават пласман во европско финале по пауза од 42 години

Навивачите на Ајнтрахт кои одат на гостувања во бројка, колку Кавадарци што има жители, конечно дочекаа нешто што го заслужуваат со оглед на чопоративната страствена верна поддршка по која се рекордери во Европа.

Мојс го загуби паметот, го рогаше детето што собира топки

Вест Хем се соочи со елиминација во полуфиналето од ЛЕ со вкупни 3:1 од Ајнтрахт Франкфурт, а најголемиот срам на мечот го изеде Дејвид Мојс, кој фрустрациите му ги истури на детето што собира топки. Судијата веднаш му го покажа патот кон соблекувалната, a Шкотланѓанецот се извини после мечот.

Навивачите на Рома и Лестер со заеднички респект за Клаудио Раниери

Се работи за римјанин и навивач на Рома, кој до два наврати им беше тренер. За поврзаноста пак со премиерлигашот и нивните навивачи зарем треба да потсетуваме? Во 138 години клупска историја дочекаа прва титула во Премиер лига под негово водство во 2016-та. Овациите од двете страни Раниери емотивно ги прими.

Мурињо експлодираше од емоции за финалето во Конференциската лига

Рома и Феенорд се први финалисти во новоформираното трето по ранг клупско европско натпреварување. Португалецот е во транс и во солзи и може да стане прв тренер со трофеј во ЛШ, ЛЕ и Конференциска лига.

Австријците на спектакуларен и величествен начин се збогуваа со Ивица Осим

Легендарниот селектор на Југославија кој почина на 1 мај на 81 годишна возраст, беше тренер на Штурм Грац осум години (1994-2002) во кои им донесе 8 трофеи. Клубот тоа не го заборава и му организираше комеморација на стадион која траеше 81 минута, а ковчегот беше поставен на терен.

Дрскиот карактер и менталната сила на Реал Мадрид кој со пресврти елиминираше три гиганти во нокаут фазата

Тешко е да се оцени колку вредат ПСЖ и Манчестер Сити и колкава им е моќта во пари, со оглед на тоа што газдите им се арапски милијардери, а Челси е инаку актуелен првак на Европа. Сите овие три екипи, меѓу главните конкуренти за трофејот, ќе се молат догодина да не им падне Реал во ЛШ.

Во Мадрид се славеше како веќе да освоиле ЛШ

Направија пиротехничко шоу, фрлаа столици, стопираа коли. Цел град беше во транс, општо лудило, а врвната компилација ја има погодете кој? Рено Марко.

Агуеро пак беше попарен и овој пат ја гледаше со Тевез

Легендарниот напаѓач на Сити изеде нови нервози во ЛШ. Првиот меч го следеше заедно со Балотели, а овој пат со друг соиграч од нападот на Манчестер, а тоа е Карлоз Тевез. Не можеше да и поверува на завршницата.

Вака не се чува Бензема

Јуве пред четири години го платија 40 милиони, а Сити во размена со Данило го направија најскап десен бек. Но на Жоао Кансело името и вредноста нема да му помогнат како да се координира во одбрана. Додека погледне кај се топката и Бензема, отиде возот.

Ти па го погоди моментот кога да се симнеш на терен

Реал Мадрид приреди драма и пол во реваншот полуфиналето од ЛШ и само што Родриго ги даде двата гола во рок од 90 секунди, вредни продолженија, падобранец со албанско знаме го прекина мечот. 

Цреповите кои предвреме го напуштија Бернабеу

Да, имаше и такви несреќи кои после голот на Марез си заминаа од стадион, па после се шуткаа надвор како муви без глави. Пак да си одите порано.

Лудилото во соблекувалната на Реал

Се појави еден статистички податок дека Реал Мадрид во 89-та минута имал 1% шанси да оди понатаму. Како да не одлепат.

Епскиот кам бек на Реал Мадрид

Само 90 секунди му требаше на кралскиот клуб да го уништи и деморализира Манчестер Сити кој никако да ја оствари целта наречена Лига на шампиони. Имаа 4:3 од првиот дуел и водство од 0:1 до 90-та минута и пак се елиминирани.

Навивачите на Манчестер Јунајтед веќе смислија песна за новиот тренер

52 годишниот Ерик Тен Хаг кој од 2017-та успешно го води Ајакс, од сезоната 2022/2023 стартува со нов предизвик наречен Манчестер Јунајтед. Навивачите се нестрпливи и веќе почнаа да му пејат.

Бугарски фудбалер се надмина себе си во задржување време

Кога ќе го пуштите видеото, 100% ќе помислите дека смешката ќе биде во тоа што фудбалерот ќе им падне од носилки. Ама не, друг е штосот.

Фото на денот

Не дека треба да ги набројуваме, ама ајде. Карло Анчелоти на вечера со Фернандо Јеро, Роналдо, Луис Фиго и Рафаел Надал. Велат дека ги части за титулата.

Никој како Ливерпул, кој сезонава знае да игра само за финалиња

Делуваа збунето, конфузно и не можеа никако да се поврзат, а Виљареал ги надигра во првите 45 минути и се избори за 2:0, резултат за продолженија. Ама во второ полувреме се појави друг Ливерпул на терен, кој за 12 минути со три комада ги смачка Шпанците. Со пласманот во финале испишаа нова историја за англискиот фудбал.

11 шампионски титули - 11 голчишта на Милер

Во сенка е на Левандовски и важи за еден од најпотценетите, кој пали и гаси како играч од среден ред, крило, втор напаѓач, најистурен напаѓач. Универзален фудбалер кој повеќе од заслужено го има статусот на клупска легенда.

Левица на денот, голманот не мрдна

Додека во Европа привршува ЛШ, во Јужна Америка се игра групната фаза од Копа Либертадорес. Палмеирас има 4 од 4 во А групата, а синоќа му пукна петарда на гости на Индепендиенте Петролеро од Боливија. Бразилезот Рафаел Веига постигна хет-трик, а на еден од головите гледач беше и голманот.

Виљареал немаше сили за сензација, прв финалист во ЛШ е Ливерпул

Шпанско англиската пресметка донесе супер интересно и возбудливо полуфинале во реваншот од ЛШ. По едно полувреме им припадна и на двете екипи. Виљареал запна, целосно го надигра фаворитот и се избори за 2:0 на полувреме, но реакцијата на момците на Клоп во вториот дел беше жестока со 3 гола за 12 минути.