Фудбал

Што добиваш за карта во ВИП ложа за Лига на шампиони на „Маракана“?

Црвена Звезда игра во Лига на шампиони во група со Манчестер Сити, Ред Бул Лајпциг и Јанг Бојс. Досега белградскиот тим одигра два меча и има 1 бод после поразот од Сити (3:1) и ремито со Јанг Бојс (2:2). Еве што се нуди за 390 евра во ВИП ложата на култниот стадион „Рајко Митиќ“ во Белград.

Листата на повреди на Нејмар во изминативе шест сезони

10 повреди, 103 пропуштени натпревари, преку 400 дена надвор од терените. Сето ова од февруари 2018-та до денес.

Прекрасен фер-плеј од Португалија кој ФИФА треба да го награди

На натпревар од петта португалска лига меѓу Униао Монтемор и Алкаковенсе, последен играч во одбрана најверојатно добива грч на ногата и е принуден да легне на тревникот. Напаѓачот кој му ја брка топката коректно застанува и не шутира во голот. Награден е за ова со бел картон кој во Португалија се дава за фер-плеј потег и кој веќе еднаш судијка го покажала на женски фудбалски натпревар Спортинг Лисабон - Бенфика.

Мо Салах: „Огнот мора да запре!“

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, Мохамед Салах преку својот профил на мрежата Х повика на итен прекин на огнот и отворање коридори за достава на хуманитарна помош за загрозеното население во Газа.

Комити распалија со бакљи, подмладокот на Вардар се врати дома

Најверните навивачи на Вардар од петни жили се борат за своето чедо. Им многу тешко, ама резултатите кои ги остваруваат се видливи. Децата на Вардар ги вратија во своето катче.

На „Олд Трафорд“ не му дале Европско 2028, таму покривот прокиснува и има хаварија

Театарот на соништата, како што го викаа култниот стадион на Манчестер Јунајтед, веќе одамна не е меѓу првите топ фудбалски зданија во Велика Британија. Напротив, како што зборуваше и Роналдо кој после повеќе од 10 години се врати во Јунајтед, таму ништо не се сменило и сè е исто како кога заминал.

Најјакиот тимски гол на Арсенал слави 10 годишнина

Уште е Венгер тренер, а триото кое го изрежира ова фолшебно фудбалско сценарио се состои од Санти Казорла, Оливие Жиру и Џек Вилшер. Не можеш да ги пофатиш со гледање, а не па да им ја земеш. Страшно добра акција.

Винисиус чувај си ги друг пат ваквите дриблинзи за дома

Бразил загуби за прв пат од Уругвај после 8 години, а Винисиус за момент ја загуби, односно ја заборави топката.

Кристијано Роналдо откри кога ја смислил прославата со „сииииуу“

Кристијано Роналдо на 38 години а Лионел Меси на 36 продолжуваат да играат волшебен фудбал. И едниот и другиот изминативе денови даваа нови голови и рушеа нови рекорди во дресовите на своите репрезентации. Во меѓувреме Португалецот стигна и во едно интервју да објасни од каде потекнува фамозната прослава на гол со извикот „Сиииииуууу“ која што веќе ја копираат насекаде во светот.

Комедии со Ѕола кога се обиде да го испофали Белингем

По триумфот на Англија над Италија од 3:1, италијанскиот легендарен напаѓач, Џанфранко Ѕола ги изнасмеа сите со коментарот кога кажа што правел тој на 20 години, алудирајќи на феноменалниот Џуд Белингем, кој се здроби од смеење заедно со Џо Кол.

Луда исповед на фудбалерот на Јувентус за комар, лихва и долгови

Најголемиот трансфер хит изминатото лето, италијанскиот репрезентативец кој за рекорден трансфер премина од Милан во Њукасл, сега е дел од голем скандал во италијанскиот фудбал. Првата исповед за обложување стигна од фудбалерот на Јувентус Николо Фаџоли кој практично бил „набуцкан“ од Тонали да се клади.

Бундеслигашот Мајнц отпушти фудбалер поради објава за Палестина

Дваесет и осум годишниот Холанѓанец со мароканско потекло Анвар Ел Гази добил раскин на договорот со германски Мајнц поради објава про-Палестина и против Израел, пишува англиски Гардијан.

Епа во Јужна Америка го нема тој од обезбедување

Лионел Меси на 36 години уште игра фудбал неверојатно добро и мотивирано. Аргентина славеше 0-2 на тешкото гостување во Перу а двата гола ги даде кој друг ако не мајсторот кој стигна до 31 погодок во квалификациите во Јужна Америка и стана нов рекордер. И во Лима го сакаат како божество, па и таму едно дете втрча во терен да го допре и гушне.

Уругвај го победи Бразил после 22 години

Фудбалската репрезентација на Бразил го доживеа првиот пораз во квалификации за Светско првенство после повеќе од 8 години! Од 2015-та година кариоките не знаеле за изгубен натпревар во КОНМЕБОЛ квалификациите. Синоќа скалпот им го зема Уругвај.

Какво голчиште распали Мудрик

Во група Ц од квалификациите за Европско првенство каде е и македонската фудбалска репрезентација до крајот ќе биде права драма. Во моментов Англија е сигурен патник на Европско. За втората карта ќе се борат Украина и Италија.

Живи радости, Сан Марино даде гол после две години

Само што пишувавме за срцките кои 19 години не победиле никој во фудбал, ете ги, се јавија и тоа со израмнување над Данска, кое за жал не го задржаа.

Митровиќ им продаде мајсторија на Црногорците во стилот на Модриќ

По двата порази од Унгарија, селекцијата на Србија се рехабилитираше и со триумф од 3:1 над Црна Гора со една нога е на Европското во Германија кое се игра следниот јуни. Александар Митровиќ беше двоен стрелец на Маракана. Првиот убавина.

Расинг Сантандер има поинаков ритуал на изведување од центар

Место да нагазад топка како и сите други, они рогачката уште на старт. Чудно.

Меси даде два гола и им го испи мозокот на двајца наеднаш

Светскиот првак за сега ги игра перфектно мундијалските квалификации со 4 од 4, а ноќеска го совлада Перу на гости со 0:2. Ново шоу на Лео кој блесна со два убави гола, од кои едниот многу јак на прва.

Нова прекрасна акција на Елмас, Ристовски со гол

Македонија води со 2-0 против Ерменија во пријателскиот меч во Струмица. Елиф Елмас, очигледно желен за фудбал, одигра сјаен меч и е заслужен и за вториот гол на македонските фудбалери. Стрелец Милан Ристовски. Четврти негов гол за репрезентацијата.

Супер асистенција од Елмас и одличен гол на Трајковски

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен прв дел на пријателскиот меч со Ерменија во Струмица и заслужено води на полувреме со 1:0. Александар Трајковски даде убав гол во самиот финиш од првиот дел во 43’ минута.

Годините се само број - Роналдо го надмина и Халанд со 40 гола годинава

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал, 38-годишниот Португалец е број 1 голгетер досега во 2023-та.

Ибра е секогаш директен, а Марио не е жив ако не врати

Со првиов нема од околу, одговара отворено. Вториот па не може да се соочи со реалноста и му работи суетата.

Се сеќавате ли на голчиштето на Пандев против Ерменија пред 19 години?

Ова се други времиња со Хари во ФФМ, Цапар на клупа, Шаќири, Величе, Седлоски, Васоски во игра. Мечот се одигра на Градски на 18 август 2004, што значи Горан тука има 21 година и е тазе член на Лацио. Левицата му работи во полна пареа и се загрева за златните мигови кои му следат во долгата блескава кариера.