Фудбал

Арапите паднаа во транс на првиот дриблинг на Роналдо

Кристијано Роналдо дебитираше за Ал Наср без постигнат гол, но со победа од 1:0 над Ал Етифак, клуб за кој игра, но не настапи Дарко Велковски. Навивачите се воодушевија од првиот атрактивен потег на Португалецот кој го седна на газ својот чувар.

Реално, нема што да се прави на ваков волеј

Запознајте го 19 годишниот Роко Шимиќ, син на славниот хрватски бек Дарио Шимиќ. Роден е во Милано, кален во Локомотива Загреб, а сега член на Цирих. Се работи за шпиц висок 190см кој го даде голот на колото во Швајцарија.

За што точно Јувентус е казнет со одземање 15 бода поради што падна на табела?

Во петокот вечер стана јасно дека судот на Фудбалската федерација на Италија се согласил со барањето на обвинителството на „Старата дама“ да и се одземат 15 бода сега на актуелната табела во Серија А. Бјанконерите паднаа на 10-то место, далеку од зоната која води во Европа.

Прекрасен шут и статива на Елмас по која Осимен даде гол

Елиф Елмас доби 90 минути на гостувањето против Салернитана и за влакно не постигна гол, кој ќе му беше трет во 2023-та. Штета, ќе се радувавме на голчиште за македонскиот репрезентативец.

Џон Тери на гостинска трибина на Енфилд го бодреше Челси

Легендарниот капитен на Челси и Англија и самиот знае колку многу значи поддршка од свои навивачи на тешки гостувања како што е тоа во Ливерпул. Најпрвин се камуфлирал со капа и маска да не го тормозат, но кога видел дека атмосферата е сосема океј, го покажал својот лик, навивал и пиел пиво со навивачите во гостинскиот сектор на мечот Ливерпул - Челси (0:0).

Обвинителството бара да му се одземат 9 бода на Јуве

Пред дебаклот од Наполи, Јувентус влезе во одлична серија и фати приклучок за да се бори за врвот. Но покрај фудбалската, паралелно води и судска битка која може многу да и отежни ако не ја добие.

Слободен удар од аут во пакистанска женска верзија

На мечот Пакистан vs Саудиска Арабија, извесна Марија Кан не му ја мислеше многу, па и од позиција и која ни Жунињо не би умеел.

Најчудната емисија во која Меси некогаш гостувал

Со благо мрднати водители какви што во регионов има поприлично многу, Лео на 17 години, како нова млада ѕвезда доаѓа во една емисија. Тивок и скромен каков што секогаш е, налетува на полу-идиоти кои мислат дека прават шоу а уствари се глупираат. Како ли ги издржал.

Тотенхем даде два гола за 128 секунди, Сити врати за 129 секунди

Манчестер Сити и Тотенхем одиграа тотално луд натпревар во Премиер лигата. Гостите од Лондон во рок од две минути постигнаа два погодоци во самиот финиш на првиот дел. Прво Кулушевски а после Емерсон го матираа домашниот голман. Сити беше на праг на нов пораз, но во вториот дел се вратија и на крај славеа убедливо 4:2. Прво израмнија за само 129 секунди со голови на напаѓачите Алварез и Халанд.

Атрактивен потег на Роналдо за публика

Девет гола од кои два Роналдо и еден Меси, промашен пенал на Нејмар, црвен картон на Бернат, атрактивни потези. Пријателската меѓу ПСЖ и ѕвездите на Ал Наср и Ал Хилал понуди многу забава за публиката во Ријад.

Анчелоти му одржа лекција на младиот Бразилец

Уште неиспилениот Родриго мисли дека е мега ѕвезда, па откако Анчелоти го замени на полувремето од Куп дуелот во Виљареал, Бразилецот не се поздрави со Италијанецот. Дон Карлето дојде до него и му одржа лекција. Со две замени на полувремето, кога влегоа Асенсио и Себаљос, Реал направи целосен пресврт, славеше со 2:3 и заслужено оди во четвртфинале на Копа дел Реј.

