Фудбал

Голот на Митровиќ кој влезе во аналите на англискиот фудбал

Српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ едноставно е неверојатен и незапирлив сезонава. Гол машина која успеа да сруши рекорд стар три децении.

Нереално е вака да ја одиграш на толку голем гол

Само некој кој прв пат фаќа топка во живот е разбирливо вака да одигра на празен гол, сè друго е несфатливо. Патарушкава игра за Португалија прва лига за тимот на Тондела и се вика Рафаел Барбоза. Замисли на спортска те зезне ради ова?

Кога цела трибина ќе ти покаже на кој да му подадеш

Навивачите на Ротерам на мечот против Гилингем на гости во Чемпионшип, покажаа дека дишат со екипата и имаат одлична прегледност кој каде е на терен. Погледне ја оваа синхронизирана помош за еден од играчите која вроди со плод.

Михајловиќ – Леукемија 2:0

На 5 април им се јави на играчите и им рече: „Ќе се борам заедно со вас, а сигурен сум дека и вие кога ќе излезете на терен ќе се борите малку и за мене. Еднаш го поминавме ова заедно и пак ќе го поминеме“.

Полски коментатори се отцепија од смеење што Алегри чува резултат против Венеција

Јувентус славеше 2:1 против последниот на табела, малку нетипично со два гола на Бонучи. Вториот гол за 2:1 го дадоа во 76-та минута, а по две минути Алегри го внесе Кјелини. Кога коментаторите видоа дека го вади Влаховиќ пукнаа јак сеир за измената.

Анчелоти даде јак денс на шампионскиот автобус

Над 100.000 луѓе ги окупираа улиците во Мадрид за прославата на титулата број 35. Карло Анчелоти беше во елемент, а и како нема да биде кога стана прв тренер во историјата со титула во Серија А, Премиер лига, Бундеслига, Лига 1 и Ла Лига.

Страшен проектил на Барди, ќе напукнеше пречката

Фудбалерите на Леванте одиграа 1:1 на гостувањето против Валенсија, резултат кој не им одговара со оглед на тоа што се на дното на табелата со -6 од испаѓање на 4 кола до крај. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го испука можеби најсилниот удар во кариерата, ама немаше среќа, инаку ќе го имаше голот на колото.

Уникатниот рекорд на Дон Карло

Не е лесно да се изгради кариера во најсилните 5 европски лиги. Карло Анчелоти не само што стапна во сите нив, туку успеа да стане првиот тренер во историјата со титула во италијанско, англиско, шпанско, германско и француско првенство. Каков подвиг мајсторе.

Жоао Педро ја искина мрежата

Роден е во Бразил, ама годинава доби репрезентативен повик од Роберто Манчини. Во Каљари игра од 2014-та и има 268 настапи и 86 гола. Не се брани ова против Верона.

Овој пат е вистина, почина Мино Рајола

Само два дена откако објавија многу странски медиуми дека е починат, меѓу кои и Газета, а тој самиот демантираше на Твитер, овој пат стигна потврда од семејството.

Сигурен си дека со глава требаше да го играш зицеров?

Емелек од Еквадор против Палмеирас во Копа Либертадорес. Гостите во контра убаво и рационално ја завршуваат акцијата, ама шпицот Рони прави потег како прв пат да игра во напад. Во следната акција примаат гол, ама среќа потоа дадоа уште еден и тепаа 1:3.

Да помине Хозе Мари од Милан на улица, нема шанси да го препознаете

Не беше некоја светска класа на напаѓач, ама беше познат и тој што следи италијанско 20 години, сигурно ќе се сети кој е. Ама мора да го види во дрес на Милан, инаку ништо.

Па остави голман да се прослави, што си смотан

Во 3. коло од Копа Либертадорес, во групна фаза играа Индепендиенте Петролеро од Боливија и Депортиво Тахира од Венецуела. Гостите славеа 1-2 ама резултатот е во втор план. Во прв план е дегажманот на голманот на гостите Кристофер Варела кој ќе дадеше екстравагантен гол од негово поле да не беше неговиот соиграч Ентони Урибе да му го украде погодокот за 0-1.

