Гремио го освои бразилскиот Рекопа Гаучо Суперкуп откако со 4:1 го совлада Сао Луиз. Се работи за натпревар меѓу шампионот и освојувачот на Купот на бразилската држава Рио Гранде де Сул. Главна ѕвезда на мечот беше Луис Суарез кој веднаш по завршување на Светското првенство потпиша со Гремио договор до 2024-та.
Претходно последен клуб на Суарез беше неговиот матичен Насионал од Монтевидео каде се врати после 16 години во Европа и со неколку гола помогна да се освои титулата.
А сега сјајниот 35-годишен „Ел Пистолеро“ блесна за само 38 минути и на дебито за Гремио постигна хет-трик во првиот дел. Еден од головите му беше после прекрасен волеј.
Ова е прв хет-трик во едно полувреме за Луис Суарез уште од 2013-та година. Последен пат таков подвиг имаше на мечот Ливерпул - Норвич во Премиер лига.
Првиот гол за Гремио го постигна во 5’ минута и тоа со прекрасен лоб:
Вториот гол падна во 31’ минута:
А третиот за хет-трик во 38-ма минута: