Фудбал

Роналдо одговори зошто не бил на погребот на Жота

Трагичната смрт на сјајниот фудбалер на Ливерпул Диого Жота многу ја потресе фудбалската јавност, а најмногу ја погоди и репрезентацијата на Португалија. Речиси сите соиграчи кои го чувствувале близок како другар и брат дошле на погребот. Не дошол Кристијано Роналдо кој кај Пирс Морган објасни зошто.

Статистиката на Халанд, Кејн и Мбапе во ЛШ

Напаѓачите на Сити, Баерн и Реал се гол машини кои газат сезонава. Норвежанецот и Франузинот имаат по 18 гола на сите натпреварувања, а Англичанецот 22. Интересен факт од ЛШ, каде имаат неколку идентични бројки, како на пример број на голови, а Халанд и Кејн дури и ист број на удари.

Жозе Мурињо на ужина со децата во академијата на Бенфика

Легендарниот Мурињо е појава каде и да оди. Така беше и во Скопје каде беше во два наврати (еднаш со Манчестер Јунајтед во Супер Купот, еднаш со Тотенхем во квалификации за Лига Европа). Сега како тренер на Бенфика ги изненадил децата во клупската академија кога дошол и чекал во ред да си земе ужина. Погледнете само какви услови има португалскиот гигант во својата академија.

Скапи фотографии се ова

Ги гледаш и ги набројуваш во себе во еден здив. Колку ли би чинеле овие напаѓачки двојки во денешно време? Милијарди. Беа светска класа напаѓачи во време кога во Серија А во одбрана царуваа играчишта од рангот на Неста, Малдини, Турам, Канаваро, Ѕанети, Стам, Кордоба, Самуел...Плус и голманите беа ѕверки, Буфон, Перуци, Маркеџани, Ван Дер Сар, Толдо, Фреј...Една Болоња на гол го имаше Паљука. Тогаш италијанско беше предизвик број 1 и 20 гола по сезона беше врвот.

Еврогол на Лазар Самарџиќ додека во Марсеј креваа раце

Не за џабе е старата „играј додека судија не свирне“. Фудбалерите на Олимпик Марсеј синоќа оправдано бараа пенал за игра со рака на противнички играч во шеснаесетникот. Судијата само одмавна со рака а Аталанта поведе контра после која Лазар Самарџиќ го постигна најубавиот гол на вечерта.

Најсмешниот гол во историјата на Лига Европа

Колку и да пробуваш да се местиш, нема теоретски шанси да изрежираш ваков гол. Ова се случува еднаш на 100 години. Среќниот се вика Филип Шобсбергер, а ова му успеа на денешен ден, пред точно 10 години, на мечот меѓу Рапид Виена и Викторија Плзен.

„Вардар и навивачите веќе не се добродојдени во Битола, обезбедувањето на Миленко се шета со пиштоли“

По големото дерби Пелистер - Вардар (1-2) во 12. коло од македонската прва фудбалска лига, управата на Пелистер со жестоко соопштение какво што досега немало во односите на овие два клуба.

Јуриќ и Лукман ќе се степаа за малце, па фатија да ги реметат со АИ

Аталанта го доби гостувањето против Марсеј со убав гол на Лазар Самарџиќ во 91-ва минута. Јуриќ во 75-та минута од игра го извади Лукман, но овој не беше задоволен, па му префрли нешто, по што Хрватот се изнервира. На Твитер некој објавил и бокс верзија од нивниот дуел со помош на вештачка интелигенција.

Евроголот на Мато и пеналот за Вардар кој крена бура

Најголемото македонско дерби Пелистер - Вардар заврши 1:2 во корист на Скопјани кои ги освоија трите бода и привремено се искачија на прво место на табела. Дербито на реновираниот стадион „Петар Милошевски“ донесе убав амбиент на трибините, кореографии, пиротехника и убави голови. Рожерс Мато постигна прекрасен гол од далечина во 54' минута, Пелистер израмни преку детето на Вардар Петар Петковски само шест минути подоцна. Во 83' минута Вардар доби пенал на кој Битолчани протестираа бурно. Реализираше капитенот Горан Закариќ за победа 1-2.

Савио од Сити му удри шлаканица на линиски судија

Манчестер Сити со 4-1 ја совлада Борусија Дортмунд и освои нови три бода во Лига на шампиони. Фил Фоден даде два гола, Халанд еден и еден Рајан Шерки во судиското продолжение во вториот дел. Во еден момент Бразилецот Савио намерно го удри линискиот судија при еден трк со Нико Шлотерберг.