Голот што падна за 9 секунди по изведување од центар

Феенорд и Олимпик Марсеј одиграа блесав меч од полуфиналето на Лига Конференции каде се уште и Лестер и Рома. Холандскиот состав поведе рано на 2:0, Марсеј се врати брзо за 2:2 и така заврши првиот дел. Само што почна вториот, тргнуваат Французите од центар, Хрватот Чалета-Цар прави невиден кикс и следи студен туш.

Кевин Де Брујн ти е крал за длабочински топки

Веќе седма сезона, Белгиецот е еден од главните играчи на Сити и фудбалер кој би го посакал секој тренер. Го владее средниот ред, а неговите пасови се половина гол. 302 настапи има за тимот од Етихат, а сезонава постигна 15 гола. Компилација од 1 минута полна со фудбал со мозок.

Ново шоу на Жозе Мурињо, прекина интервју да дофрли нешто

Лестер и Рома одиграа 1:1 во првиот полуфинален натпревар од Лига Конференции одигран на „Кинг Пауер“ стадионот. Резултат кој гарантира врвен реванш на „Олимпико“ во Рим. Инаку менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс на времето му беше помошник на Мурињо во Челси и двајцата се многу добри пријатели.

И мечот го решив и пивото ви го испив

Андерс Драјер од Митлијанд излезе најголем мангуп во полуфиналето од Купот на Данска. Го даде побечкиот гол против Веље Болдклуб, го однесе својот тим во финале, а потоа на навивачите им демонстрираше уште една прецизност, овој пат во фаќање пиво во лет.

Абрахам си поигра со двајца од Лестер како со мали деца

Вест Хем го пропушти голот на сезоната во Лига Европа, а Рома асистенцијата на сезоната откако Тами Абрахам им го помати умот на двајца чувари на Лестер. Погледнете го ова шоу на мал простор, зглобови му шина на едниот.

За влакно не падна голот на сезоната во Лига Европа

Фудбалерите на Вест Хем со пораз од 1:2 ќе патуваат на реваншот полуфиналето против Ајнтрахт од Франкфурт. Џерод Бовен ќе си гризнеше од уво во судиско. Прекрасен материјал за најавни шпици, ќе оди во заборав.

Што е појако, голот на Роналдо или асистенцијата на Матиќ?

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 дома против Челси, резултат кој не им е доволен со оглед на тоа што имаат-5 бода до ЛШ, а четвртопласираниот Арсенал има два меча помалку. Ако ништо друго, имаме атракција за гледање. Ваквите голови на Роналдо се рутина, но асистенцијата на Немања е убавина за око која не се гледа секое коло. Многу мајсторски.

Јунаците на Болоња му пееја на Михајловиќ под прозор

Откако тренерот им е во болница и тоа по втор пат на лекување од леукемија, Болоња нема пораз на сите пет меча. Синоќа го симнаа од тронот Интер кој се бори за Скудето, а момците му направија изненадување на Синиша Михајловиќ со аплаузи и песна.

Демант од Мино Рајола: „Два пати во 4 месеци ме умираат“

И покрај тоа што водечкиот италијански спортски весник Ла Газета Дело Спорт меѓу првите објави, а после сите пренесоа вест за смртта на најпознатиот фудбалски агент Мино Рајола, од болницата каде што тој лежи остро демантираа.

Умре Мино Рајола

Најмоќниот менаџер на денешницата, Мино Рајола, почина денес на 54 години. Италијанскиот агент кој стоеше зад најголемите светски фудбалски имиња, последниве неколку недели бил на интензивна нега.

Под голманска лудост број 1 се мисли на оваа

Велат дека ќе почне да го боли кога ќе се отрезни.