Фудбал

Се сеќавате ли на хет-трикот на 21 годишниот Бејл против шампионскиот Интер?

Се работи за меч од групната фаза во ЛШ пред 13 години, на кој Пандев играше за Интер, а Модриќ за Тотенхем. Се појавува млад, надежен, екстра брз и експлозивен бек кој после овој настап станува напаѓачко откритие за кое Реал три години подоцна ќе плати 100 милиони евра.

Верност на сезоната: Лукас Перез платил пола милион евра за да игра со Депортиво во трета лига

На 31-ви декември, Депортиво Ла Коруња, некогашниот шампион на Шпанија кој палеше и гасеше по Европа, објави за трансфер на Лукас Перез. Центарфорот потпишал шест месечен договор до крајот од сезоната.

Трите незаборавни голови на Бејл за Реал и тоа сите во финале

По само 13 натпревари и 3 гола за Лос Анџелес во МЛС каде ја освои титулата, Герет Бејл неочекувано стави крај на кариерата на 33 години. Ја стартуваше во Саутемптон (2005-2007), почна да гази во Тотенхем (2007-2013) и потоа блесна во Реал Мадрид каде направи 100 милионски трансфер.

Алегри збесна по младиот Суле што не задржуваше време

Со победите во 91-ва против Салернитана и во 86-та против Удинезе, Јувентус успеа да ја задржи одличната серија и оваа година и да стаса до втората позиција на -7 до Наполи. Интересна ситуација беше забележана во судиското продожение на мечот против Удинезе. Алегри урлаше по играчот со број 30, а тоа е 19 годишниот Матијас Суле и му гестикулираше покажувајќи му накај корнер знамето. Дури успеа и жолт да заработи.

Голот дух во Италија кој судијата го призна

Неверојатно но вистинито. Во реонот Пуља, во група Б од тамошната петта италијанска лига, на провинциско дерби меѓу Ноичатаро и Кастелана во неделата, шпицот на гостите Рикардо Сабатели во 18’ минута шутираше далеку покрај голот но судијата Романо од Лече го признал. Цели осум минути домашните протестирале. Овој гол на кра јбил победнички за гостите.

Сити си го работи Челси како сака

Англискиот шампион во рок од четири дена, два пати го совлада Челси. Прво 0:1 во Премиер лига, па 4:0 во ФА Куп. Сините не знаат кај тераат сезонава. Елиминирани се од ФА Куп и од Карабао Куп и плус во првенство се 10-ти на табела со само 7 победи по 17 кола. Погледне како момците на Пеп си ги играа синоќа при третиот гол.

Сампдорија и Лацио со посебна почит за Виали и Михајловиќ

На Синиша му се врати леукемијата и замина на 16 декември на 53 години, а на Џанлука ракот и почина на 6 јануари на 58 години. Нивниот поранешен клуб Сампдорија ги стави нивните имиња на дресовите на мечот против Наполи. Станковиќ се појави на терен со синовите на Михајловиќ.

Како Араухо стана јунак на Барселона со еден потег?

Барса славеше 0-1 кај Атлетико Мадрид и се осамостои на чело на табелата после поразот на Реал Мадрид во Виљареал. Најзаслужен за триумфот на Каталонците беше уругвајскиот стопер Араухо кој во 90+4’ минута од судиско продолжение со пета спаси чист гол за Атлетико на гол линија.

Ултрас издание на Галијани кој мислеше дека е на миланското дерби

Дефанзивецот на Монца, Лука Калдирола извади 2:2 против Интер со гол во 93-та минута. 78 годишниот Адриано Галијани урлаше како во старите добри времиња. После 31 година и 29 трофеи тешко се менуваат некои навики, плус противникот се вика Интер.

Торес и Савиќ грчко-римски стил борење

Во големото дерби на шпанскиот фудбал, Барселона на гости со 0-1 го совлада Атлетико во Мадрид и се одвои на чело на табелата, пред Реал Мадрид кој во саботата изгуби 2-1 од Виљареал.

Елмас одличен за Наполи и како пеналџија

Со исклучок на дуелот против Специја, Елиф Елмас на сите други четири меча како стартер за Наполи ја оправдува првотимската улога со гол или асистенција. На мечот против Сампдорија за прв пат му дадоа да шутира од пенал, а тој приликата ја искористи на перфектен начин.

