Фудбал

Имаме мајсторски пас на Марсело, ама докторски на Дани Олмо

По кусата авантура во Грција, легендарниот бек на Реал Мадрид,се врати онаму каде што ја почна кариерата, во Флуминенсе. Беше креатор на прекрасна акција со извонредно додавање со надворешна. Уште појако е она што му успеа на Дани Олмо преку цел тим на Борусија.

Шамар од Реал за Барселона, историски 0:4 на „Камп Ноу“

„Кралскиот клуб“ со голема самоувереност го доби последното Ел класико сезонава - 0:4 на преполн „Камп Ноу“. Карим Бензема со хет-трик го растури ривалот, а тоа му беше втор хет-трик во само три дена по рекордниот со Ваљадолид за 7 минути.

Кога Анчелоти ги извести играчите дека добиваат слободен ден

Фудбалерите на Реал Мадрид и се одмаздија на Барса за гостинскиот пораз во првенство и тоа со високи 0:4, а во финалето на Купот ќе играат против Осасуна. Без разлика што веќе во сабота го пречекуваат Виљареал, Карло им даде слободен ден. Пазете им ја реакцијава.

Дончевски: Некои играат фудбал по канцеларии, а Вардар нема каде да тренира, ова е срамота и греота

Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација синоќа во гостување во МТВ зборуваше разочарано за ситуацијата во клубот со кој успеа да ја освои титулата во Југославија.

Сјајна анегдота од Питер Крауч пред големото финале со Милан во Атина

Питер Крауч освен што е највисок англиски фудбалер кој некогаш сме го гледале, важи и за еден од најдуховитите англиски фудбалери со типичен британски хумор. Крауч одамна веќе е во фудбалска пензија, ама често раскажува јаки анегдоти.

Пазете го Роналдо што им правел во Холандија на 18 години

Спомените од Интер и Реал се посвежи и доста попознати. Одиме со едно постаро задолжително четиво од 94-та кога деби сезоната во ПСВ ја заврши со 35 гола на 36 меча. Како прво, лудата компилација е од еден меч кој „Феноменот“ го завршува со 4 гола и 2 асистенции. И како второ, само со фаул можеа да го сопрат. Му се лепи топката како на фластер.

Изгубениот Потер да ти бил платен три пати повеќе од Чави

Ништо не ни е јасно околу концептот на новите американски газди на Челси. Држеа шест месеци тренер со седум годишно искуство во шведска четврта лига и го направија поплатен од Мурињо, Анчелоти и Тухел.

Каква e иднината на Меси: ПСЖ, Барселона или трета опција?

Еуроспорт, Форбс, Марка, како и специјалистот за трансфери со 14 милиони следбеници на Твитер, Фабрицио Романо, тврдат дека Меси има нестварна понуда од Саудиска Арабија, од тимот на Ал Хилал кој му нуди двојно поголема плата од онаа што ја зема Роналдо во Ал Наср, а тоа се 400 милиони евра по сезона. Но неговата намера е да остане во Европа барем до Копа Америка 2024.

Имаше ли фаул за Јувентус пред пеналот за Интер?

Јуве и Интер го одиграа и својот трет натпревар сезонава а наскоро ќе има и четврти. И сите досега беа жестоки, го оправдаа епитетот дерби на Италија. Во првиот меч од полуфинале на Купот, Јуве поведе во 83’ минута преку Квадрадо. Интер израмни во 90+5’ минута од пенал преку Лукаку. Пеналот го скриви Бремер кој многу смотано играше со рака откако топката ја спушти Дамфрис по еден дуел со Филип Костиќ.

Митро доби 8 меча, а кои се другите драконски казни во Премиер лига?

Центарфорот кој два пати со безброј голови го внесе Фулам од втора во Премиер лига и кој постави рекорд по број на погодоци во Чемпионшип, е драстично казнет од англиската фудбалска федерација (ФА) со дури 8 меча суспензија, поради тоа што го оттурна судијата на мечот со Манчестер Јунајтед во 1/4 финале на ФА Куп.

Нови два гола за Роналдо во Арабија

Ѕвездата на светскиот фудбал, синоќа во големиот триумф на неговиот Ал Наср од 0:5 на гости кај Ал Адал, постигна два погодоци со што стигна до бројката од 11 гола сезонава во Про лигата на Саудиска Арабија. Маестралниот Португалец отвори од пенал а после го постигна вториот гол со лева нога против голманот Милан Мијатовиќ.