Мајсторијата на Ламин Јамал е гол на вечерта во Лига на шампиони

Барселона едвај преживеа во Бриж каде домашната екипа на три пати водеше ама Каталонците се спасија со автогол во 77' минута за конечни 3:3. УЕФА го прогласи голот на Ламин Јамал за најубав на вечерта.

Барса со помош на автогол куртули во Бриж, Сити ја растури Борусија

Челси и Барселона не ги оправдаа фаворитските улоги на гостувањата против Карабах и Клуб Бриж во 4. коло од ЛШ, за разлика од Баер, Галатасарај и Аталанта кои прославија големи победи на гости. Прв триумф за дебитантот Пафос.

Хајлајтс од одличниот перформанс на Елмас во ЛШ

Елиф Елмас ја доби највисоката оценка на мечот против Ајнтрахт Франкфурт, 8,5. Настапот му го опишаа како брилијантен, со исклучително движење и визија на терен. Има и зошто ако ги погледнете видеата. Убави шанси, дриблинзи, клучни додавања за гол. Штета за резултатот.

Штос за учебници во албанскиот фудбал

Албано Алекси и Гулием Хаиме режирале право ремек-дело од гол на дуелот меѓу Игнатија и Влазнија во албанската прва фудбалска лига.

Врвна увертира во Чемпионшип со рок свирка

Ковентри го совлада Шефилд Јунајтед со пресврт, од 0:1 на 3:1. И тоа не беше единствениот ќеиф за домашните навивачи. Платија карта за фудбал, а си добија гратис свирка, уживање со рок бендот „The Enemy“. Прекрасна атмосфера.

Голот на вечерта е дело на стопер висок 1.93 см

Тотенхем Хотспур од 57-ма минута играше со играч помалку на дуелот против Копенхаген во Лига на шампиони но тоа не им сметаше да слават со 4-0. Бренан Џонсон кој го отвори резултатот во 19-та минута, беше исклучен во 57-ма минута. Високиот холандски стопер Мики ван де Вен постигна прекрасен гол во 64-та минута, сигурно гол на колото во Лига на шампиони.

Навивач на Реал ја побара девојка му на „Енфилд Роуд“

Еден млад навивач на најтрофејниот светски клуб решил својата девојка да ја побара за жена пред големото дерби Ливерпул - Реал Мадрид. Му рекла „да“, а натпреварот ќе го паметат и по поразот на Реал 1-0.

Грд потег на Суарез, ова е за суспензија

Џабе настапуваше во великани како Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид. Џабе и цело тоа огромно 20 годишно меѓународно и животно искуство. Овој човек не се менува. Инаку не доби ни картон за ова.

Топ 5 дефанзивци во светот со кој се соочил Руни

Изборот на легендарниот англиски репрезентативец се состои од двајца стопери од Милан, двајца од Челси и еден од Барса. Даде и објаснување.

Баварската машинерија го освои Париз со играч помалку, Ливерпул појак од Реал

Во вечер со две мега дербија, ПСЖ - Баерн Минхен и Ливерпул - Реал Мадрид, славеа Парижаните и англискиот шампион. Германците поведоа со два гола на Колумбиецот Луис Дијаз кој се прослави но набрзо направи груб, бесмислен фаул над Хакими и доби директен црвен картон. Во Неапол 90 минути за Елиф Елмас во ремито без голови Наполи - Ајнтрахт.

Ново дно дна издание во мак фудбалот со намерно примање голови

На што се сведе македонскиот фудбал? Не можеме крајот да го пофатиме годинава со тепачки и местенки. На некои луѓе очигледно им застанал саатот во 90-тите.

Уништен муралот на Трент Александер-Арнолд во Ливерпул

Од сакан капитен, дете на клубот, омилен меѓу навивачите на Ливерпул и еден од најзаслужните што црвените освојуваа Лига на шампиони и Премиер лига, до омразен непријател кој долго време одбиваше да потпише нов договор со клубот за да отиде во Реал Мадрид како слободен играч. Вечерва со Реал му гостува на Ливерпул на „Енфилд Роуд“. Во градот веќе му го полеале со боја муралот посветен на ТАА. Му напишале: „Збогум глушецу“.

Лотито џуниор фатен во офсајд

Клаудио Лотито, како една од најголемите бараби во италијанскиот фудбал, не е единствен претседател на Лацио. Син му Енрико е прв човек на женскиот клуб. Го зборат дека бил многу директен.

Шведскиот Манчестер Сити

Фудбалерите на шведскиот прволигаш Сириус успеале на натпреварот против Норкопинг да остварат дури 71 додавање меѓу себе без да ја изгубат топката ниту еднаш. На крај победиле 1-2 на гости.