Ливерпул се спаси со судии од испаѓање, Алисон со кикс на кариерата

За мечот од трета рунда во ФА Куп со Вулверхемптон, Клоп се реши за полн состав и најдобрите играчи кои му беа на располагање зошто „волците“ во пар наврати го елиминираа од истиов Куп. Ливерпул иако водеше со головите на Салах и Нуњез, на крај се спасуваше. Гостите израмнија на 2-2 па поведоа со гол во самиот финиш но судиите им го поништија поради офсајд иако ниту еден агол не покажа дека има офсајд.

Куртоа го остави голот празен, Виљареал не успеа да погоди од контра ниту со двајца

Фудбалерите на Виљареал му го нанесоа вториот лигашки пораз на Реал Мадрид со 2:1. Во последната 98-ма минута, кралевите во обид да израмнат тргнаа во напад со се голман. Арнаут Данјума тоа не го искористи за 3:1 и го оствари едно од најголеми промашувања на сезоната, а имаше празен гол и слободен соиграч.

Најпацерскиот гол во кариерата на Де Хеа

Манчестер Јунајтед го совлада Евертон со 3:1 и ја продолжи победничката серија. Давид Де Хеа се сплетка како никогаш пред гол и го прими веројатно најсмешниот гол оваа сезона.

Addio Gianluca - ново збогум во фудбалскиот свет, почина Виали

На 58-годишна возраст, почина прославениот италијански фудбалер и тренер Џанлука Виали. Во 2017-та година му бил дијагностициран тумор на панкреас. Виали важеше за еден од најголемите центарфори во '80-те и '90-те години.

Раде за апсурдот во кој живееме

Раде Богдановиќ (52), познат Сарајлија, култен шпиц во Железничар од Сараево, во Атлетико Мадрид, во Вердер Бремен со кого освои Интертото Куп, во Арминија Билефелд и во азиските Поханг Атомс и Џеф Јунајтед. Неколку години е стручен аналитичар на РТС каде во неколку наврати не го викале зошто е многу остар на јазик и кажува сè отворено, а публиката затоа многу го сака.

Колку само сличности има голот на Шо со оној на Бербатов

Има еден познат гол на Димитар Бербатов кој не се дава секој ден. Бугаринот му даде убавина бидејќи акцијата ја градеше од своја половина, а не чекаше во шеснаесетник како класична 9-ка. Лук Шо го повтори против Борнмут пред два дена.

Јапонски начин на изведување слободен удар кој не е за повторување

Нема потреба друг пат дечки, чувајте си го имиџот од Светско. Ако не се лажеме ова се вика „Јанино, Јанино“ , маалска игра која ја игравме како деца.

Њујорк Тајмс 1975 година: Пеле ќе игра фудбал тука за 7 милиони долари

Роналдо стана најплатен фудбалер во светот кој во Ал Наср ќе заработи 500 милиони евра. Пред 47 години тоа бил Пеле со три годишен договор од 7 милиони долари, до тогаш невидени за тие времиња. Некои во Бразил му се лутеле, а министерот за надворешни навивал да потпише. Државниот секретар на САД му испратил телеграма.

Јунак на месецот: Детето на Барса кое ѝ даде три гола на Барселона

Повеќекратниот европски и светски шампион, гигантот од Каталонија, на почетокот на новата година беше на праг на сензационална елиминација од шпанскиот Кралски куп. И тоа против тотално анонимен третолигаш по име ЦФ Интерсити.

Против Леао тешко се излегува на крај еден на еден

Дефинитивно еден од најдобрите играчи во шампионскиот тим на Милан кој дефинитивно заслужи поголема минутажа за Португалија во Катар. Допрва му претстојат блескави моменти на ова момче, од генерацијата 1999-та. Не даде само гол на гостувањето против Салернитана на кое победија 1:2. Пазете го и потегов.

Каков луд пречек за Луис Суарез во Бразил

Ветеранот кој правеше дар-мар во дресовите на Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона, па се врати во татковината и со голови му помогна на матичниот Насионал да ја освои шампионската титула, сега отиде во Бразил. Луис Суарез како слободен играч го засили Гремио и потпишал договор до 2024-та.

Промашување на месецот во Премиер лига

Леон Бејли од Астон Вила ќе пукне од мака за завршницата против Вулверхемптон. При резултат 1:1, во последната 94-та минута успеа да го помине голманот, ама и да го промаши цел гол.