Галатасарај е се поблизу до титулата во турската Суперлига откако синоќа со 6-0 го демолираше Кајзериспор. Три гола даде Мауро Икарди кој блеска по трансферот во Турција со 12 гола и двоцифрен број асистенции, но голот на вечерта го даде довчерашниот фудбалер на Рома Николо Ѕаниоло. Галатасарај има 66 бода на прво место и меч повеќе од Фенербахче кој е втор со 57 бода. Бешикташ е трет со 55 бода.
„Ви што давате голови, да не се срамите да давате голови, ќе давате ами како. Вие во одбрана, не пуштајте пиле да прелета. Сите да го кренеме Вардар, птица Феникс, од пепел горе да го качиме каде што му е местото“.
25 освоени трофеи со 6 екипи во 5 земји. Тоа носи слава и пари, ама и едно непроценливо богатство, а тоа се јазиците за кои Анчелоти се гледа дека се има потрудено.
Петти се во лига, моментално надвор од пласман во наредната сезона во ЛШ, а истовремено со една нога се во полуфиналето на актуелната сезона во ЛШ. Како е можно еден ист тим да постигнува толку различни, речиси спротивни резултати?
Навивачите на Манчестер Сити ги уживаат најдобрите години во својата клупска историја. Доволна причина да тераат мајтап со едно видео старо две години на кое Ерлинг Халанд, тогаш ѕвезда на Борусија Дортмунд го исфрлаат од диско во Норвешка зошто правел заврзлами под гас.
Речиси новиот шампион на Италија, имаше потешкотии во напад без Виктор Осимен против актуелниот шампион на Италија. Плус на голот на Милан стоеше Мајк Мењан кој одигра извонредна партија и спаси неколку чисти голови.
Карло Анчелоти стана рекордер по број на победи во ЛШ со Реал Мадрид. Тоа како тренер. Плус се шири муабет дека газдата на Челси, Тод Боли за него нуди 100 милиони евра и 8 годишен договор, ама да игра.
Најдобриот македонски фудбалер во моментов играше од старт на мечот Милан - Наполи во големото италијанско дерби од 1/4 финале на Лига на шампиони. Отсутни поради повреда беа првите центарфори Осимен и Џовани Симеоне, па Елмас играше цел натпревар како лажна деветка. Имаше голема шанса за гол.
Фудбалерите на Милан го совладаа Наполи со 1-0 во сеиталијанскиот прв дуел од 1/4 финале на Лига на шампиони. Елиф Елмас го одигра цел меч, играше во шпицот од нападот како најистурен во отсуство на првиот стрелец Виктор Осимен и погоди пречка па за малку не го матираше Мењан.
Нов, седми сезонски гол за Мартин Мирчевски, сјајниот фудбалер на ТСЦ Бачка Топола, второпласираниот тим во српската Суперлига. Мирчевски одигра одлично во триумфот на неговата екипа од 1-3 над Вождовац на гости. Битолчанецот го постигна последниот гол, во шеста минута од судиско продолжение.
Пеп Гвардиола пред неколку недели изјави дека Наполи е страшно јак, дека го имаат моментумот и дека се фаворит за освојување Лига шампиони. На тоа тренерот на Наполи Лучано Спалети некако намќоресто му одговори.
Ама мора да му се признае на копиљот дека му успеа фората. Му пришол на најголемата жива легенда на Интер Хавиер Занети кој одигра 858 меча за 19 години во црно-синиот дрес и му побарал селфи. Ама во меѓувреме му вика Forza Milan.
Во плејоф на кипарската прва лига, Арис Лимасол на гости со 0-3 ја растури Омонија и се искачи на чело на табелата на неколку кола пред крајот, со бод предност пред АПОЕЛ и пет бода пред АЕК Ларнака на нашиот Тричковски. Лео Бенгстон и Морган Браун дадоа прекрасни евроголови.
Иако има 3:0, Пеп воопшто не е комотен и сигурен дека го има полуфиналето в рака. Со тресење на главата објаснува колку е емотивно истрошен и ја доловува тешкотијата за да се добие шесткратниот европски првак од каде дојде во Манчестер Сити.
Еден од најзаслужните за големата победа на Манчестер Сити над Баерн е дефинитивно Бернардо Силва. Португалецот имаше блескав настап и заслужено беше прогласен за „Man of the match“. Плус постигна гол, направи асистенција и ја понижи цела германска одбрана.
Бенфика и Баерн се соочуваат со тешки задачи за пласман во полуфинале од ЛШ, откако вечерва ги загубија првите четвртфинални дуели. Историска ноќ за Халанд кој стана прв играч во Премиер лига со 45 гола во една сезона на сите натпреварувања.
Само еден гол по првите 45 минути на двете четвртфинални двојки Манчестер Сити - Баерн Минхен и Бенфика - Интер. Еден ама вреден, дело на Шпанецот Родри која ја испука јако.
Вест Бром долго време беше во позиција која води во баражот за пласман во Премиер лига, но на последните четири меча има три нерешени средби и полека го губи чекорот со местата кои водат во плејофот. Интересно, Вест Бром водел 2-0 против КПР, а на почетокот на вториот дел поради грешка на голманот Џош Грифитс (21) примиле втор гол за 2-2 што на крај бил конечен резултат.