Фудбал

Кој е Ерве Ренар - творецот на најголемата сензација на Светското 2022 со Саудиска Арабија

Репрезентацијата на Саудиска Арабија на секое учество на Светски првенства беше сметана за аутсајдер без никакви шанси да пројде група. Но во Катар го направија најголемото чудо - ја урнаа Аргентина на големиот Меси.

Мундијалска сензација, Саудиска Арабија со пресврт ја фрли Аргентина на колена

На петтиот натпревар во Катар се случи лудорија од резултат од кој настрадаа Меси и другарите. Саудиска Арабија која губеше 1:0 на полувреме, во рок од 5 минути направи лудачки пресврт и ја победи Аргентина. Гаучосите дадоа уште три гола во прво, ама им ги поништија.

Аргентина и даде четири гола на Саудиска Арабија во прво полувреме, три и поништија

Со голот од пенал после 10 минути игра, Лео Меси стана прв Аргентинец во историјата кој постигнал гол на четири Мундијали. Батистута и Марадона имаат дадено на три. 

Асадо - страст поради која Аргентина и Уругвај на Светско донеле 3,5 тони месо

Аргентинците и Уругвајците важат за едно од најголемите љубители на месо на светот. За да на Светското првенство во Катар овие репрезентации се чуствуваат како дома, понеле со себе тони месо.

Експериментот во Катар: Зошто судиите даваат толку долги продолженија?

Откако ФИФА им кажа на Англичаните, Холанѓаните и Белгијците дека ќе дава жолт картон на секој оној кој ќе носи капитенска лента во боите на виножитото па си подвија опашка и се повлекоа од борба за идеалите, сега тема број 1 по социјалните мрежи се невообичаено долгите судиски продолженија.

Прославата на Грилиш му била ветена на дете со церебрална парализа

Англија беше немилосрдна на првиот меч на Мундијалот и го победи Иран со 6:2. Еден од стрелците беше Џек Грилиш кој му исполни ветување на еден млад фан.

Роналдо го нацрта Пепе и се откорна од смеење

Првото коло од Мундијалот, Португалците го играат последни во четврток, а тоа им дава доволно време малку и за разонода и релаксација. Репрезентативците добија задача да нацртаат по еден соиграч. Роналдо го нацрта Пепе и прсна од смеење.

Холандскиот селектор и на 71 година ја води репрезентацијата, некогаш и во количка

Легендарниот холандски стратег Луи ван Гал ја води својата земја на второ Светско првенство во кариерата. Првиот пат во 2014-та на Холандија и подари прекрасна победа над силната Шпанија од 1:5 со еврогол на Ван Перси. Холанѓаните тогаш стигнаа до трето место и бронза, сега имаат иста цел.

14+ минути продолжение поради тешката повреда на голманот на Иран

Во воведните минути од дуелот од 1. коло во групата Б меѓу Англија и Иран, голманот и стоперот на азискиот состав Алиреза Беираванд и Маџид Хосеини се судрија жестоко после што голманот не можеше да го продолжи мечот. Десетина минути траеше прекинот, Беираванд проба да продолжи па сфати дека не може. Главниот судија го продолжи првиот дел за цели 14 минути. Англија на крајот победи со убедливи 6:2.

Колапсот на Македонија која после Палермо го победи само Гибралтар

Треба да има одмазда за репрезентацијата која со сопствено оружје повторно ја прати Италија во фудбалскиот пекол? Воопшто не. Тоа е жалење кое се зголемува, се зголемува, се зголемува. Евентуален пораз од Кристијано Роналдо ќе имаше малку помал горчлив вкус, пишува Goal.com.

Англија и Холандија се предомислуваат дали да носат капитенски ленти со боите на виножито

Иако англиските медиуми горделиво пишуваа како капитените на репрезентациите на Англија, Холандија и уште шест-седум селекции ќе носат лента во боите на виножито во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата, сега друга музика свири од таму.