Колку убав гостин на фудбалски меч во Португалија

Во скоро сите вакви епизоди, залутано куче или мачка влегуваат на терен и го прекинуваат на кратко натпреварот. Ама првпат гледаме вака убав гостин. Лепотан. Да ти е мерак што слетал на терен.

Како почнаа турканиците на дербито во кое Куадрадо му удира бокс на Хандановиќ

Јувентус и Интер ремизираа 1:1 во првата полуфинална пресметка од Купот на Италија која заврши со многу тензија и три црвени картони на крај. Ќе летаат и казни.

Студен туш за Баерн дома од Фрајбург, Тухел испадна од Купот

На дебито на новиот тренер Томас Тухел, Баерн со 4-1 убедливо ја згроми Борусија Дортмунд и е прв во Бундеслига. Тоа беше најава за нов амбиент кај Баварците но синоќа во Купот Тухел доживеа прав шок и тоа од најпријатното изненадување сезонава, тимот на Фрајбург.

Другата страна на приказната за аферата на Барселона

Шпанското обвинителство и УЕФА отворија истрага во која наводно ќе докажуваат случај со поткуп на судии на две поранешни раководства на Барса. Постојат тврдења дека вистината е сосема поинаква и дека се работи само за фалсификат на документи за консултантски услуги.

Некој заурла на сред прес на тренерот на Баерн

Баерн Минхен со 4:2 ја згроми Борусија Дортмунд и со новиот тренер Томас Тухел се врати на лидерско место на табела во Бундеслига. После мечот на прес-конференција додека зборувал Тухел, од позадина Томас Милер се раздрал. Некои новинари објасниле дека веднаш до прес-салата на Баерн има пикадо за играчите, па Милер викнал: „Дааа! Еве 180-ка“!

Рекорд во Премиер лига: 12 сменети тренери

На 2-ри април Лестер го отпушти Брендан Роџерс и овој отказ кој го доби Северноирецот стана рекордно 11-то во една сезона од Премиер лига. Само неколку часа подоцна од Стемфорд Бриџ стигна очекувана вест: клоца добил и тренерот на Челси Грем Потер и се постави нов рекорд.

Везилка на мал простор

Гол после вакви дриблинзи обично се гледаат од некој Јужно Американец или некој од Пиринеи. Но 31-годишниот Полјак Матеуш Мак покажа дека многу му помогнало тоа што на времето играл мал фудбал. На мечот на неговиот Стал Миелец со Јагелонија, Мак направи дар-мар, постигна гол за 1-1 и донесе бод.

Ваков волеј не се гледа секоја вечер

Во 9. коло од најдобрата аргентинска лига, Сентрал Кордоба со 1:0 го победи Арсенал Саранди, а единствениот и победнички гол на мечот го даде Брајан Фариоли. Голчиште какво што не се гледа секоја вечер.

Пред Ел класико во Барса, Реал извади видео со судиски грешки на главните судии

Клупската телевизија на Реал Мадрид, во пресрет на реваншот од полуфиналето на Кралскиот Куп на „Камп Ноу“ со Барса (среда 21:00), објави видео со компилација од судиски грешки. Тие ги уловиле сите грешкии на судиите Мартинез Мунуера кој утре ќе биде главен судија на дербито и Гонзалес Гонзалес кој ќе биде ВАР судија. Снимките се од мечот со Севиља во сезоната 2020/2021 кога Реал остана без титула.

Емануел Пети: ПСЖ не е клуб, свирежите за Меси се навреда за фудбалот

Поранешниот светски и европски првак со Франција му порача на Меси да си замине од Париз и го нарече ПСЖ клуб за пензионери во кој никој не напредувал. Во негова одбрана застана и Анри.

Прекрасен гол на згодната фудбалерка Алиша Леман

Дваесет и три годишната Алиша Леман која игра во нападот на репрезентацијата на Швајцарија и за Астон Вила, важи за една од најатрактивните фудбалерки во Европа. На Инстаграм има 11,8 милиони следбеници. Таа е во врска со ѕвездата на Астон Вила Бразилецот Даглас Коста.

Голмански резил на месецот

Некој ќе сака да го праша голманот на италијанскиот третолигаш Албинолефе што му беше идејата?