Кралевите немаа муниција против Реал Сосиедад и нерешените 0:0 ги оддалечиja на -5 од Барселона. Но мора да им се признае дека низ годиниве наназад, благодарение на задржаниот костур на јаки и искусни играчи, надополнети со млада свежа крв, играат врвен фудбал. Погледнете каков проток на топка имаат.
Студениот шут за гостите се случи уште во 4 минута кога Константинос Мавропанос сакаше да му ја врати на голманот, кој очигледно во тој момент имал попаметна работа отколку да го чува голот. Но Бундеслигашот не дозволи да биде изненаден од второлигашот Падерборн во Купот и успеа да го сврти мечот во 86-та и 95-та минута.
Откако после јубилејниот 1.000-ти натпревар во кариерата на Меси, жена му Антонела сфатила дека тој не го сочувал дресот, туку го дал на некој Австралиец и дека редовно ги дава своите предмети кои таа сака да ги чува во драгоцениот музеј на семејството, после големото финале на Светско првенство му ги собрала копачките и му ги чувала.
Триесет и шест годишниот Халк (или Хулк како милувате), уште игра во топ форма за бразилскиот Атлетико Минеиро. Во рамки од 2. коло од бразилското првенство Минеиро, Атлетико Минеиро на гости со 1-2 го совлада Томбенсе. Халк имаше асистенција и гол. Интересно, се измерил и сликал на вага која покажала 97.7 килограми пред натпреварот и 91.9 килограми после мечот.
Фудбалскиот клуб Ремс од Франција веќе 13 меча не знае за пораз и тоа е една од најдолгите непобедливи серии во Топ5 лигите во Европа сезонава. Клуч за успехот е младиот и анонимен тренер кој се учел преку неверојатната видео игра Football Manager.
Судиите во унгарската прва лига се изглупираа повеќе и од актерот кој успеа да исценира непостоечки прекршок за пенал и црвен. Се работи за Дебрецин, најуспешниот унгарски тим во овој милениум со седум титули и пласман во групна фаза во ЛШ. Срамота.
Рома загуби 2:1 на гостувањето против Наполи, а Елмас влезе во игра во 69-та минута. Задоволен од тимскиот дух, Жозе Мурињо побарал од играчите да овековечат една заеднична фотографија после поразот. Фудбалерите и не се нешто воодушевени од идејата.
Оспоруван и како играч, оспоруван и само што почна да се занимава со тренерска професија, Мајкл Карик (41), некогашниот повремен капитен на Манчестер Јунајтед, седнал пред крајот на октомври лани на клупата на давеникот во втора лига - Мидлзборо.
Во четвртата рунда од англискиот ФА Куп, Рексам и Шефилд Јунајтед одиграа фантастичен меч со шест гола. На крајот реми 3:3, но и интересен детал со црвен картон.
Во 19. коло од холандската лига, Твенте и Феенорд одиграа 1-1 со што тимот од Ротердам ја задржа лидерската позиција на табелата, со само два бода пред Аз Алкмар и четири пред ПСВ Ајндховен. Во еден момент од мечот голманот на Феенорд Џастин Бејлов истрча од голот за да спречи една контра на Твенте, па реши да внесе нова топка во терен за да не му дадат гол.
Со триумфот над Рома од 2:1, Наполи со +13 пред вториот, ита кон титулата за која сонува 33 години, а за стрелец број 1 сезонава се наметнува 70 милионската инвестиција од Лил, Виктор Осимен. Нигериецот е прв со фантастични 14 гола на 16 средби. Ова му е дефинитивно еден од најубавите голови откако летото 2020-та пристигна на Сан Паоло.
Актуелниот турски шампион Трабзонспор беше поразен на гостувањето кај Хатаиспор денеска откако прво Енис Барди во 9-та минута со прекрасен лоб со глава ги донесе гостите во водство, но за само две минути во вториот дел домаќинот направи пресврт за победа 2-1.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација на одличен начин ја стартуваше втората полусезона во хрватската лига откако беше стрелец во победата на Динамо над Локомотива Загреб. Рики погоди во 59' минута откако прво негов шут со глава заврши во пречката а тој беше најспретен на одбиената топка за водство од 1-0.
„Подобро да играме на наместени утакмици, отколку да има клање меѓу навивачите“, гласи тезата на легендарниот Џаро. Остај тоа, него ќе каже и кој е крив за најславното скандирање за Ѕинго.
Во големото дерби на Мадрид, во рамки на 1/4 финале на шпанскиот Копа дел Реј, Реал на својот „Сантијаго Бернабеу“ прв прими гол, но подоцна израмни и се избори за продолженија и на крај го скрши Атлетико Мадрид.
На мечот од Лига 1 меѓу Болтон и Форест Грин Роверс кој заврши 1:0, се случи една од најголемите неправди. 27 годишниот напаѓач Дион Чарлс ги реши гостите со гол во 6 минута, ама ни крив ни должен одигра само 28 минути.
Легендарниот португалски тренер минатата сезона оствари уникатно достигнување откако го освои трофејот во Лига Конференции со Рома и така ги заокружи сите највредни пехари во најголемите европски турнири.
Патросинензе - Крузеиро, меч од бразилското првенство Минеирао. Гостите едвај победија 1-2. Во последните секунди од мечот имаше шоу. Жив ѕид кој не го пробива ни топ.
Сократ, Платон, Хегел, Ниче не го употребувале овој збор колку што го употребуваат Жозе Мурињо, Тен Хаг, Филип Коку, Гвардиола, Клоп, сер Алекс Фергусон и многу други тренери на дневна база. Многу го сакаат. Што ли е работата?
17. коло во германскиот фудбалски шампионат донесе многу јаки голчишта. Еден ден после проектилот на Кимих, Мергим Бериша од Аугзбург му донесе победа на својот тим против Борусија Менхенгладбах со потег за почит.
Крајот на маките за Евертон не се гледа. Откако го отпуштија Франк Лампард со кого играа очајно, три месеци немаа победа и паднаа на самото дно во Премиер лига, сега се соочија и со нова непријатност.
Луис Суарез бележи бомбастичен старт во дресот на Гремио. Го совладаа Бразил де Пелотас 1:0, откако уругвајскиот напаѓач им продаде финта и искуство во шеснаесетник и тоа во последната минута. Ова е негов петти гол на првите три средби одиграни за 8 дена.
Шампионот на Германија за влакно не се посрамоти дома од Келн, кој 86 минути имаше водство на Алијанц арена од 0:1. Џошуа Кимих се избори за бод во финишот на спектакуларен начин. По 17 кола Баварците се први со +4 од Лајпциг.