Голеада на егзибициското шоу меѓу Роналдо и Меси кое заврши 5:4 за ПСЖ

Ѕвездите на ПСЖ славеа против ѕвездите на тимот комбиниран со играчи од Ал Наср и Ал Хилал во синоќешната пресметка што се одигра во Ријад.

Бразилец ова да го промаши?

Се вика Јаго Пикачу. Играл пет сезони за Васко де Гама, а сега е во Форталеца. Здрав прав напаѓач со 10 години сениорска кариера и 112 гола е нереално вака да реагира пред гол.

Кристал Палас со еврогол во 91-ва им ја прекина одличната серија на Ман.Јунајтед

Во 19. коло од Премиер лигата, момците на Ерик тен Хаг беа на само неколку мигови да ја запишат и осмата победа по ред на сите натпреварувања. Славјето им го расипа 21 годишниот Мишел Олисе со мајсторија од слободен удар. Јунајтед и Сити сега се израмнети со -8 од Арсенал.

А зошто па судијата стално да трпи?

Кој стигне, 100 години ги пцуе од трибини. Ама зошто да трпат ќотек? Во Бразил се спремни и храбри.

Голмански рулет на колото

На средба од португалската младинска лига меѓу младинците на Рио Аве и Брага, при резултат 1-2 за гостите, во 90-та минута од мечот, голманот Жоао Карваљо прави два крајно ризични дриблинзи пред својот гол. Рулет на кој ретко кој голман би се одлучил.

Дрис Мертенс уште го има најдобриот плас

Во 1/8 финалето од турскиот Куп, Галатасарај со 1-2 на гости ја победи Алањаспор. Вториот погодок за гостите од Истанбул го даде Белгиецот кој од Наполи дојде во Турција. Дрис Мертенс во свој стил.

Мангупски гол на Харви Елиот за победа на Ливерпул

Во реванш мечот од 3. рунда на ФА Купот, откако првиот меч на „Енфилд Роуд“ заврши 2:2, Ливерпул со мешан состав на гости го совлада Вулверхемптон 0:1. Единствениот гол на дуелот беше ремек-дело на младиот Харви Елиот после соло акција.

Невозможни одбрани на голман на Бирмингем во ФА Куп

Во 3. рунда од англискиот ФА Куп Бирмингем со 1-2 на гости го победи Форест Грин кој прв поведе на мечот. Во еден напад за домашните, гостинскиот голман Неил Етериџ кој има 32 години имаше нереални одбрани. Надчовечки паради.

Какво деби за Луис Суарез во Бразил - хет трик за 38 минути

Легендарниот уругвајски напаѓач покажува класа каде и да игра. Луис Суарез дојде во славниот Гремио каде на претставување го пречекаа илјадници навивачи, а дебитираше маестрално.

Еден несекојдневен дуел на корнер

За време на мечот меѓу Сантос Лагуна и Пумас УНАМ кој заврши 3:0 за домаќините, имало една невообичаена ситуација пред гостинскиот гол за време на еден корнер.

А Мурињо знаеше за Арсенал уште пред три години

Управата на Арсенал трпеливо го сочека Микел Артета да изгради тим. Долго време „топџиите“ беа предмет на потсмев на навивачите на клубовите од врвот на Премиер лига, но сега дојде нивно време. Дојдоа петте минути на Артета кој Жозе ги најави одамна.

Што изводеше Кепа со топката зад гол?

Необична сцена од мечот Челси - Кристал Палас, снимена од зад гол со Кепа кој упорно им ја враќа топката на навивачите. Тврдат дека задржувал време, што би било очај за голман кој брани во клуб кој е поранешен шампион на Англија и Европа. Инаку Челси победи 1:0 и ја прекина лошата серија.

Најчудниот фудбалски меч се игра во Хрватска кога езеро ќе пресуши

Веќе неколку децении во Имотски се игра најнеобичниот фудбалски натпревар. Се користи пресушено дно на природниот бисер Модро езеро и пред илјадници гледачи се игра традиционален дуел меѓу Вилењаци и Вукодлаци.