Навивачите на Шефилд после 15 минути го напуштаа стадионот

Арсенал игра во страшна форма а „топџиите“ тоа го покажаа и на гостувањето кај Шефилд Јунајтед кого го декласираа со 0-6. Ова е седма победа по ред за Арсенал во Премиер лига а на тие седум меча постигнале дури 31 гол! Првпат во историјата на најдобриот англиски фудбал една екипа да добие три гостински меча со +5 гола разлика.

Навивачите на прежалениот Шефилд Јунајтед кој е убедливо последен на табела со само 13 бода и прв фаворит за испаѓање, после 15 минути го напуштале стадионот затоа што Арсенал веќе водел 0-3:

 

5 март 2024 - 09:10