Уште една топ реклама за Светско првенство

Фигури на Кристијано, Меси, Кејн, Мбапе, Гарет Бејл, Ван Дајк се дел од новата реклама на американското студио Pixar а која прв во етерот ја пушти порталот Bleacher Report. Се работи за римејк на Toy Story, популарниот американски цртан филм кој од 1995-та до денес е популарен меѓу најмладите.

Зад сцената со Меси и Роналдо за време на снимањето за Луј Витон

Француската модна куќа Луј Витон со помош на фотографката Ани Лејбовиц извади фотографија на кој во шаховски дуел се наоѓаат Роналдо и Меси. Фотографија кој стана мега популарна и која влезе меѓу најлајкуваните во историјата на Инстаграм. Само од вчера до денес на профилот на Кристијано има собрано 35 милиони, а кај Меси 27 милиони лајкови.

Драмата на херојот на Еквадор кој ја вадел сестра му од киднапери во џунгла

Јунакот на отворањето на Светското првенство, човек кој пред осум години на Мундијал 2014 во Русија ги даде сите три  гола за неговиот Еквадор, синоќа со два погодоци го одбележа триумфот над домаќинот Катар. Има многу необичен животен и фудбалски пат зад себе.

Италијанците ја грмеа химната па исплашија детенце

„Светско без Италија е како Рим без Колосеум“ кажа Франческо Тоти пред некој ден и фрли уште малку сол на раната на Италијанците кои се присетија на болниот пораз од Македонија во Палермо. Сега додека се игра Светско аѕурите играат пријателски. Синоќа изгубија 2:0 од Австрија во Виена. Пред мечот ја викнаа химната и преплашија едно дете кое стоеше до нив.

Ма какво Светско, гледајте каков гол и даде Алаба на Италија

На денот кога Катар и Еквадор го стартуваа светскиот фудбалски празник, во малку нетипичен термин се одиграа 20 пријателски. Италија, која Трајковски ја осакати во Палермо со голчиште и ја направи гледач на Мундијалот, загуби 2:0 од Австрија. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба понижи Донарума со лудорија од еврогол.

Кое правило се активираше за поништениот гол на Еквадор?

Еквадор славеше 2:0 против домаќинот Катар на првиот меч на Мундијалот. Соиграчот на Алиоски од Фенербахче, Енер Валенсија постигна хет-трик, ама еден гол му беше оправдано поништен со ВАР. На социјалните мрежи се крена голема галама дека бил регуларен.

Милевски: Ова е убав шамар за сите нас

Македонската фудбалска репрезентација не е во добар момент, а на денот на отворањето на Мундијалот на кое за прв пат му се доближивме на 90 минути, бележи неочекуван пораз и тоа дома од Азербејџан. Селекторот конечно е самокритичен.

Катар го отвори Мундијалот со спектакл во кој учествуваше голема холивудска ѕвезда

По сите долгогодишни перипетии, критики и контроверзи кои ги призна и самиот Сеп Блатер, дојде и тој ден, а тоа е стартот на 22-то Светско првенство кое за прв пат во историјата се игра во една мала земја како Катар и за прв пат во зима.

Предвидувања за Светско

Јутјуб подкастот „Ајде да зажмуримо“ се враќа на сцена за Мундијалот во Катар. Ги кине одлично сите ликови од нашата јавна, грото политичка сцена. Еден вели вака: Кој ќе освои Светско првенство? Па лесно прашање е тоа. Го знам одговорот. Ќе освои Светско првенство тој што ќе победи во финалето. Лесно е тоа, не треба да ви објаснувам.

Најубавата улица во Аргентина за Светското

Јужноамериканците со голема страст го доживуваат секој Мундијал, па така и овој во Катар, прв зимски во историјата. Една уличка во Аргентина е цела обоена во боите на „гаучосите“ кои предводени од големиот Лео Меси одат во поход на златниот пехар.